Ние сме оделе во Грција на многу места, од Аспровалта, Ставрос, Паралија, Неи Пори како деца, до халкидики сега како возрасни . Јас го сакам многу вториот крак, бидејќи првиот е многу комерцијализиран и има многу народ, гужви, турканици на плажа нема кај да седнеш.
Мои омилени места се Метаморфосис, на почеток на вториот крај, мало место, со убава плажа борова шума наоколу, има забавен парк во центарот за деца, мирно место и мало е, нема многу гужви, водата е супер и денот е многу долг.
Metamorfosis:
Бевме да го шетаме вториот крак, Ситонија и наидовме на еден камп, абе како немаме приколка, таму би летувала, со обезбедување, средени туш кабини чешми за миење садови, убава плажа, внатре супермаркети, кафичи на плажа, дел за одбојка и сл. со многу шума и дрва, убаво уреден, а цените евтини, да го најдам дома каталогот, ке пиша, како беа по ден, мераци
Thalatta Kalamitsi Camp:
Никити е до Метаморфосис, поголемо место со повеќе продавници супермаркети и на крајот на градот има марина со јахти и бродови, убава голема плажа без многу дрва, убаво море и убав смештај.
Nikiti Beach:
_____________________________
Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!