Сакав да се консултирам во вас, дали некој има такво искуство. Ми дојде во поштанско сандаче од агенцијата travelgr.up наградно патување или го Грција или Шпанија. Се јавив и ми рекоа дојди закажи интервју, и таа ми рече интервјуто трае два саати каде ви држиме предавање и после тоа си го зимате ваучерот. Мене ми личи на маркетиншки трик каде ке ми го губат времето. Искрено ако ми дадат за Грција би било ОК, но за Шпанија за двајца а за децата да доплакам не би имала шанси да идам. Има ли некој вакво искуство или да не си го губам времето џабе?
06.11.2011, 17:46
Snowhite RR
5042
Да, мене лично не, ама на моите пред 3 години од прилика им дојде по пошта и беа во Ск и некаде 2 часа биле таму, имало и други парови, им држеле предавање, во писмото пишувало да си изберат каде, неколку дестинации имало, ама кога отишле таму им рекле дека само во Шпанија можат да одат, па да си доплатиш ова, да си доплатиш она, ѓавол и пол и ништо од патувањето, добро што, мислам дека имаа и друга работа во Ск, не одеа специјално само на интервју, па го искористија патот да отидат и на интервју. Мислам дека бадијала само ќе губиш време, ама види пак распрашај се
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
06.11.2011, 21:41
mamamoni
492
истиот ваучер стигна и на адреса на нашата фирма, секоја година добиваме наградно патување но никако да се информираме за што станува збор
_____________________________
Daughters are another version of yourself, but only better !
06.11.2011, 21:51
anedespo
940
Finta pravat so toa, demek bez pari nokevanja, ama treba da platis za cistenje, za ova za ona. I pak ti doagja da platis nesto. Te otekuvaat 4 casa za da te ubedat da kupis 52 nedeli odmor za nekolku iljadi evra. Ama vidi moze ke ti bide interesno. Inaku demek ima nekolku lokacii i na site ja davaat Spanija i Kanarskite ostorvi.