за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ОД ДЕНЕС СКОПЈАНИ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ЛИЗГААТ.
Општина Центар постави лизгалиште со површина од 800 квадратни метри и капацитет истовремено да лизгаат 300 луѓе. Исто така поставени се и куќарки во кои граѓаните ќе можат да изнајмуваат лизгалки.
Лизгалиштето ќе работи секој ден од 10 часот до полноќ.
Цената на картите за 45 минути лизгање од 10 до 18 часот - 30 денари, а од 18 до полноќ - 50 денари (во цената е вклучено и изнајмувањето на лизгалки).
Лизгалиштето ќе остане три месеци на Плоштад Македонија!!!
Моите студенски денови ќе ги паметам по незборавените журки и забави на скопското лизгалиште кога тогаш работеше под калето и се организираа студенски забави.Никогаш нема да зборавам на првото застанување на лизгалки кое беше незаборавно за мене кое заврши со безброј модринки по моето тело но најважното,научив да клизам. Дали вие мислите да го посетивте или веќе клизавте по лизгалиштето на плоштадот?
21.01.2010, 21:49
mother 29
4405
mm mi denes bese sk,i mi kaza deka epten bilo guzva
21.01.2010, 21:58
natasha
430
barvo,mn interesno,use da znaev da lizgam
21.01.2010, 22:20
mami
8680
колку најубаво си поминував на лизгалиштето под Кале..прекрасни ноќи поминати на лизгалки. Не сум била на ова на плоштад, ама верувам дека има огромна гужва, сепак ке поминеме некој ден и ако имам шанса пак ке се качам на лизгалки
30.01.2010, 10:36
April
1257
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
колку најубаво си поминував на лизгалиштето под Кале..прекрасни ноќи поминати на лизгалки. Не сум била на ова на плоштад, ама верувам дека има огромна гужва, сепак ке поминеме некој ден и ако имам шанса пак ке се качам на лизгалки
да, под Кале беше супер а ние денес ќе одиме на плоштад, па ќе ви кажеме како сме си поминале претпоставувам дека ќе има гужва со оглед на тоа што е викенд и има сонце...