Понекогаш нештата не функционираат онака како што сме ги замислиле. Еден од тие примери е венчавката, која од најсреќниот момент од нашиот живот лесно може да се претвори во вистински пекол. Сепак постојат определени знаци кои можат да ни посочат дека бракот нема да успее уште пред да започне.
Невестата не му дозволува на младоженецот да учествува во планирањето на свадбата
Во овој случај нештата тргнале лошо уште од самиот почеток. Вообичаено браковите во кои жената доминира во планирањето на „големиот ден “ траат многу кратко бидејќи партнерот се чувствува помалку вреден. Тие не се во состојба за заедничко донесување решенија.
Свекрвата зборува во името на зетот
Кога ќе се замеша мајката на младоженецот, ситуацијата станува навистина интересна бидејќи никој не може да го сака нејзиното „мало синче“ како што може таа. Одеднаш се излегува од контрола и венчавката не ја водат младите туку нивните родители.
Невестата троши половина од буџетот за свадбата на својот фустан Свадбите се скапи манифестации и прашањата поврзани со парите може да бидат особено чувствителни. Кога невестата зад грб троши големи суми пари на фустан или пак на поскап цветен аранжман значи дека не ги почитува одлуките кои што ги донеле заедно со партнерот. Ниту оваа ситуација не верува добар брак.
Невстата полудува поради ергенската забава Некои жени се подготвени да ја откажат венчавката ако нивниот младоженец реши да прави ергенска вечер со машко друштво во стриптиз клуб. Доколку жената не може да му верува на својот партнер пред бракот, што ќе се случи кога ќе станат маж и жена?
Младиот пар се кара пред организаторот на венчавки Без разлика колкава е љубовта помеѓу две личности, кога се планира голем настан нормално е да дојде до расправии. Сепак кога тие се случуваат пред организаторот на венчавки нештата се алармантни. Тоа значи дека во суштина партнерите не можат да се поднесат еден со друг.