мислам дека само во велес се прави Мавиле барем на други свадби немам приметено тоа ми е најјак момент на свадбата момакот и невестата седнуваат на столчиња на среде сала гостите околу нив клечат и музикантот почнува да кажува Кумот годинава венчаваше па догодина да крштеа а ние ќе речеме ( и сите викаат ) Мааааавиииииииииилееееееееее и сите стануваат а момакот и невестата ги креваат на столевите и треба да се пољубат па ги спуштаат и сите пак клекнуваат и одново музикантот кажува нешто во стилот добар живот убав брак многу дечиња .... и пак ние ќе речеме мааавииииле мавилееееееееееее и така 3 пати
ич не знам од кај е обичајов едино на сексот и градот видов дека шарлот кога се венчаваше нешто слично правеа па би требало да има некои еврејски корени Само интересно би ми било некој од 120 кг како ќе го креваат на стол
_____________________________
живеј од денес за утре
13.01.2010, 15:06
Матеа
180
Е ова ни на DISCOVERY го немам видено нитѕ пак имам слушнато за вакво нешто а мм има роднини во Велес ама и тој нема слушнато за ова, инаку забавно ми звучи, можи ќе си го примениме на свадбата со мм
13.01.2010, 15:42
m@gic
49
збучи доста интересно нели
дали некој од вас видел нешто слично на свадба и што мислите за овој обичај??
_____________________________
живеј од денес за утре
13.01.2010, 15:45
arh_diz
7198
Interesen obicaj . Dobro e dokolku dvajcata mladenci se soglasuvaat da se podrzuva obicajot
_____________________________
Биди тоа што си
13.01.2010, 15:47
m@gic
49
јас кај што бев дечкото имаше добри 100 кила може и више 7 души го креваа невестата 3ца
_____________________________
живеј од денес за утре
13.01.2010, 15:48
Bogdancanka
5422
prv pat slusam ali zvuci interesno
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
13.01.2010, 15:50
m@gic
49
имаме ли некој член од велес па да ни каже нешто повеќе ако знае?
_____________________________
живеј од денес за утре
13.01.2010, 17:11
vezilka RR
4931
Дефинитивно многу интересно..а немам видено до сега. Може да води потекло од некои стари еврејски корени..зборот мавиле звучи така:)))))
19.02.2010, 01:01
pretty
1
Pa i nie vo Veles ne znaeme tocno od kade poteknuva samo znaeme deka se primenuva mnogu odamna Drugo nesto e sto vo poodminatite godini se peese na turski jazik mislam a potoa se pocna nekoja verzija na makedonski Inace jas na moeto mavili na svadbata padnav od stolot no nisto strasno pravo nanoze
19.02.2010, 07:56
BILE.F
670
Јас имам многу роднини во Велес, и ова ми е еден од најинтересните обичаи! На друго место не сум видела вакво нешто! П.С А морам да кажам дека таму сум ја поминала најинтересната свадба. Братучетка ми кога се мажеше , зашто таа одеше на играорна, имаше еден куп играорци на свадбата! Поубаво оро не сум видела ни на ТВ.
_____________________________
Пред да скокнеш, кажи оп!
15.05.2010, 22:34
Annet
2404
хаха еве јас сум од Велес,ќе ви кажам....многумина се чудат што е тоа Мавиле и јас не го знам точното значење. стара традиција во Велес на велешките свадби.песна со благослов за мн деца итн.... јас за мојата свадба се мислев дали да се прави или не и во последен момент се одлучи да се прави.мн се плашев да не не испуштат,ама ние дека слабички и супер беше.мм се качи на стол исправен на 2 нозе и така излезе мн убаво.за гостите од др градови беше доживување ,навистина е убав обичај.малку е непријатно ,седиш на стол и неколку мажи ги држат на ногарките од столот и наеднаш те креваат нагоре(опасни морници лазат) а другите сите клечат и сите наеднаш стануваат аххахахаха
неможам сега да го исецкам тоа парче од мојата свадба .ама еве еден линк па видете ,макар што нашето мавиле беше мн мн убаво ,ама ова е од you tube.... и од тел
Јас сум била на велешка свадба, но овој обичај го немаше. Може зата што невестата беше малце трудничка . Инаку изгледа интересно!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
16.05.2010, 11:54
Bitolcanka
2461
Интересен обичај, навистина Првпат слушам. Го видов клипчето Ај можеби ќе го применам на мојата свадба
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
16.05.2010, 15:24
Annet
2404
интересно е, ама во последно време секој не го профаќа и во Велес.индивидуално е се....ама сепак е интересно.се прави убава атмосфера на свадбата
16.05.2010, 16:28
niki
4299
Сега го гледав клипчето, вистинска акробација, не за џабе невестата цело време се држи за столица. Многу се интересни автентичните свадбарски обичаи, но се помалку ги има на нашите свадби, а се повеќе се превземаат некои обичаи од западниот свет и тоа не ми се допаѓа воопшто.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
20.06.2010, 19:24
Martins mom
3342
Мене лично мавилето ми е бљак...кога ја слушам музиката ме лазат морници, не ми воопшто убаво ни за очи, ни за уши... Немам ништо против ама лично мене не ми се допаѓа овој адет, кој многу ме потсеќа на турски
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
01.11.2011, 20:45
Snow Queen
302
Тато и цела фамилија на татко ми е од Велес, така да многу пати сум била и видела Мавиле. Многу е убаво и интересно.Поготово кога некој од младенците ќе се качи на столчето исправен на двете нозе.
23.02.2013, 23:51
elenak
2004
Сум била на една велешка свадба и стварно ми беше интересно ова, невидено. Исто и кога влегоа младенците им се поклонија на кумовите и родителите на главната маса три пати па и тоа ми беше ново и некако убаво ми дојде па си украдов идеја за мојата свадба и стварно ги изненадивме нашите Келнерот таман притрча со шампањот јас го бутнав како ,,чекај малку ќе се клањаме,, Ама ова денес што го слушнав е врв. Младоженецот со голем стап присуствувал на венчавката во црква а и во матично (значи од стапот не се одвоил ни за миг) Не ми е јасно што е финтава со стапот? Сте чуле, виделе негде нешто вакво? Оти го прашале зошто му е ама не сакал да каже... А стварно ме копка... За адет не е, таков адет немаме, ама што ли е
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
02.12.2014, 00:29
caciana
863
Koga go vidov ova cudo na svadba Vo Veles,mislam deka srceto ke mi zaprese Od strav koga vidov Kako GI krevaat Vo vozduh mladencite na stolici,a tie ladni tush