Експертите тврдат дека во последните 100 години бројот на левораките луѓе се зголемил за четири пати и се смета дека околу 12 отсто од жителите денес пишуваат со лева рака.
Обично се поставува прашањето која е причината за леворакост, но научниците немаат единствен одговор.
Експертите сметаат дека леворакоста-десноракоста се определува уште во пренаталниот период, бидејќи се знае дека во семејствата кои имаат макар еден леворак родител 10 до 12 пати почесто се раѓаат левораки деца.
Децата многу рано ја покажуваат својата определеност дали ќе бидат левораки или не, но има и случаи дека таа склоност се согледува кај некои деца и подоцна, меѓутоа ретко после четвртата, т.е. петтата година.
Меѓутоа, повеќето животни активности се извршуваат со користење на двете раце, но обично едната рака го придржува предметот, а другата попрецизно и повешто извршува одредени активности.
Во игрите и животот, не свртувајќи внимание на детето, може да се провери со која рака детето црта, ја држи четкичката за заби, со која рака се чешла, дели карти, прави кула, бутка количка, ја облекува куклата, брише со гумичка, која рака прво ја става во ракавот кога се облекува...
Ако детето во девет од десет такви ситуации ја користи левата рака, може да се претпостави дека е леворак.
Има деца и возрасни кои рамномерно ги користат двете раце, па нив ќе им се случи една активност да извршуваат со една, а друга активност со другата рака.
Доколку е потребно, вистинско тестирање може да изврши специјалист, бидејќи е познато дека мозокот на човекот има две половини кои не се идентични.
Ако е развиена левата половина на мозокот, лицето е деснорак, а ако е развиена десната страна на мозокот, тогаш е леворак.
Нашите половини на мозокот се одговорни не само за спротивните страни на телото, туку и за карактерот на нашите активности.
Левата половина на мозокот ги обработува информациите, систематски и етапно, а благодарение на таа половина на мозокот ние ја разбираме смислата на зборовите, апстрактните поими, способни сме да го класифицираме светот околу нас кој не опкружува, да ги планираме своите активности вклучувајќи логички заклучоци и факти.
Затоа често ни се чини дека деснораките заклучуваат црно-бело, логично и рационално, организирани се, прво завршуваат една обврска па преминуваат на друга, прво планираат, па потоа одат во акција, тешко им е да ги променат одлуките.
Десната половина на мозокот ги обработува информациите интуитивно, моментално, со многу емоции и креативно.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.