за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Една од најзначајните биолошки функции на женскиот огранизам е репродуктивната способност, односно мајчинството. За време на бременоста во организмот на жената настануваат низа промени кои ги зафаќаат речиси сите органи и органиски системи. Овие промени можат да доведат до низа несакани последици во однос на мајката и нејзиното дете.
Со правилно организираните телесни вежби и активности, и со масажата не само што се подобрува општата состојба туку се намалува и ризикот од евентуали последици кои можат да се јават за време на бременоста, при породувањето и непосредно потоа.
Инаку за потполна релаксација се препорачуваи мануелна, односно рачна масажа. Релакс масажата ја олеснува тензијата и е одлична алатка во борбата против стресот, главоболките, несоницата и вкочанетоста на телото.
Дали знаете местакаде има специјализирани пакети за масажа на трудници?
10.01.2014, 15:41
LoveableMe RR
5035
Vezilka,
Имаш на Колектива ваучер масажа за трудници а и на веб-страната на hipp за Македонија има исто насоки за масажа:
"Редовното масирање и интензивната нега и помагаат на кожата. За време на бремеността масирањето и интензивната нега на кожата имаат поволно влијание за зачувување на еластичноста и изгледот на кожата. Како кожата на стомакот, колковите и градите би ја поднела бремеността без видливи последици, од самиот почеток како превентива се препорачува редовна масажа и нега на споменатите места. Докажано е дека со редовните масажи се подтикнува циркулацијата на крвта во кожата и помага за зачувување еластичноста на кожата.
Масажа на стомакот за време на бременост :
Нанесете масло за масажа на голема површина кожа.Доколку стомакот не е сеуште преголем се препорачува нежна масажа со штипкање која нежно го отпушта сврзното ткиво. Маслото можете едноставно да го распределите по кожата и нежно да го втриете користејќи ги врвовите на прстите правејќи кружни движења почнувајќи од страните или од долу движејќи се кон центарот на стомакот.
Масажа на гради
За време на бремеността кожата на градите исто така се растегнува. За нега на кожата секој ден нанесувајте масло за масажа и распределете го со кружни движења.
Масажа на колковите
Во текот на Вашата дневна рутина на масирање не треба да се занемарат ниту колковите и задницата. Туширањето со студена вода ја подтикнува циркулацијата на кожата. По породувањето масажите помагаат за повлекувањето на ткивото. За да постигнете оптимално спречување на појава на стрии, посебно на кожата на стомакот, колковите и градите најдоцна од третиот месец од бремеността треба да се масирате 2 до 3 пати дневно."
Позз,
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!