Долго време се мислев дали да пишам, само за да не личи како фалба Пред некој ден кога го носев Мартин на развојно советувалиште, докторката ми рече дека моето дете било реткост, дека треба да се работи со него, ама штета што ни е ваква државичката, па не нуди ништо за ваквите интелегентни деца Ајнштајн е роден Тоа беа зборовите на докторката Ало жено па моето дете има само 18 месеци и како што кажа весна погоре знае (добро не 10-тина, ама 70-тина ) збора повеќе од двегодишните деца, брои до 10 и собира (пр. 2 и други 3, тоа се 5 топчиња), ги знае и изговара и имитира скоро сите животни што ги имаме во албумот, рецитира и пее повеќе од 20 песнички и што ми е најчудно разликуваме веќе 5 бои:црно, бело, зелено, црвено и жолто. Зборуваме буквално се, ама баш се и знаеме форми круг, коцка...и големина, мало, помало, најмало, поголемо...Ги знае сите жители на нашата улица по име и кажува тој му е татко на тој и тој, онаа му е баба на оној, значи и сродствата ги научил
Не сум го форсирала ништо, ама уз игра тоа што ќе му го кажам, му влегува во глава.
< Поракaта ја уредил Martins mom RR -- 25.8.2011 8:43:33 >
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.