Или друга верзија, што ја имам слушнато од старите (баби, дедовци): убавите круши ги јадат свињите. Насловот на темава го прочитав како фраза некаде, и ми се надополни со старава изрека. Ајде да продискутираме за ова- какви се вашите ставови, дали мислите дека има вистина во ова? Солзи, од која причина? Дали убавиците се секогаш љубовници, никогаш сопруги? Дали мажите се плашат да имаат покрај себе убава жена, или се посесивно љубоморни, па ги чуваат како во затвор? Дали жените - другарки, колешки се завидливи и љубоморни на поубавата жена, дали ја гледаат како соперничка, па овие немаат вистински пријателки? Дали претпоставените (ако се мажи) или машки колеги, соработници ги гледаат овие жени како сексуален објект? И дали интелектот им е засенет од убавината? Да мора да го чуваат во позадина, а да делуваат со физикусот, па и од тука незадоволство? Што мислите за ова?
22.01.2013, 12:42
vezilka RR
4931
Прашањето е дали убавите жени имаат полесен или потежок живот. Хм, не знам..за мене тоа е стереотип, тоа што го наведе, дека треба интелегенцијата да ја држат на sted by оти така другите ги перцепираат. Додуше некои може стварно така ги перцепираат, ама пак мислам дека зависи од тоа како ќе се постави човек. Дури мислам дека некогаш се и во предност од неколку причини, ако некогаш не дај боже, тоа им е единствен начин да ја завршат работата, барем можат да го употребат. Некој што не е убав, колку и да сака, не може да го уптреби како средство, оти нели го нема А ако го имаш, можеш да размислуваш дали ќе го употребиш или не?
22.01.2013, 13:33
vesna1
345
Jas smetam deka ubavite zeni imaat prednost na sve vo zivotot. Uste ako i se intelegentni imaat totalna prednost. Koj sto saka neka rece site go gledaat prvo fizickiot izgled a posle go zapoznavaat covekot kako karakter. Na pr. koga ke otidat na intervju za rabota se kladam deka imaat prednost nad poruznite so isti kvalifikacii. Toa go primetuvam po sebe,porano kako devojce bev mnogu ubava i nemase masko sto koga ke sakav da zavrsam nekoja rabota na salter ili bilo sto nemase da mi ja svrsat.Samo da se nasmevnes,i nekoj ljubezen zbor i odma trcaat.Sega se zdebeliv preku 30kg i sebesi se smetam za ruzna posto vise ne licam na sebe i nikoj ne mi obrnuva vnimanie. Sega se soocuvam i so toa so MM vise ne me saka kako porano.Mi vika licam na debelo prase i da znael deka vaka ke se zdebelam nema da se ozenel so mene. Jas mu vikam najdi si nekoja slaba,izgleda se ozenil so mene za fizickiot izgled. A sto mi fali so fakultet,so magistratura,plus so Microsoft industriska diploma, so dobra rabota sto nosam poveke pari od nego, mu rodiv dve deca, mu cistam, mu gotvam,zivee vo moj stan i necinam.Iskreno on za mene e glup,i za nekoi raboti od oblasta na tehnikata nemozam da razgovaram so nego.Koga ke pocnam da mu objasnuvam on me gleda bledo i mi vika ne me zamaraj so tie gluposti, ne svakam. Ama izgleda fizickiot izgled go pravi svoeto,vise ne sum mu privlecna za seks. Ali treba i intelegencija. Ima i takvi devojki ubavi no da ne kazam mrzelivi ne zavrsuvaat fakulteti,ne investiraat vo svoeto znaenje taka da ostanuvaat samo kukli za pokazuvanje. Najubavo e covek da gi poseduva i dvete.
22.01.2013, 13:47
Bilence2
727
Bas taka, najubavi e da gi imas dvete, pamet i ubavina. Na mm mu vikam nauci me da menuvam guma, oti ne znam, ke mi se dupne guma negde ke ostanam so racrte vo dzeb. Mi objasnuvase koi se alatite kade se, kako se upotrebuvaat i na krajot mi vika, vprocem sto ti objasnuvam, zensko si10 mazi ke uletaat da ti smenat guma:) ja mu vikam, e ne sum sega ona sto bev prethodno, baska koga ke go vidat detskoto sediste pozadi ne bi rekla deka ke uletaat. A sin mi mi vika, mamo treba da imas crna kosa za da ti smeni nekoj guma ete masko razmisluvanje. Ubavinata definitivno se isplatuva.
_____________________________
A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.
22.01.2013, 15:23
Mihaela 2010
4230
Spored mene zavisi...se slozuvam deka polesno pominuvaat,kako sto pisaa pogore,ubava devojka,malku nasmevka i pobrgu ke si zavrsi rabota,ova od iskustvo bidejki rabotam so stranki,i gledam kolegive kako se odnesuvaat so poubavite devojki... jas pred da ostanam trudna se smetav za ubava devojka,iako i sega sum ubava ( da ne me sfatite pogresno deka se falam),no sepak ne sum zadovolna od izgledot poradi 5-6 kg visokot na kilogrami,nemanjeto na vreme da se potsredam i tn...ama ke si kazam eden primer Kako devojka na 22-23 god barav rabota i mi preporazaa edna firma za depilacija,t.e proizvodi za depiliranje prodavaa pa im trebase prodavacka...otidov se vidov so gazdata,imase edna vraboteno,koja bese debela,nekoja godina postara od mene i navistina za nea bev izmislena a sepak si rabotese tamo so godini.... i razgovorot pomina ok,koga na kraj gazdava mi vika:aj sega stani i prosetaj malku po dukanov da te vidam kako izgledas i nadolu...jas onakva zaprepastena ostanav,samo si stanav i mu rekov:tebe ti treba prodavacka ili manekenka? i nemam namera da ti stanuvam i da ti setkam tuka budalo edna,i stanav si otidov...lele po pat se ubiv od placenje,stvarno mi bese krivo ,be te tretira ko mivka nekoja..koj znae moze i svalerka si barase coekot Spored mene treba da se gledaat kvalitetite na covekot,toa sto go nosi vo sebe...ne za djabe rekle lepota je prolazna...
23.01.2013, 10:37
niki
4299
ubavinata nikako ne ja smetam za izvor na nesreka, nitu pak kako nekoja osobena prednost, se zavisi koj kako ja nosi a bogami i koj kako ja gleda smetam deka vo odredeni profesii treba da se ima predvid i fizickiot izgled koga se raboti za usluzni dejnosti ili na televizija preferiram skladni uredni i nasmeani faci nasproti nekoi namkori pa uste i ako ne se ubavi seedno ne bi sakala na intervju za rabota da moram da se vrckam za da me procenat, rabotam usluzna dejnost i ako izgledot moj ne gi zadovoluva nivnite kriteriumi preferiram diskretno da me odbijat otkolku da mi baraat da paradiram pred niv
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
23.01.2013, 11:15
sandriana RR
2924
Aјде да Ви презентирам еден пример од скоро - атрактивна девојка, интелектуалка, на свои 36,7,8 години, сингл, со висока и одговорна функција во фирма на газди. Заработува екстра за нашиов стандард, но го жртвува приватниот живот. Сама кажува дека е сама бидејки ја изневериле партнерите во неколку долги врски и сега е разочарана на тоа поле, па утеха и' е кариерата. Е, сега и моментот -кариера- е дискутабилен, пошто го има достигнато врвот во фирмата, нема каде повеќе, а условно велам -жртвите- што ги прави за газдите и фирмата се банални и мазохистички, и немаат врска со професионален напредок (потрчковска работа за време на празници). Дали овој пример е поткрепа за насловот на темата и прашањето?
23.01.2013, 11:26
Ikana
3780
Според мене, убавината е предност, но далеку од тоа дека најубавите круши ги јадат свињите. Примеров што го даде Сандриана е многу убав од аспект на како не треба. Според мене разочарување од љубовен живот не треба да се преведе во апстинирање од истиот. Нормално дека на работно место се очекува одредена ефикасност, но и презентабилност. Знам само дека во бизнисот многу е важно и како изгледаш, а посебно во услужни дејности или телевизија/филм. Има и грди актери и актерки не викам не, но сигурно нема да ги најдете како глумат принцези. Ако знаеш како да ја искористиш убавината, тогаш нормално дека ќе ти оди во прилог. А разочарувањата во животот им се случуваат и на убави и на неубави луѓе, зависи само кој како се носи со тоа.
23.01.2013, 11:27
Bethany
4534
Примерот што го кажаа на мене ми представува само еден личен избор што девојката го направила. Самата се посветила на кариера и избира да своето слободно време користи така што ќе се жртвува за работа. Разочарување не постои само кај убави и паметни девојки, сите луѓе на планетава проаѓаат кроз исто, само прашање е што ние ќе направиме понатаму, како се справуваме со тоа. И сметам дека нема генерално правило да е така, и помалку убави девојки, да не речам грди за овој светски стандард, страдат и тоа многу... од можеби сосема различити, па може и исти причини.