за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Еве иде ново лето,нови горештини,планирате ли каде ќе одите?
14.04.2014, 22:48
Annet
2404
Ние за Грција се мислиме,дека со дете,некаде да е блиску,а плитко, да има лу лашки и забава за деца повеќе.
15.04.2014, 00:16
Defne90 RR
1991
Ние по се изгледа ќе си останеме во границите на Македонија.Ни излегоа некои непредвидени и големи трошоци па така да одморот за преку граница го исклучивме.Ама битно ми е многу друштвото со кое ќе бидеме,затоа што и да си на најубваото место на одмор ако не си со добро друштво ништо.Па така со едни блиски пријатели си планиравме овде во Македонија да си останеме и тоа така на 5,6 дена некаде најверојатно до Охрид па ќе видиме што ќе излезе.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
15.04.2014, 07:56
Tanjat7880
1256
Grcija e "ZAKLANA"vekje platena a se tokmime I za Ohrid no toj seushte e vo teshki pregovori
15.04.2014, 10:03
vanessa30
663
Не годинава бевме на летување во Јануари (на јужна хемисфера)и се потрошивме, а сега јули може некој викенд да тркнеме до Грција.
29.04.2014, 16:10
blue_blue
893
Вчера се купија авионски карти за Париз и се плати хотел + влезници за сите четворица за Disneyland. Останува уште хотел за Париз и рент-а-кар да се букира...Одиме во јуни 7 дена, 4 во Disneyland, 3 ноќевања во Париз. Јас повеќе се радувам на Disneyland бидјеќи во Париз сум била веќе два пати, ама ете деца не се бидени Не можам да дочекам...
30.04.2014, 08:10
Tanjat7880
1256
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue
Вчера се купија авионски карти за Париз и се плати хотел + влезници за сите четворица за Disneyland. Останува уште хотел за Париз и рент-а-кар да се букира...Одиме во јуни 7 дена, 4 во Disneyland, 3 ноќевања во Париз. Јас повеќе се радувам на Disneyland бидјеќи во Париз сум била веќе два пати, ама ете деца не се бидени Не можам да дочекам...
Cekame detalen izveshtaj za pominatoto vreme tamu I vi posakuvam uzivanje do neboto
30.04.2014, 13:14
bucko mal
1431
Nas planot ni e da odime Avstralija,potocno Gold Cost i Brizben.Planirame da odime pocetokot na Septemvri.Se nadevam nema da izleze nesto neplanirano za da ni se smeni planot.Ne smee nikako da se smeni planot zashto ke puknam od ljubopitnost,moram da ja vidam Avstralija
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
30.04.2014, 14:21
Mihaela 2010
4230
E nie ovaa godina najverojatno ke si ideme vo ohrid,nekoi 15 tina dena,taka ni e planot za sredina na avgust pa samo zdravje zolva mi imaat tamo kukja taka da nema da plakjam smestaj,a i na ubavo mesto e kukjata se nie pred nos,i mislam deka ke si isterame super odmor jas u princip bas si go sakam Ohrid,radi klimata,vozduhot,sekogas sme naspani,i mnogu ubavo si se osekjam
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
16.05.2014, 01:41
marchi
948
kaj bilo samo da se trgneme od doma
16.05.2014, 11:51
elenak
2004
И оваа година не ни бега Грција. Детево се некако мало ми се чини за експерименти. А баш би сакала да видиме нешто друго ама во некое друго време. Е сеа за ова лето желба ми е вториот крак, викаат дека најубава вода и плажа има таму. Ако успееме да најдеме нешто што ни одговара ќе одмараме во Никити или Торони, а период најверојатно околу 15 јули, во најголемата гужва.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
23.05.2014, 11:10
miana
6152
Жени дајте некоја идеја за одмор за грција за период од 01 август..Два пара сме, ние две деца, они едно
23.05.2014, 11:27
Felly RR
7977
Имаме нова тема Летување во Грција. Да дискутираме таму. За да има поголема прегледност во информациите ќе бидат отворени посебни теми за различни места за летување.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
26.05.2014, 09:59
Mila mamicka
387
Во ред Felly RR, тогаш ќе отворам нова тема Летување во Турција, за да добијам некои искуства за ова.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
30.05.2014, 01:58
marchi
948
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
Имаме нова тема Летување во Грција. Да дискутираме таму. За да има поголема прегледност во информациите ќе бидат отворени посебни теми за различни места за летување.
Имаме нова тема Летување во Грција. Да дискутираме таму. За да има поголема прегледност во информациите ќе бидат отворени посебни теми за различни места за летување.
a tema "letuvanje niz/vo Makedonija" ima?
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
31.05.2014, 16:00
marchi
948
blagodaram
11.06.2014, 12:22
miana
6152
Ние летово одиме за Албанија, во хотел со доручек, цените во ресторантите им се како кај нас. Ке одиме во Леже, цените се пристапни. Плажата е перфектна за деца ( со ситен сив песок и 20-30 метри плитка вода,максимум до колена ) веке сме биле овде две лета претходно и супер сме поминале, овој пат го менуваме хотелот.. Еве ви линк од хотелот http://rafaelohotel.com/English/index.html па видете може ке ви се допадне, за со деца е перфекција..
< Поракaта ја уредил miana -- 11.6.2014 12:23:24 >
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
11.06.2014, 14:04
Kvisko
1325
Ние сакаме да одиме во Хрватска зашто најмногу ни се допаѓа во однос на вода, плажа (односно карпи) и архитектура. Планот е овојпат да посетиме неколку места од тие што до сега не сме ги виделе а сакаме да ги видиме. Проблем ни е само долгото возење до таму и ако се осеќаме преуморни од активности може пак да фатиме некој Грчки остров. Држете палци да се одлучиме за Хрватска.
30.06.2014, 14:54
blue_blue
893
Бевме, се вративме и си поминавме незаборавно. Летавме со Wizzair и многу сум пријатно изненадена од услугата и односот. Имавме изнајмено кола - ја земавме на аеродорм и ја вративме на аеродром што беше најсоодветно зошто аеродормот не е баш во Париз. Бевме 4 цели денови во Disneyland и реално толку и треба да се изгледа таму се, да се извозиш на се, да ги видиш принцезите, парадите, вечерното шоу кое почнува во 23:00. Идеално е за деца на возраст од 6 докај 10 години. Помали нема ништо да им значи и ќе кенкаат повеќе од времето и не знам колку ќе имаат трпение да чекаат во редовите, а постари мислам дека ќе им биде предетски (мада мене ми беше суперинтересно, ама јас многу сакам забавни паркови). Вреди за сите пари бидејќи се посветено многу на сите детаљи, на организација, на целосна безбедност...Во Париз бевме 3 дена од кои 1 во Версај и беше сосем оптимално за децава зошто на возраст од 6 години не ни мислам дека нешто повеќе и ќе им беше забавно низ Париз. Во Версај им беше супер интересно, во Париз иако мислев дека ќе се забавуваат на брод по Сена мислеа дека тоа е досадно и најинтересно им беше во огромниот парк - луксембуршки градини. Се изненадив колку се издржливи и колку не се жалеа за ништо имајќи на ум дека излегувавме од хотел околу 10:30 - 11:00 а се враќавме во 24:00. Ако некој се реши да оди и му треба инфо слободно нека пише. Најтопло го препорачувам како извонредно искуство за сите дечиња а и за мајките и татковците На крај на јули одиме на парадајз туризам во Грција за да се одмориме од одморов во Париз
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue
Вчера се купија авионски карти за Париз и се плати хотел + влезници за сите четворица за Disneyland. Останува уште хотел за Париз и рент-а-кар да се букира...Одиме во јуни 7 дена, 4 во Disneyland, 3 ноќевања во Париз. Јас повеќе се радувам на Disneyland бидјеќи во Париз сум била веќе два пати, ама ете деца не се бидени Не можам да дочекам...
07.07.2014, 14:19
marchi
948
dali ima nekoj sto odel hrvatska na leten odmor?me interesira kako e tamu.
07.07.2014, 17:01
Felly RR
7977
Марчи, можеш да отвориш тема за Летување на Јадранско Море, па таму кој има искуство може да пише, и така сите информации и за Хрватска, па и за Црна Гора ќе ни бидат на едно место.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
07.07.2014, 19:21
Kvisko
1325
Јас сум заљубена во Хрватска и мислам дека е незаменлива за одмор барем од овие поблиски дестинации до нас. Спој на убаво море и симпатична архитектура. Има многу плажи кои се изолирани, ама тие се претежно карпести плажички и нас тоа совршено ни одговара. Најдобро е што на плажите има природна сенка.
Има разлика од копно до островите на пример. Постави конкретни прашања спремна сум за одговарање. Сме биле на повеќе места па можеби ќе знам нешто конкретно за местото.
Ние годинава ќе одиме на Бол на Брач по втор пат. Бевме пред прилично години и сега ќе одиме пак зашто има прекрасни борови и голема плажа која јас за чуда не ја доживувам како гужвеста.
< Поракaта ја уредил Kvisko -- 7.7.2014 19:22:54 >
08.07.2014, 00:01
mommy_angels RR
1543
Jas da vi kazam odmorot pocnav da go sonuvam .Mi se ide ,pa mi se place veke.Pocnav samo za toa da zboruvam,duri i mleko za soncanje si kupiv denes A duri od 3 avgust odime
08.07.2014, 22:35
marchi
948
ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR
Jas da vi kazam odmorot pocnav da go sonuvam .Mi se ide ,pa mi se place veke.Pocnav samo za toa da zboruvam,duri i mleko za soncanje si kupiv denes A duri od 3 avgust odime
pa podobro so vreme da se spremis odkolku na kraj na trcanje