cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Најлуда работа

  
clock-img

23.07.2010, 22:51

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Да се потсетиме малку на нашите поранешни, одамнешни или скорешни лудости и да ги поделиме тука user posted image

Која е најлудата работа што сте ја направиле? user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

23.07.2010, 23:06

clock-img

niki

pencil-img

4299

а ти ќе ни кажеш?user posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

23.07.2010, 23:09

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

user posted image user posted image user posted image Ме изнасмеа Ники - па сигурно има - штом отворив ваква тема user posted image user posted image user posted image Само чекав да видам дали некој ќе има храброст и ќе го скрши мразот user posted image Има таков или да бидам прва? user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

23.07.2010, 23:10

clock-img

Idna mamica

pencil-img

161

Завленувањето во Рингераја семејството  user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

clock-img

23.07.2010, 23:12

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461


ИЗВОРНА ПОРАКА: Idna mamica

Завленувањето во Рингераја семејството  user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image



user posted image user posted image user posted image З'ш така Идна мамица? Толку сме луди? user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

23.07.2010, 23:21

clock-img

niki

pencil-img

4299

моментално најлудо сметам дека ми беше запознавањето со мм, на кој налетав на интернет и се омажив за него бреuser posted image
инаку имало сuser posted image с на чудни места, тотално неприкладни и непримерни за такви работи, ех младост лудостuser posted image
генерално сум си мирна јас, не лудувам, не пијам, не пушам, не конзумирам опијатиuser posted image доста ми е музика и друштво да се изиграм и тоа ми е врв лудило


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

23.07.2010, 23:25

clock-img

kromitce

pencil-img

52

user posted image

clock-img

23.07.2010, 23:28

clock-img

niki

pencil-img

4299

ИЗВОРНА ПОРАКА: kromitce

user posted image



user posted image на темава се бара пост минимум 100 збора за да се добие право за користење смајлијаuser posted image
молам почитувајте го правилотоuser posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

23.07.2010, 23:31

clock-img

kromitce

pencil-img

52

ауууууу... извини не знаев за правилото ама понатаму ке се придржувам кон истото

clock-img

23.07.2010, 23:33

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Ај да не должам user posted image Можеби не е најлуда, но една од моите луди работи е user posted image user posted image user posted image

Беше лани, јули месец, значи пред една година. Бевме потскарани со дм (малку повеќе, посериозно), а јас имав гостинка-колешка од факс тие дена. Беше вечерно време, се зафркавав на skype и одеднаш ми дојде идеја - ми светна сијаличката user posted image user posted image user posted image - да променам статус на фб (ми беше - in relationship или single), па без многу размислување ставив - engaged user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image и се газев од смеа user posted image Само што сменав, се исклучив јас, се вклучи другарка ми и пиша: " Честито срц кој е среќникот? :) " Во тој момент, една друга наша драга колешка и'' пиша неа на chat: Што е работата? (за мене - новоста user posted image ) Оваа веднаш - logout и се газевме од смеа user posted image user posted image user posted image Гледаме фрчат коментари - честитки, си гледаме сеир user posted image user posted image user posted image Го оставив така до наредниот ден попладнето кај 17ч. Си бркавме ние работа, а мене само во тоа ми е мислата user posted image и да не стигне до тој што не треба user posted image Ми се јавува друга другарка на телефон, зачудена, ме прашува дали е вистина (претходниот ден зборувавме на телефон, па беше видно изненадена user posted image ) и ме известува дека сите на фб ми честитаат user posted image И кажав дека не е точно, се разбира, но и'' реков да не кажува. Кога стигнавме дома - гледам - се намножиле коментари, меѓу кои и од дм: "Што ти е жена, ти ја мислиш верна, таа верена :) " Тоа го видов на mail, на фб го немаше - го избришал по некое време. И ај си реков - доста е од играта, на ѕидот објавив: "Свршувачката сврши, сите среќни и весели" - така нешто, можеби не баш со тие зборови. Па имаше коментари од типот "Ви велев дека се зафркава со нас?" user posted image Потоа се вратив на single, па in relationship и на крај - без статус. Доста беше од љубопитни очи и уши, си реков - a little privacy user posted image

< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 23.7.2010 23:36:23 >


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

23.07.2010, 23:37

clock-img

niki

pencil-img

4299

ИЗВОРНА ПОРАКА: kromitce

ауууууу... извини не знаев за правилото ама понатаму ке се придржувам кон истото



и пак не ни кажа некоја лудорија

Битолчанке, почнуваш со се скаравме со дечкото и седиме со другаката...ауф си реков каква превараuser posted image
а тие си играле на фејсбукuser posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

23.07.2010, 23:40

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Битолчанке, почнуваш со се скаравме со дечкото и седиме со другаката...ауф си реков каква превараuser posted image
а тие си играле на фејсбукuser posted image



Мислиш - превара со женско? user posted image user posted image user posted image No way user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

23.07.2010, 23:45

clock-img

kromitce

pencil-img

52

па не ми текнува сега нешто ама ми беа интересни постовите и ги читав. инаку вака доцна во ноќта мозочниве ќелии ми се при крај со силите. инаку си легнувам многу рано ама ме замајавте бре девојки со вашиве муабетиuser posted image

clock-img

23.07.2010, 23:46

clock-img

niki

pencil-img

4299

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka




Мислиш - превара со женско? user posted image user posted image user posted image No way user posted image user posted image user posted image



user posted image прва мисла, без да дочитамuser posted image ич ама ич не претпоставив дека е нешто поврзано со фејсбукuser posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

23.07.2010, 23:46

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Ај кога ќе се сетиш ќе ни кажеш. Мене навечер вакви теми ми доаѓаат, дење не ми работи баш мозокот - текнувалото user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

23.07.2010, 23:48

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka


Мислиш - превара со женско? user posted image user posted image user posted image No way user posted image user posted image user posted image



user posted image прва мисла, без да дочитамuser posted image ич ама ич не претпоставив дека е нешто поврзано со фејсбукuser posted image



user posted image user posted image user posted image Така ти оди тоа - брза мисла, а некогаш човек и знае да изненади - денес во никој не треба да се има 100% доверба user posted image user posted image user posted image


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

23.07.2010, 23:55

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

-Во Бугарија на сред плажа полна со Блгарчета, се дерев: ЕЈјјјјјјјјјј селани, дојдоа Бугариња, сакаат магариња!!!
-џин-тоник, џин-тоник,џин-тоник и така не знам колку и на крај текила и се заонадивме со мм user posted image    меморија- црна дупка другиот ден user posted image user posted image user posted image

Инаку има мнооооооогу ама повеќе глупи ми изгледаат него луди user posted image user posted image


< Поракaта ја уредил виктори -- 23.7.2010 23:56:42 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

23.07.2010, 23:57

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

24.07.2010, 00:24

clock-img

kromitce

pencil-img

52

 еј ми текна ама ова е повеке  трагикомично
пред неколку години на одмор со мм и син ми во Будва, се сместивме и ај да се прошетаме. го ставивме малиот во количка и утепавме неколку саати низ град чунки да го запознаеме градот. кога да се вратиме во куќата, го нема мовчето што се наоѓаше пред неа. пројди еднаш по улицата-нема, пројди уште еднаш-пак нема. влегов во една продавница и ке прашувам оти знам до куќата имаше пекара, а таа ми вика " тука има преку 50 пекари". мене паника ме фати пројде пола саат абер нема од мовчето.
детево си спие во количка, јас вријам од нервоза а мм- ај да седнеме на клупа да испушам една цигара.
Му викам а бре ти нормален ли си ај у полиција да одиме човече се изгубивме.
уште неколку пати пројдовме по улицата а сиротото мовче цело време ни било пред очи ама немало кој да го видиuser posted image

следниот ден кога станавме од спиење што да видам малиот од глава до пети изеден од комарци, цел со отоци.user posted image

clock-img

24.07.2010, 00:30

clock-img

nadica

pencil-img

4381

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image  има повеќе ама еве сега ми падна на памет една user posted image  
последната год во ск живеев во студенски дом к.ј.питу или попознат како кузман цимерката беше 5 год помала од мене ама јас и парирав во лудориите  user posted image  имавме комшивка која обожаваше низ соба да оди со штикли а ѕидовите од картон па стандард не будеше по враќање од бољи живот но мојава цимерка една вечер ја дочека и по пижами облече штикли и низ соба па рече и пред врата ќе одам да ја развеселам а јас во тој момент ја заклучив надвор па од смеа уште 10-тина мин неможев да и отклучам ама затоа комшивката излезе и ја поздрави user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

24.07.2010, 00:32

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Ќе се присетувам и ќе пишувам на оваа тема user posted image

Додека бев во Љубљана, секојдневна комуникација со дм и моиете беше по skype, да е здрав и жив оној кој го измисли skype. И вообичаено се договаравме претходно како сме со обврски следен ден и кога да се чуеме и ако има промена со смс менуваме термин user posted image .  И така беше еден ден бев излезена по некои обврски, баш околу Рингераја и стартување на Рингераја во Македонија (на работен состанок со основачот на Рингераја, инаку и мој професор - Јака). Рингераја просториите во Љубљана се малку надвор од градот кој не ми беше познат. Завршив со обврските и таман да тргнам накај дома, имајки ја во предвид мојата лоша ориентација во простор се качив на автобус но во спротивен правец и си ја опкружив цела Љубљана и ме врати пак на истото место user posted image . Си ја поправив грешката за следен пат, но тоа не беше се, видов дека ќе каснам доста за на skype и реков да му пишам порака на дм да знае дека ке дојдам да ме почека. И така си напишав една убава порака со објаснување дека ќе каснам .... во која ставив дека одвај чекам да се чуеме и нормални романтични реченици и завршуваше со зборовите ТЕ САКАМ и наместо кај дм пораката си ја пратив кај Јака (мој професор и колега). Најверојатно поради тоа што беше на last call.... и кога по некоја секунда се свеснав што направив, незнаев дали да се смеам или да плачам...Ајде прво реков да ја пратам на право место,па длабоко воздивнав и размислив ах колку би било убаво пораката да беше на кирилица бар немаше да ја разбере... но немав смелост да се јавам и извинам само пратив нова порака со објаснување за грешка... и одговор ах не грижи се сватив дека е за другого наменета штом е на македонски... user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Julie -- 24.7.2010 0:35:38 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

24.07.2010, 00:42

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

Џули ова е гарант  најмалер работа што си ја нпраила user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

24.07.2010, 01:14

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

еххх младост- лудост.... едно лето,мислам беше 2003-то бев јас во Германија на гости кај тетка ми... визата ми истекуваше на 10 Септември, и тогаш ми беше повратниот лет... арно ама не знам како, ми текна да си дојдам некој ден порано и да го изненадам дечко ми (тогашниот дечко де).... и све си договорив, сите знаат он појма нема... со другарка ми бевме договорени да му се јави дента да му каже дека сум пратила некаков поздрав за него, нешто во пакет и да се најдат вечерта да му го даде пакетот... (мора да напоменам дека отидов бринета, се вратив плавуша)...си седнавме на кафе ние две, и кроиме план како да се појавам... и викам „вози кај Работнички на паркингот, и отварај гепек да влезам таму“  Девојчево малку бледо ме гледаше, ама.... и така се стаив во багажникот, а они иначе се чекаат замислете во строг центар кај Мекдоналдс... излага другарка ми и му вика „отвори си сам пошто голем е пакетов, да го земеш ...“  отварање чоеков, рипање јас, он пребледе, што од страв,што од што не ме позна... таксисти у прашалници....  му требаше 2-3 саати да се соземе...


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

24.07.2010, 10:08

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Имав една другарка во основно Јуле со која заедно учевме, или кај мене или кај неа. Кога ќе учевме кај мене обавезно ни сметаше сестра ми, доаѓаше в соба, ни зборуваше, тропаше, пушташе музика...и мене ми дојде преку глава и ја искорнав за коса и и реков да биде мирна оти учиме. Таа се навреди и полека полека замина, ама нашла некој клуч, калауз, и не заклучи со Јуле в соба user posted image Не ни беше галје, ама кога дојде време за на училиште почна паника да не фаќа, ја молиме Емилија да отклучи - не сака! Ја молиме, викаме, се закануваме - ништо, не отклучува!
Бидејќи беше прв спрат од куќата пенџерето не ми се виде многу високо, па решив да се спуштам некако. Извадовме еден чаршав за спиење од регал, го завиктавме демек како јаже, Јуле држеше, а јас се спуштав по него user posted image user posted image user posted image Како на филм user posted image
Кога и појдов на сестра ми, кога ме виде потскокна од страв, ама ништо не и направив, задоцнети бевме user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

24.07.2010, 10:11

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

ИЗВОРНА ПОРАКА: Jasmina27

еххх младост- лудост.... едно лето,мислам беше 2003-то бев јас во Германија на гости кај тетка ми... визата ми истекуваше на 10 Септември, и тогаш ми беше повратниот лет... арно ама не знам како, ми текна да си дојдам некој ден порано и да го изненадам дечко ми (тогашниот дечко де).... и све си договорив, сите знаат он појма нема... со другарка ми бевме договорени да му се јави дента да му каже дека сум пратила некаков поздрав за него, нешто во пакет и да се најдат вечерта да му го даде пакетот... (мора да напоменам дека отидов бринета, се вратив плавуша)...си седнавме на кафе ние две, и кроиме план како да се појавам... и викам „вози кај Работнички на паркингот, и отварај гепек да влезам таму“  Девојчево малку бледо ме гледаше, ама.... и така се стаив во багажникот, а они иначе се чекаат замислете во строг центар кај Мекдоналдс... излага другарка ми и му вика „отвори си сам пошто голем е пакетов, да го земеш ...“  отварање чоеков, рипање јас, он пребледе, што од страв,што од што не ме позна... таксисти у прашалници....  му требаше 2-3 саати да се соземе...



Јако ти било изненадувањетоuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

Последни статии

article-img