Разговарајте отворено за сексот
Постојат пријатни и непријатни разговори. На повеќето родители им е непријатно да разговараат со своите деца за сексот, иако според научниците и психијатриите тој разговор треба да се направи. Кога еднаш ќе го започнете ќе видите дека тоа не е тешко. Еве неколку совети кои треба да ги примените кога разговарате за сексот со вашите деца.
Сексот не е тема која треба да се избегнува. Со избегнувањето само ризикувате вашето дете да стане од оние на кои тоа „случајно“ имале секс. Разговарајте отворено со нив и објаснете им ги следниве работи:
1. За почеток признајте дека сексуалноста е позитивна работа. Ако за сексот зборите дека е негативен и дека не смеат да го прават, тогаш вие ќе бидете исклучени од понатамошните разговори за сексот, бидејќи тие нема да сакаат тоа да го слушаат.
2. Иако за сексот е полесно да за разговара со девојките, бидејќи можете да почнете со менструацијата, машките не смеат да бидат изоставени. Секако, тешко е разговорот со вашиот син да го започнете со „влажните сништа“ или со ерекцијата, но можете да најдете начин како да им објасните дека сето тоа е нормално. Потрудете се за ерекцијата да зборувате отворено и немојте да лажете и да ги избегнувате прашањата. Последните истражувања открија дека девојките се далеку повеќе информирани за своето тело отколку момчињата.
3. Сексуалното однесување објаснете го како романтична работа. Потрудете се да објасните дека сексуалната привлечност започнува со насмевка, продолжува со бакнеж и допирања и на крај со секс.
4. Морате да имате различен пристап кон момчињата и девојчињата. Кај девојките примарно што треба да објасните е дека мора да знаат да кажат „Не“ на дечкото ако нешто не сакаат. За момчињата пак примарно е да ги научите дека не смеат да навалуваат и дека мора да ја почитуваат својата девојка.
5. Објаснете им ја опасноста од оралниот секс. Оралниот секс денес е сфатен како нешто лесно, нормално и секојдневно. Објаснете им дека оралниот секс не е сигурен секс и дека преку него исто така може да се добие HIV вирусот и некои други сексуално преносливи болести.
6. Поврзете го сексот со емоциите и љубовта. Иако тоа е физичка активност, сексот е поврзан со емоциите. Ставете го сексот во контекст на љубовта и водењето на љубов. Објаснете им ја поврзаноста на луѓето. Ставете им до знаење дека обично кога ќе дојде љубовта тие стануваат ранливи и поради тоа мора да бидат силни, но и да уживаат кога во стомакот имаат пеперутки.
7. Разговорите за сексот не мора да бидат резервирани само за мајките или само за татковците. И двајцата родители мора да дадат свој придонес, иако е подобро со синовите да разговараат татковците, додека со ќерките да разговараат мајките.
8. Ако не знаете како да им ги објасните сите работи, тогаш послужете се со телевизијата, книгите, магазините и интернетот. Искористете ги сите работи со цел подобро да им го објасните сексот на своите деца.
извор- идивиди