Драга Тања,
враќањето на матичните клетки кога ќе бидат потребни за третман е бесплатно, било каде во Европа, односно се плаќа само авионски билет за медицинското лице, кое ги придружува, доколку треба да се достават било каде надвор од Европа. За цената на третманот не може однапред да се каже, тоа зависи од типот на третман и болест за која би се користеле. Но доколку зачувате матични клетки сега, во секој случај сте во предност, бидејќи при подоцнежниот третман од Вас ќе бараат покрај други трошоци, плус и плаќање на третман за добивање на матични клетки од самиот пациент или друго лице. На пример, ако се работи за леукемија, ќе треба прво да се бара донор, да се плати испитување за да се утврди дали е соодветен да донира клекти, да се плати пункција на коскена срцевина-за добивање на клетките, нивна обработка-тоа се и големи трошоци, но и големо губење време(кое некогаш го нема) а и несигурност дали воопшто ќе постои соодветен донор. Вака барем сте сигурни дека детето има сопствени клетки на располагање, кои по потреба ќе бидат доставени во рок од 48 часа, доставени во специјален мал фрижидер, придружени од лице од банката, кое ќе ги подготви-одмрзне за употреба. Не постои причина зошто не би можеле да се употребат и во Македонија, бидејќи третманите, при кои најчесто во моментов тие се користат( за болести на крвните лози) се вршат и овде; значи место матични клетки од коскена срж ќе ги употребат сопствените клетки на пациентот. Но, за поспецифични заболувања, за кои сеуште широко не се употребуваат, ќе мора да се отпатува во некои од референтните центри, каде експертите, кои имаат соодветно искуство ќе извршат третман. Ова се пред се почетоци на такви третмани, кои во иднина ќе се усовршуваат и стандардизираат, така што само храбро и да им дадеме време на научниците, зошто во наш најдобар интерес е да не се избрза, туку да се сигурни третманите. Во меѓувреме, да ги зачуваме матичните кетки, зошто оваа технологија на употреба остава место за надеж, дека наскоро ќе користат во третман на многу болести