cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Мали нешта

clock-img

26.12.2012, 13:53

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Во овој брз и суров свет, ретко имаме време да ги забележиме малите нешта околу нас, нештата кои не прават среќни, ни даваат надеж, малите гестови од кои душата ни се стоплува....
Би сакала тука да си даваме идеи и да си ги кажеме малите нешта кои денес ни измамија насмевка на лицата.
Ќе се обидам во продолжение да најдам некоја статија која ќе фрли малку светло врз тоа како да ги цениме малите работи во животот. Исто така, чувствувајте се слободни да објавите некој цитат кој ви ја враќа вербата и надежта во оние мрачни денови, споделете некој совет за убав ден, бидејќи животот се состои од денови и мигови. Ајде да филозофираме малку!

clock-img

26.12.2012, 13:54

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Еве неколку совети за поисполнето секојдневие:
Извор: црнобело.мк

Митската потрага по среќата е нешто за кое редовно читаме и размислуваме, но ретко кој знае како навистина среќата би требала да изгледа.


Ова се некои од клучните мали нешта во животот врз кои можете да имате влијание и да ги контролирате, а ќе ви помогнат да бидете позадоволни и посреќни.



1. Купете си домашно милениче. Нека биде тоа маче, куче, хрчак, риби, зајче...Истражувањата спроведени годинава покажаа дека сопствениците на домашни миленици имаа повеќе самопочитување од оние кои немаат. Истражувањето покажало и дека миленичињата на нашиот мозок делуваат слично како и нашите пријатели кога е во прашање потребата да се чувствуваме сакани и прифатени.

2. Несебично помагајте им на другите. Помагањето не е само убав гест, туку и една од најубавите работи кои можете да ги направите за сопствена среќа и задоволство. Имено, студијата спроведена во 2010 покажала дека правењето добри дела поттикнува создавање серотонин во нашето тело, кој е хормон на среќата. Оние кои волонтираат живеат 16 месеци подолго, а личностите склони кон алтруизам имаат и пониска стапка на разводи од просечната.

3. Овозможете си малку културно воздигнување. Мажите кои уживаат во уметноста, балетот и останатите културни активности, се чувствуваат посреќни и поздрави од оние кои не го прават ова. Исто така, физичката активност го продолжува животниот век кај мажите и до 7 години. Од друга страна, најсреќни се оние жени кои редовно следат спортски настани.

4. Бидете носталгични. Друштвените и полни со енергија – се најсреќни личности. Секако, поголемиот дел од нас едноставно не е роден да биде ѕвезда на секоја забава на која ќе се појави, но тоа не значи дека не можете да препишете по некој трик од оние кои се динамиката на друштвото. Научниците тврдат дека изворот на среќа е гледање на минатото низ розови очила, со многу идеализирање и носталгија. Заборавање на лошите и уживање во убавите спомени е клучна состојка за оптимизам.

5. Секс. Колку повеќе секс толку поедноставен живот. Нема депресија, нема нервоза, нема напнатост. Споделете ја љубовта и уживајте во сексот.

clock-img

26.12.2012, 13:56

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Една поговорка која мене лично многу ми е драга:

Буда рекол:

- На небото, не постои разлика меѓу исток и запад. Луѓето креираат поделби во своите умови и потоа веруваат дека се вистинити.

- Стапалото се чувствува само себе кога ја чувствува земјата на која гази.

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 26.12.2012 14:05:43 >

clock-img

26.12.2012, 18:15

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Многу убава тема Иканке,

Никогаш не ме правеле среќна големи работи, туку мали , и тоа најчесто нематеријални.
Пред некој ден среќна ме направи што имавме гости се смеевме, прекрасна вечер ,
денес син ми вика Те сакам,
Тоа се мали но големи нешта

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

26.12.2012, 22:41

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Неколку дена, мачето ми е болно...денес го ранев со шприц, и буквално легна на мене кога завршив, се испружи и не сакаше да стане...си го земав во раце и едно 15 минути само го галев....ме погледна со очичките како да ми се заблагодарува и солзи ми дојдоа на очите.
Од друга страна ќерка ми научи да се расправа и само ако нешто не и одговара, одма почнува да пљампа како стринка некојаuser posted image ...ме изнасмеаuser posted image

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 26.12.2012 22:42:52 >

clock-img

27.12.2012, 10:17

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Секогаш малите нешта ми предизвикауваат големи изливи на чувства - мали за некого, за мене се големи нешта. Ме потсети муабетов за мачето на моето милениче- кученце, што го чував 18 години, а го нема веќе 3 години - колку радости и убави мигови поминав со него....
Мали гестови ми чинат цело богатство, насмевка на лицето на мајка ми ми значи неопислива среќа, секој нов збор или детска палавштина на ќерка ми ме крева до облаци и ми навира солзи радосници. За некој звучи како клише, за мене се најголема среќа...

clock-img

05.01.2013, 13:29

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Мене едно Мама ме прави најсреќна, или кога ќе ме гушне онака без причина јас се топам.
Некој мали пријатни изненадувања од страна на мм или пријателите.
Пред некој месец толку многу сум се израдувала на убави вести, што дури не ни замислував дека така ќе реагирам од радост.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

05.01.2013, 23:35

clock-img

miana

pencil-img

6152

Denes me napravija presrekna izjavite na kerkami..mamo ti si lepota moja,da ti se pozlatat racete,mi pravis najubav rucek. Mamo lepotice moja user posted image

clock-img

26.02.2013, 19:30

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Денес ми се врати вербата во луѓето...се случи следново.... ми се јави еден човек на телефон и ми рече дека се јавува во врска со лабрадорката наша (моравме да ја дадеме бидејќи не можевме да се грижиме веќе за неа), дека случајно во педигрето нејзино го видел мојот број и решил да се јави да види кои биле претходните газди. Ми кажа дека е супер, дека многу ја сакаат и дека ја сметаат за член од семејството и дека кога сакаме може да ни ја донесат да ја видиме. Браво за чичкото, навистина има добри луѓе на светов, сега знаеме дека нашата најмила лабрадорка е во сигурни раце!!! Инаку они ја земале од дечкото што ја зема од нас, бидејќи и тој веќе не можел да се грижи за неа, меѓутоа разликата е во тоа што тој им ја продал, што искрено ме налути малку бидејќи со големо поверење му ја дадовме, ама ајде битно се е добро.

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 26.2.2013 19:32:33 >

clock-img

28.02.2013, 06:21

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Sinojka sinmi mi vika mamo sakam da me uspies isto kako koga bev mal,da legnes vo mojot krevet,da mi kazuvas prikazni se ba bide isto ko porano koga spievme zaednouser posted image pa legnav do nego se guskavme,galevme bas me potseti na mnogu raboti koga bese mal,zaspa i go gledam lele si vikam detevo mi porasna cel decko se napravi a seuste mi vika mamo ti si najubava majka na cel svetuser posted image user posted image

clock-img

13.03.2013, 11:42

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

M koga mi zbori na user posted image bebeshki nejzin nekoj jazik...vika dzedze dzidze nana kaka iiiiiiiiii

clock-img

09.06.2014, 01:24

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Еве сега баш додека си ги гледав децата мои како си играат заедно и колку им е интересно си помислив дека тоа е она што го прави животот поубав,тоа се оние мали нешта што ни го исполнуваа секојдневието а на кои дури понекогаш и не обрнуваме внимание.И така си седевме со мм на кревет а тие си се заиграа толку убаво што дури ни на спиење не им се одеше.Е за ова човек вреди да живее,ова се тие работи кои човек ги памти додека е жив и на кои се радува секогаш.Треба да се потрудиме да не обрнуваме многу внимание на работи кои што ни го одвраќаат вниманието од ситниците и малите нешта што со сигурност ни го разубавуваат животот.Само така ќе можеме да кажеме дека всушност нашето срце е полно а ние задоволни од себе и од сето она убаво што не опкружува.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

10.06.2014, 10:27

clock-img

princessa

pencil-img

1056

Најмногу се топам од среќа кога син ми ќе дојде во мене и ќе почне да вреска од среќа па да мафта со рачињата и да ме гушка и кога наместо бакнежи од него добивам лиги по моето лице. Вчера ми беше многу убаво кога го гледав со сестричето како се гушкаат и бакнуваат. А Н е поголема и секогаш знае да ме расположи и кога сум тажна а таа ми вика дека не е ништо, дека ќе помине и дека таа ме сака највеќе на свет. А несакам да сум тажна пред нив ама ме издава некогаш лицето а Н секогаш приметува. Толку чувствително суштество немав виденоuser posted image

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

clock-img

27.11.2014, 10:31

clock-img

caciana

pencil-img

863

Najmnogu Se raduvam na vnimanie,dobar razgovori,kafe so licnosti koi GI sakam.Se raduvam na site raboti koi so pari Ne Se kupuvaat:ljubovta,zdravjeto,vnimanieto.

clock-img

27.11.2014, 16:33

clock-img

Ki4iko

pencil-img

438

Апсолутно,малите нешта го прават животот поубав и секојдневието посреќно,треба да се трудиме така и да остане,зашто живееме во тешко време.

clock-img

28.11.2014, 20:50

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

И мене ме исполнуваат оние мали бесплатни нешта. Насмевката на маж ми, на моите блиски, убавите зборови, љубовта која ја добивам, вниманието, бакнежот во чело и прегратката..пресреќна сум во тие моменти user posted image

clock-img

25.11.2015, 12:49

clock-img

marchi

pencil-img

948

i jas se raduvam na mali nesto kako dete na lizavce user posted image nikogas ne sum bila za skapi podaroci ili nesto materijalno,,sekogas mi bilo povazno posveteno vnimanie odkolku nameneti pari

Последни статии

article-img