за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Каков накит носевте на денот на свадбата? Сами си го купивте, ви го подарија, го позајмивте?
22.03.2010, 12:07
profesorica
5709
подарок од свекрва ми и свекор ми.ме однесоа во златара, си го одбрав комплет, огрлица, алка, прстен и обетки.комбинација бело/жолто злато и + дискретно штрас.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
22.03.2010, 12:12
jovanka
1745
zlaten nakit sekako podarok od svekor mi i svekrva mi vo zlatara sama si go biram vo konsultacija na mm i svekrva mi mislam tradicionalno se podaruva na nevestata zlaten nakit za svadba.No dokolku sega bi pravela svadba ima mnogu prekrasen nakit od belo zlato i nakit od tipot na svarovski,tomassabbo koi vo svoite kolekcii imaat isklucitelni parcinja na nakit.
< Поракaта ја уредил jovanka -- 22.3.2010 12:13:08 >
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
22.03.2010, 12:43
penelopa
3419
Накитот за свадба ми го купи сопругот. Бидејќи не сум голем љубител на злато, единствено што сакам се обетки па затоа си купив од Swarovski плус нараквица комплет. Од свекрва ми добив плус накит и од бабата на сопругот што се пренесува на помладите, традиционално. Но пак велам, не сакам ланчиња и сл. и многу ретко носам.
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
22.03.2010, 13:03
Cacko
1127
ne sakav da mi kupuvaat zlato ni negovite ni moite,posto i ne nosam mnogu(da ne recam ic ) i posto mnogu ubavo mi odgovaraa edni obetki i ogrlica podarok od mm od prethodno,nesakav da kupuvame drugi za dzabe.btw site se cudea kako toa ne mi kupile zlato negovite e taka ,NE SAKAV
22.03.2010, 16:37
melody
743
Od nakit nosev obetki bizuterija sto mi odgovaraa so fustanot zatoa sto zlato ic nesakam ama sepak dobiv na svadbata prekrasna ogrlica i obetki belo zlato od najmaliot brat na maz mi pa sakala nesakala mi ja stavija na vrat Inaku tuka e adet na svadba na nevestata i davaat site pokaneti gosti poklon zlatna alka i ja redat cela sto mene mi e bljaaak ama koga ke podrazmislam podobro sto ubavo taka da si soberes od svadba pari za cel eden stan i kola se razbira vo zavisnost od toa kolku gosti ti dosle (da ne me razberete pogresno nie go nemavme dovolniot broj na gosti za toa )
02.01.2011, 23:56
Natuska85
3613
Јас носев само обетки и алка на Сваровски,ептен беа дискретни.Такви и сакав да не се примеќаат многу,за фустанот да си дојде до израз
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
25.06.2011, 18:43
AnnaMolly RR
6409
Јас се утепав од убедување со свеки да не ми купува накит, а бе кога запна да купела, ме пукна! Ми вика: „Што да кажам кога ќе ме прашаат на работа што сум и купила на снаата?“ Е, добро, аман купи ми. Сама си ги одбрав, обетки, прстен и огрлица. Огрлицата ја носев само на свадбата и никад више, не сакам накит. Обетките ми се скршија, а прстенот не го носам зашто и овие два што ги носам (веренички прстен и бурма) ми се и повеќе од доволно.
_____________________________
Live and let live
25.06.2011, 20:33
Maca25
7558
Мене моите ми го купија накитот - прстен, ланче и обетки од бело злато. Само прстенот го носам и се каам сега што дозволив да ми купат, затоа што ама ич не носам накит.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
08.12.2013, 21:20
Mihaela 2010
4230
Mene nakitot bas me izmori. bidejki bev malku trudnicka i uste toa mi ostana ajde niz carsija so majkami i snaami abe puknav. Nosev bizuterija taka raskosno lance obetki i edna alka. ama dusa mi izleze
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
10.12.2013, 00:26
nataly86
534
Najlesen del mi bese izborot na nakit...znaev tocno koj obetki gi sakam od swarovski otidov i si gi kupiv
31.01.2014, 15:24
Kvisko
1325
И мене не ми беше тежок изборот. Си одбрав огрлица, обетки и алка од бело злато уште за веридбата и знаев дека ќе ги носам на свадба. И ден денес ги носам на свечени и специјални прилики и секогаш добивам комплименти за нив.
31.01.2014, 15:34
andrijance90
176
Jas za svadbava sega planiram samo obetcinja da nosam od swarovski visecki so kristalcinja, seuste ne sum gi kupila samo razgleduvav, i eventualno alka isto nekoja nezna. Lancinja ne sakam voopsto, dovolno e sto korsetot na vencanicata ke e ukrasen plus i kosata ke mi e pustena taka da nema potreba od lancinja
20.05.2014, 15:58
Mila mamicka
387
Од страна на накит, на свадбата носев само обетки (поклон од мм за претходниот роденден, од Сваровски) и вереничкиот прстен. Ама, за веридбата добив од свекор ми, свекрва ми и девер ми прекрасен комплет (огрлица, алка и обетки) од бело злато, и многу си го сакам. Ги носам секогаш кога ми одговараат на гардеробата, а и онака сум љубител на злато, па си носам секогаш.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
20.05.2014, 23:45
deluxe
2479
Накитот на мојата свадба ми беше од бело и жолто злато огрлица и обетки со кристали .Тие си ги добив подарок за веридбата од мм,а си ги избрав јас.Многу се нежни и свечени,затоа ги носам само на посебна гардероба и во специјални прилики
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
30.11.2014, 00:22
scared RR
1349
Имав само обетчиња и алка кои си ги направив во Олимпија во Беверли ( мислам нема кој не ја знае, врв е за свадбен накит) и ми беа во склоп со венчаницата, а да заборавив имав и венче исто таму направено , се беше во склоп со целата венчаница, нежно, не нападно, токму какво што сакав