Дали некој знае што се мартинки?Барав низ Скопјево да купам но луѓево се зачудени и прв пат слушаат.Генрално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година. Секако дека постојат варијанти на тема, но ова е основата на обичајот.Син ми секоја година од градинка добива мартинка во вид на нараквица исплетана од црвен и бел конец.Еве вака изгледаат
< Поракaта ја уредил mis. -- 2.3.2010 8:51:16 >
02.03.2010, 09:00
natasha
430
Martinkite go obelezuvaat 1vi Mart, i se sekavam koga bev malecka imav prijatelka koja sekoj 1vi Mart mi isprakase cestitka so martinka(inaku taa ziveese vo Bugarija)i iskreno mn se raduvav,a i ne bas da go znaev vistinskoto znacenie
02.03.2010, 09:10
vezilka RR
4931
..леле и јас ги обожавав..не им го знам значењето, но знам дека секој 1 март со душа го чекавме чичко поштар да дојде и да ни донесе писмо од тета од Бугарија каде имаше 2 мартинки. Во писмата пишуваше..поздрав за двете мои милички од Баба Марта..ех, ова ме потсети на тета која ја обожавам, а ја немам видено веќе подолго време
02.03.2010, 09:14
topce
523
ние лани добивме од Општина Аеродром. преку пошта ни пратија
02.03.2010, 09:16
nadica
4381
кога бев мала носев и ги обожавав годинава надица е мала но за догодина секако ќе и направам
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
02.03.2010, 09:25
mami
8680
Секој 01.03 се одржува концертот Ксантика, по повод марта и мартинките. Најчесто е во Домот на АРМ и тогаш даваат мартинки дали за на рака дали како машничка за да ги закачиш на облеката. Порано одевме редовно со мм, а откако се роди Лука некако не ни текнало. Порано баба ми ни врзуваше мартинки, сега и неа ја нема, па не носиме
02.03.2010, 09:33
mis.
3845
А има ли некаде да се купи мартинка?
02.03.2010, 09:36
mami
8680
мислам не..не сум сретнала до сега
02.03.2010, 14:28
majka 79
836
jas koga bev mala nosev martinki koi mi gi prakase baba mi od Bugarija. sekoja godina imav nova martinka. sakam i moite deca da nosat i ako ne najdam za da kupam, ke pobaram niz fiokite kaj majka mi da vidam dali ima nesto ostanato od moite martinki.
02.03.2010, 14:34
BILJANA_G
491
I jas kako mala nosev martinki majka mi mi pravese,samo kaj nas vikat deka se stavaat koga prv pat ke vidis lastovicka. Jas na Angela zdravje od godina sekako ke i stavam.
02.03.2010, 16:28
Natasha5
830
Кај нас овие се викаат МОЊАЦИ и се ставаат на 14 март.
02.03.2010, 21:47
Aleksandra
309
Denes koga se vrativ od rabota svekrva mi na Ana i dade martinki za na raka a jas cela vo prasalnici. I bila nekoja prijatelka na kafe i zemale spletile martinki. I eve duri sega koga ve procitav vas mi tekna za sto se raboti. A mnogu se ubavi vo vid na cvet i se vrzuva okolu rakata.
02.03.2010, 21:58
BILE.F
670
Јас имам носено, ама другарка ми ги правеше дома. Не сум сретнала негде да се продаваат! Тие носат среќа и кога ќе ја видиш првата ластовичка може да ја извадиш!
_____________________________
Пред да скокнеш, кажи оп!
02.03.2010, 23:54
^SARA^
73
Кога бев мала носев мартинки,ги имаше се продаваа и по некоја традиција баба ми ни ги купуваше.Сега немам видено некаде да се продаваат.Во Бугарија имаат голема традиција со мартинките,па додека бев таму имав по неколку наредени на рака , бидејќи луѓето имаат обичај да си подаруваат едни на други.Таму носат сите и мали и големи и стари, а кај нас порано носеа сите деца ,а сега и децата се поретко.Мислам дека некако полека се губи традицијата
_____________________________
*** Верувај во себе ***
03.03.2010, 00:15
sweety***
12
da da i jas se sekavam obavezno vo mart nosevme martinki ama sega nema nisto na decata pointeresni im se kompjuterite od sto i da bilo drugo
03.03.2010, 00:22
delfinka
416
kaj nas tradicija bese babata da ni gi plete martinkite a ponekogas si imavme dupli i si kupuvavme sega veke sumpodzaboravila ama ednata so se nosese na prt mislam deka koga ke go vidis prviot strkse stava pod kamen a drugata ???mora da ja podprasam majkami pa pak ke ve informiram...
_____________________________
sekoj e blagosloven ako veruva vo boga
03.03.2010, 00:46
Еца
6692
Читајќи колку убави работи од нашата традиција заминуваат во минато сериозно се размислувам да направиме нешто со што ќе се врати модата на овие работи, како и учење на младите генерации да плетат, везат итн.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
03.03.2010, 07:33
BILJANA_G
491
Eca i jas se soglasuvam so tebe.
03.03.2010, 08:38
Anushka
1392
денес, во 14:00, на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза се отвора Пролетен базар на ракотворби. Ке трае до 8ми. Сигурна сум дека тука ќе има Маринки. А и многу традиционално изработени алишта, додатоци, украси и сл.
05.03.2010, 01:22
zvezdi4ka_bt
21
eeeee koga bev mala kolku sum nosela martinki hehehe
_____________________________
Време е да престанеме да ги чекаме изненадните подароци на животот, сами треба да создаваме живот.
01.03.2011, 13:46
skorpijana
683
da kako deca nosevme martinki mnogu mi se dopagaa
01.03.2011, 13:52
katerina78
12
Уште сабајле и закачив на ќерка ми мартинка на јакната и ептен пресреќна отиде во градинка. Инаку и јас секоја година носам мартинки.
02.03.2011, 22:06
Viktori
5329
Јас носам мартинка во моментов, на раката. Ми ја подари девојчето кое го чувам, па морам да ја носам Инаку и ќерките имаат. Многу пагански ми звучи, ама пошо сум голем обожавател на РА, не ми сметаат ај и мартинкиве Инаку во Романија, Бугарија, Русија, празникот се слави до 21 март, поточно до доаѓањето на пролетта и се верува дека ги брка злите духови и болестите и дека тој што ќе стави мартинка на почетокот на март и ќе ги носи до доаѓањето на пролетта ќе има среќна година. Не се носат само на први март...
< Поракaта ја уредил виктори -- 2.3.2011 22:07:29 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
02.03.2011, 22:19
Џесика
2036
Јас никогаш не сум носела ко дете, другарка ми имаше си ја носеше на палтото, ама искрено ми се допаѓа, досега немав појма што симболизира, затоа и не сум придала значењесега кога прочитав ми има логика и вредност... ќе си ставам една на рака, и на детето ќе му закачам, само не знам каде
< Поракaта ја уредил Џесика -- 2.3.2011 22:20:20 >
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
02.03.2011, 23:34
mila mama
1616
Ni jas ne sum nosela martinka. Vo Bugarija sum videla martinka za prv pat i gi nosat se dodeka ne vidat strk (simbol na proletta), a togas gi zakacuvaat na drvo, zamisluvajki zelba
_____________________________
Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata... No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.