Машина за миење садови
Ако го споредиме машинското и рачното миење садови, машинското е подобро од следните причини:
- помала потрошувачка на струја и вода
- садовите подобро се мијат
- останува повеќе слободно време
Миењето на садови во машина е поефтино од рачното миење. Машината за миење садови троши помалку вода и детергент, а притоа троши мало количество електрична енергија. Европски институции проценуваат дека просечното домаќинство употребува дневно :
-1kWh електрична енергија
- 25 литри вода
- приближно 1 час работно време П
Предност е и подобрата среденост на кујната бидејќи нечистите садови се ставаат веднаш во машината, а не во мијалникот, па така кујната останува чиста и средена.
Подобро и поефтино миење на садовите – бидејќи машините за миење садови мијат со вода загреана на 65оС, садовите по миењето се почисти. При рачно миење температурата е најмногу 40оС бидејќи поголеми температури не поднесува кожата. Машината за миење садови без проблем мие маснотии и уништува бактерии со помалку потрошено електрична енергија и вода. Машина за миење садови во А класа за едно миење троши околу 10-15 литри вода и околу 1,05 kWh ел.енергија, што е значително помалку во однос на рачното миење, каде што во просек се троши 50-80 литри вода.
Различни видови машини за миење садови – последните години понудата на машините за миење садови брзо се зголемува. Постои избор на повеќе производители и модели, но всушност треба да одлучиме помеѓу 4 модели кои се разликуваат во начинот на вградување :
- Самостојна – може да стои самостојно или да се стави помеѓу елементите. Има горна работна плоча, која може да се извади и машината да се стави во долниот елемент од кујната.
- Вградбена – наменета за вградување во елемент бидејќи нема бочни страни. Панелот за управување е видлив во секое време. Висината на машината изнесува 81-82 cm , а често имаат и подесиви ногарки, па така може да се подигне до 87 cm.
- Интегрирана – идентична како и претходната (вградбената) машина со таа разлика што панелот за управување се наоѓа во горниот дел од вратата, па не може да се види однадвор.
- Компактна – со помали димензии, најмногу наменета за викендички, гарсоњери и деловни простории. Има со различни капацитети кои се пресметуваат во однос на капацитетот за сетови за јадење. Во просек важи правилото дека на едно четиричлено семејство му е потребна машина за миење садови за 12 сетови за јадење. Тоа се машини со широчина 60 cm. Машините со широчина 45 cm имаат 8-9 сетови, а компактните 4-6 сетови за јадење.
Начин на работа – машината за миење садови ги мие садовите со топла или врела вода во која се наоѓа детергент. Распрскувачите кои се наоѓаат во машината ја насочуваат водата во садовите која под притисок ги мие. Таа ги зафаќа сите делови на садовите. Садовите и приборот за јадење треба да се постават во стабилна положба за да не се превртуваат за време на процесот на миење. Водата во машината постојано кружи, а филтерот не ги пропушта остатовите од храна да влезат во одводната цевка бидејќи водата преку филтерот се прочистува неколку пати. Поради ова машината добро ја искористува водата и е рационален потрошувач. Филтерот после секое миење треба да се исчисти. Процесот на миење го надгледува програматорот. Кај електронските машини потрошувачката на вода се прилагодува на количеството и извалканоста на садовите.
За ефективно миење важна е температурата на водата која зависи од програматорот. За поголема температура на водата се троши повеќе ел.енергија. Температурата на водата најчесто се движи од 40-75оС, а се троши 10-15 литри вода и 0,9-1,2 kWh ел.енергија.
Штедење при употреба на машината – со правилно ракување на машината може дополнително да се заштеди на вода и на струја. Важно е следното :
- Не е потребно садовите да ги испираме пред поставување во машината, а на тој се штеди вода. - Садовите треба да се постават спорeд упатството на производителот
– Секој од садовите се поставува на тој начин да во нив не може да се собира вода и на тој начин да бидат послаби ефектите од миењето.
- Најдобро е машината да биде секогаш исполнета до крај – на тој начин дополнително се заштедува ел/енергија и вода
Заштита против излевање – При купување на машината за миење на садови важно е да се земе во предвид и заштитата од излевање на вода во кујната чиј под може да биде паркет или тепих. Постојат два типа на заштита :
- електрична заштита – функционира на следниот начин : доводната цевка е двојна, па во случај на пукање на внатрешната цевка, водата по надворешната се излива во машината. Дното на машината е затворено и кога ќе препознае вода автоматски го затвора електричниот вентил на доводната цевка и на тој начин го спречува излевањето на водата. При активирање на заштитата се вклучува одводната цевка која од сигурносни причини црпи вода од машината. Предности на оваа заштита е дека ел.вентили се секогаш во погон, па поради тоа не може да дојде до појава на каменец.
- механичка заштита – истотака штити од излевање на вода, но во помал степен од електричната. Доводната цевка истотака е двојна и дното на машината е затворено, но постои разлика при активирањето, бидејќи често може да затаи заштитата поради водениот каменец. Оваа заштита најчесто подолго време не се активира, па затоа може да откаже во случај при нејзино активирање.
Ознака за енергетска ефикасност – врз база на енергетската ефикасност, машините за миење садови се распоредени во класи од А до G. Во класата А се машините со најмала потрошувачка на електрична енергија, а во класата G со најголема.
< Поракaта ја уредил ripce -- 5.12.2009 15:13:59 >