за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали додека јадете мешате јадења кои се солени и благи на пр.? Или некој околу вас дали има таква потреба? Имам една тетка која ако и понудиш торта прво прашува дали имаш парче сирење или кашкавал да и дадеш, ако не не јаде ни торта Мене ми е ова многу чудно и интересно, каква е таа потреба од мешање на различни вкусови. И мм јаде некои чудни комбинации кои мене не ми одат, како ајвар со јогурт ама ајде тоа и не е толку чудно. Туку ова солено и благо ми е некако
10.06.2013, 13:26
Mihaela 2010
4230
Ne ne nikako ne sakam takvi kombinaciii no ednas kako dete se sekjavam kaj edna drugarka bev,i jadevme lepce so kremce i sirenje,i mnogu mi bese vkusno a inaku mm mnogu saka smoki i milka cokolada so lesnici vo kombinacija
10.06.2013, 13:29
Felly RR
7977
Немам некоја таква чудна комбинација, дури и солени работи мнопгу не мешам. Кога јадам сакам само неколку јадења да има, не можам да имам 5-6 извадено, и да не знаеш што да каснеш.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
10.06.2013, 13:29
Bethany
4534
Имам другарка која јаде лубеница со сирење
А знам дека некои народи јадат пример месо со компот од кајсии пример или слично. Имам пробано, ама дефинитивно не сум навикнала и не ми се допаѓа таква крајност.
А исто имам пробано јадење ориз со ананас и пилешко месо и тоа многу ми се допаѓа. Добро тоа баш не е нешто различит вкус, ананасот не е толку благ, па ми убаво одеше.
Инаку, во секојдневната исхрана не практикувам.
10.06.2013, 13:30
srculko
68
Ne mesam vkusovi odednas no mi se slucuva da jadam nesto blago pa po nekoe vreme kiselo ili soleno i ne mi smeta izgleda imam zdrav zeludink a i edno 3-4kg visok
10.06.2013, 13:30
Pepelaska *
3820
Само мед и маргарин јадам заедно, друго не мешам
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
10.06.2013, 13:32
Calypso
1386
Пржени лепчиња, мачкани со домашен мармалад, и плус сирење. Оргазам!
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
10.06.2013, 13:35
vezilka RR
4931
Не мешам јас..не можам да поднесам благо со солено никако. Колешкава на пример јаде смоки со ерокрем. Лелеее, страшно.
10.06.2013, 13:58
Bethany
4534
Е добро сега ме потсетивте, јадам јас соленки со еуро-крем, тоа многу сакам! И пржени лепчиња со мармалад, мх мх..
10.06.2013, 14:04
Еки82
95
Специјалитет на домата ни е: лепче, маргарин, мармалад и ајвар! Сите го јадеме, многу интересна комбинација е пробајте си. Си додаваме и сиренце на страна
А пржени лепчиња со еурокрем ми се од омилените мешанки.
10.06.2013, 16:05
sandriana RR
2924
Маргарин со мед, или маргарин со мармалад е единствено благо солено што мешам дома. Инаку, кинеските варијанти на слатко - кисело исто така ми се допаѓаат, ама дома не би експериментирала да ги мешам.
10.06.2013, 16:49
Snowhite RR
5042
Другарка ми каде смоки со крем бананчина, јас не мешам
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
10.06.2013, 16:55
Martins mom
3342
Свеки моја е пример за вакви мешавини, не можам ни да ги пишам. Од ова , само што ќе помислам, ми иде да исповратам . Еден пример само...еурокрем на лепче и домат
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
10.06.2013, 17:06
niki
4299
lubenica sirence i lepce grozje sirence i lepce rokfor sirenje (muvlosano sirenje) so cokolado solenki i euro krem jadev porano sega izbegnuvam kiselo mleko, kiseli ovoski i med
< Поракaта ја уредил niki -- 10.6.2013 17:07:23 >
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
10.06.2013, 19:17
blond
1268
Крем и јогурт. Е па обожавам!!! А мм јаде риба и кисело млеко. Исто така меша и кисело млеко со шеќер
10.06.2013, 21:55
elenak
2004
Пред малку пробав солени стапчиња Хелоу со еурокрем, мммм колку било вкусно
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
10.06.2013, 22:27
moni teo
351
lubenica lepce i sirence mmmm kako mi se jade sega
11.06.2013, 19:13
Carrie RR
326
Смоки со чоколадо само! Мајка ми јаде грозје, лепче и сиренце и не сум пробала, а ме убадува дека е вкусно
11.06.2013, 20:12
ole2004
686
Solenki so krmce
11.06.2013, 20:57
Martins mom
3342
Да ви кажам моментално што јаде свеки : Оцет, вода и шеќер...и лепче си има надробено внатре, како попара
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
11.06.2013, 22:33
Felly RR
7977
Татко ми јаде лубеница и сирење, аа има луѓе пак што јадат кисело млеко со шеќер или макарони со шеќер.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
11.06.2013, 22:37
moni teo
351
бљак
12.06.2013, 02:29
ivoni4ka
903
јатрва ми е лидер варени макарони со сирење
_____________________________
12.06.2013, 08:02
moni teo
351
vareni makaroni i sirenje e ubavo ne e nisto cudno
12.06.2013, 08:11
bucko mal
1431
da be ova so makaronive nishto ne e cudno site taka jademe a mm jade pica so ananas