за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Ме интересира дали некој знае да постојат посебно организрани часови за аеробик, јога за бремени жени во Македонија?
10.03.2009, 09:07
Marie
14
Јас не сум слушнала, а баш ме интересира. Знам дека во странство си имаат посебни вежбални, посебни часови со инструктори обучени да опишат вежби за бремени жени имаат еден куп советувалишта како да се хранат и да водат здрав живот добар за бебето. А кај нас?
20.03.2009, 01:19
baby
2
i kaj nas im acasovi za trudnici vo drzavna bolnica bas planiram denovive da se prijavam i da odam
20.03.2009, 07:55
Еца
6692
Бејби а колку си трудна ,и дали знаеш од која недела почнуваат со вежбање во државна болница?
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
20.03.2009, 11:14
Julie1
2354
Јас знам дека јогата е многу добра за вежби за трудници. Во јога сојузот на Македонија имаат посебни часови за бремени жени. Во договор сме со нив да најдеме некоја задничка соработка. Следната недела повеќе ќе знаеме и веднаш ќе ве информирам.
_____________________________
And this is my beautiful life ...
26.03.2009, 23:40
Анче
25
Посебни часови за бремени се одржуваат во Јога Сојузот на Македонија, може да го отворите сајтот yoga.org.mk ke najdete podetalni informacii
_____________________________
сакам да го променам светот, затоа почнав да се менувам себеси
26.03.2009, 23:44
Julie1
2354
Веќе има и наградна игра за новопечените мамички кои сакаат да направат нешто убаво за нив и за бебенцето, во форумот за наградни игри може да најдете тема која се однесува за добивање специјална понуда за членовите од нашето семејство кои сакаат да посетуваат јога вежби во Јога сојузот на Македонија.
< Поракaта ја уредил Julie -- 30.3.2009 17:24:23 >
_____________________________
And this is my beautiful life ...
30.03.2009, 17:31
Julie1
2354
Во организација на Јога сојузот на Македонија и Рингераја во среда (01.04) во 17:20 во просториите на на Јога сојузот ќе се организира средба на бремени жени со специјалистот по гиникологија и акушерство Снежана Панговска. Доктор Панговска ќе одговара на прашања на идните мамички, како и ќе советува што да очекувате и како најдобро да го поминете чинот на породувањето. Сите идни мамички од Рингераја се поканети да бидат дел од овие дискусии и советувања.
_____________________________
And this is my beautiful life ...
03.07.2009, 12:19
Mammy
337
Во врска со вежбите за трудници кои сеорганизирале во Државна болница - има ли некоја од вас искуство околу тоа. Јас се јавував неколку пати и ми кажуваа дека летно време тешко дек аимаат групи. Знаете ли каде би можела да се обратам за ова? Има ли и други места - болници, поликлиники и слично, каде имаат ваков тип на вежби?
Инаку веќе сум 33 недела - да не ми е касно или?
_____________________________
Me, Myself and You..and our Baby too...
24.10.2009, 13:27
Snowhite RR
5042
Па јас одам во Јога сојузот во Прилеп, но нема посебна програма за бремени, вежбам заедно со другите, само што одредени вежби не ги работам или ги заменувам со други. Не знам зошто нема посебна група, дали тоа се должи на тоа што можеби нема доволно заинтересирани трудници или не знам зошто.
01.06.2010, 10:18
arh_diz
7198
Jas mnogu stanav mrzliva ne sum ni pobarala mesto za vezbanje a i nekako me mrzi , najverojatno ema da odam na vezbi
_____________________________
Биди тоа што си
18.06.2010, 13:51
Анче
25
Посебна група за јога за бремени веќе два месеци работи во Студиото за јога пилатес и аеробик ,,Во Топ Форма,, Се наоѓа на ул.Партизанска до Броз-кафе, спроти Универзална сала. Часовите се среда и петок од 19часот. Часовите ќе се оджуваат и во месец јуни.
26.06.2010, 17:36
emilia
7
Часови за вежби за трудници има во школо за трудници во болница Свети Лазар.Приjавете се!
22.06.2011, 09:31
Fiao
771
Bidejki gledam deka komentarive se od pred 1 godina, me interesira dali mozebi znaete sega kade ima nesto vakvo za trudnici?
22.06.2011, 19:31
Natuska85
3613
Фиао јас вежбав јога за време на бременоста,односно пред 3-4 месеци е тоа.Одев во Топ форма карши Универзална,имаа страна на нет побарај ги.Презадоволна бев и како рингерајка имав попуст од нив.
Еве и тука имаме дискутирано за јога вежби во бременоста
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
23.06.2011, 01:47
Fiao
771
ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85
Фиао јас вежбав јога за време на бременоста,односно пред 3-4 месеци е тоа.Одев во Топ форма карши Универзална,имаа страна на нет побарај ги.Презадоволна бев и како рингерајка имав попуст од нив.
Еве и тука имаме дискутирано за јога вежби во бременоста
Super, fala na infoto Natushka
30.06.2011, 09:13
vesnab
220
shto mislite za laserko otstranuvanje na vlakna, za obicna depilacija, za solarium, za masazi, za vreme na bremenost ??? vashite iskustva za bilo kakvo koristenje na kozmeticki uslugi
< Поракaта ја уредил Тања -- 30.6.2011 12:06:54 >
03.02.2013, 22:52
kikicka
4218
Женски има некој одено на вежби во Инанан???
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
04.02.2013, 09:28
profesorica
5709
ИЗВОРНА ПОРАКА: vesnab
shto mislite za laserko otstranuvanje na vlakna, za obicna depilacija, za solarium, za masazi, za vreme na bremenost ??? vashite iskustva za bilo kakvo koristenje na kozmeticki uslugi
ласерско отстранување на влакна во бременост НИКАКО, 2 години работев во Афродита С и имам искуство- ласерот е штетен за плодот- дури и козметичарките што работеа на ласер, а беа бремени избегаваа односно одбиваа работа на то апарат. што се однесува до обична депилација може во бременост но практикувајте со ладен восок кој што е за една употреба, бидејки топлиот се прецедува масажи- може релакс а антицелулитна никако!!! солариум НЕ СМЕЕ- тоа е зрачење, башка е вештачки начин на потемнување на кожата и моќе да предизвика реаквции како алергии и иритација на кожата- јас и небремена ми беше страв да горактикувам, па камоли сега
инаку класичен третман на лице рачно нели без машинерија препорачувам доколку можете да си дозволите еднаш месечно
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
04.02.2013, 09:31
profesorica
5709
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mammy
Во врска со вежбите за трудници кои сеорганизирале во Државна болница - има ли некоја од вас искуство околу тоа. Јас се јавував неколку пати и ми кажуваа дека летно време тешко дек аимаат групи. Знаете ли каде би можела да се обратам за ова? Има ли и други места - болници, поликлиники и слично, каде имаат ваков тип на вежби?
Инаку веќе сум 33 недела - да не ми е касно или?
Има во Државна сега се организираат и бесплатни се.Јас од денес треба да почнам па ќе ви пишам утре како е Инаку за ова се информирав преку преглед на гинекологија, самата акушерка што ме гледаше на еко ми ги предложи па ме запишаа и кога се оформуваше група ми се јавија за кога да дојдам Инаку 4 пати се оди, еднаш неделно термин во 18 часот
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
04.02.2013, 09:33
profesorica
5709
Инаку има и на друго место вежби за трудници за оние што можат да си дозволат и приватно- 1000 денари месечно е цената во центарот ЛУЛКА- тоа е здружение за грижа и едукација на трудници, мајки и деца а часовите се состојат од психофизиќка подготовка на трудници за пороѓај(вежби за карлица, дишење и сл)
Здружението може да го видите на следниов линк Администратор: Надворешни линкови се забранети! Информации по пп.
< Поракaта ја уредил Beatris RR -- 4.2.2013 9:59:26 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
30.09.2013, 14:24
Snow Queen
302
Дали некоја од вас одела на вежби во ординација Ложанковски? И некое коментарче-искуство?
_____________________________
07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени
15.12.2013, 22:22
Stefanija Stefi
64
Знам дека има ШКОЛА ЗА БРЕМЕНИ Битола во Плодност дека вежбаат со пилатес топки и вежбаат како да бидат трудниците снаодливи мајки ...само мене мислам дека ми е рано за тоа (скоро осма недела на бременост) и искрено уште не сум се заинтересирала да почнам да вежбам...некако ми е страв
09.12.2014, 17:11
lolla RR
925
Во Скопје во здружениоето Лулка имаа организирани часови за вежби за трудници позади Веро 2 и кај Рампа. Цената е 100о ден месечно.
Кај Др Ложанковски исто има вежби за психофизичка подготовка за трудни.