Водич: Како да не те вратат од граница
Советот на ЕУ вчера донесе одлука со која ја промени регулативата 539/2001 на Унијата со основна точка која вели дека Македонија, Црна Гора и Србија се префрлаат од црната на белата Шенген листа. Втората точка вели дека граѓаните на овие три земји се "ослободени од обврската за вадење визи за краткорочен престој, но без можност да работат во државите членки на ЕУ". За работа во ЕУ потребна е посебна работна дозвола од земјата за која се аплицира.
Во одлуката стојат и следниве технички детали за спроведување на оваа одлука:
- влез во земја од Шенген зоната важи само за лица со биометриски пасош (досега се издадени над 600.000 такви пасоши, што е 75 % од граѓаните што поседуваат пасош)
- престојот во Шенген зоната може да биде до вкупно 90
дена во рок од шест месеци
- за престој подолг од 90 дена потребна е посебна дозвола,
која ја издава амбасадата на соодветната земја
- пожелно е патниците да имаат здравствено или патнич
ко осигурување, резервација за хотел или, пак, информации
за лицето кај кое ќе престојуваат (роднина, пријател и
слично)
- гарантно писмо од лицето кај кое ќе се престојува не е
задолжително, освен ако со него се потврдува дека тоа ќе
ги сноси трошоците за престој во земјата
- пограничните власти ќе го имаат дискреционото право
да прашаат со колку финансиски средства располага патникот
и да проценат дали тие се доволни за престој во конкретната
земја
- ако случајно на патникот му биде одбиен влез, тој ќе
треба да добие писмено образложение, по што ќе може да
се жали во соодветната амбасада.
Без визи во 28 земји
Македонските граѓани ќе можат да патуваат без визи во 28 земји. Тука влегуваат 25 земји членки на ЕУ (Ирска и Велика Британија не се во Шенген зоната), плус Швајцарија, Норвешка и Исланд. Бугарија и Романија, иако не се дел од Шенген, сепак ќе ја почитуваат одлуката на ЕУ. Проблемот со Грција, која не ги признава македонските пасоши, ќе се реши со тоа што грчките погранични власти печатот ќе го удираат на посебен лист кој ќе се издава на границата.
Македонските граѓани без визи ќе може да патуваат во следниве земји:
Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Норвешка и Исланд.
Со стар пасош само додека ви трае Шенген визата
Оние лица што имаат стар пасош, а во него имаат важечка Шенген виза ќе може да патуваат во ЕУ. За нив ќе важат правилата за визно олеснување кои важеа пред укинувањето на визите. Амбасадите во Скопје нема да издаваат краткорочни визи, така да оние граѓани кои имаат едногодишна или повеќегодишна виза во стариот пасош не мора да брзаат со негова замена се додека им важи визата.
извор: Вест
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.