cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Низ сито и прстен

clock-img

20.08.2009, 09:08

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Мами со коментарот ме поттикна за темава user posted image

Мамицки дали вие го гледавте идниот сопруг низ сито и низ венчалниот прстен.Се верувало дека доколку го видиш маж ти ни сито и прстен и три пати ја повториш реченоцата-НИЗ ПРСТЕН ТЕ ГЛЕДАМ ВО СРЦЕ ДА ТИ ВЛЕЗАМ- дека тогаш ке имаш убав брак и избраникот ке те слуша и сака тебе вечно.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

20.08.2009, 09:13

clock-img

mami

pencil-img

8680

Ние дека во ноември правевме свадба а дојдоа по мене во 5 попладнето беше темница и немав баш шанса да гледам а и не знев дека сеуште се практикува овој обичај некаде надвор од Галичка свадбаuser posted image

clock-img

22.08.2009, 16:49

clock-img

ripce

pencil-img

2148

го знаев ова со ситово и прстенот ама не го направив

clock-img

22.08.2009, 16:53

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Nie se odlucuvme svadbata da bide bez obicai. Taka da takvo nesto ne mozev da napravam

clock-img

22.08.2009, 17:16

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Јас мм го гледав низ венчалниот прстен и знам дека кажав нешто но не се сеќавам што точно сум ги заборавила не се сеќавам.user posted image

clock-img

23.08.2009, 14:32

clock-img

nadica

pencil-img

4381

не сум го правела ова ама интересен обичај ајде нека пишат тие сто го правеле и какво е нивното искуствоuser posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

23.08.2009, 17:53

clock-img

Nikolina

pencil-img

226

да јас го правев ова и обичај како обичај не мора да значи дека ако го направив и дека се ми е баш подмачкано имало и убави и неубави моменти,а јас за мојата свадба кај мене дома си правевме обичаи а од кај мажот ми па и не баш тие да речам како покултурни од нас т.е. е од поголем град не сакаа ви рекоа е да бе како селаните,селани или не ние си го напрравивме ќефот,јас сум голем љубител на обичаа едно забавно е и кога само ќе помислам дека и мајами и нејзината мајка го правеле тоа....а кога дојдов дома па кај мажот ми по иницијатаива на тетка му која и таа е од мал град ме пречекаа со слатко мед и вода и на влезот имаше поставено бела крпа и под мишките ми ставија два леба и ме однесоа во кујната и ми рекоа да ги пуштам одеденаш и кога паднаа двата паднаа исто и демек двете деца ќе ми биле истиuser posted image user posted image user posted image па ќе видиме здравје.

clock-img

23.08.2009, 18:41

clock-img

milijana

pencil-img

323

I jas mojot go gledav niz sito i prsten..toj do den denes ne znae za ovoj obicaj..a go napraviv poradi tetka mi..koja mi dade sito , niz prozorec gledav..ne se sekavam sto tocno povtoruvav..taa mi kazuvase.mene mi bese interesno..mlada bev..so 20 god..ama ne mozam da se pozalam.Imam ubav brak..i mislam deka mm me slusa , me saka.Sega dali e do toa..neznam.ama se sluzuvame..se sakame..taka.Pozz od mene do site.

clock-img

25.09.2009, 11:39

clock-img

mami

pencil-img

8680

еве уште еден интересен обичај..

Земањето на невестата, започнува со собирање на сватовите во дворот или во куќата на малдоженецот, се пее и игра со народна музика и заеднички се оди по кумот и по старосватот.

Од таму кога ќе се комплетираат сите се тргнува по невестата. По патот свадбената поворка е проследена од музика, песни. Сватовите одат во дворот на невестата каде што на портата стојат девојчиња од страната на невестата и ги китат сватовите. Додека пак сватовите по обичај им ставаат паричка на девојките кои китат. После тоа влегуваат во куќата каде што невестата е затворена во една соба. Невестата обично ја чуваат брат или братучет кои не го пуштаат младоженецот да влезе во собата туку му бараат да плати за да влезе. Откако ќе ја ”купи” невестата  таа ги поздравува гостите со добредојде, им бакнува рака и ги поканува на свечена трпеза во куќата или во дворот.

clock-img

09.10.2009, 08:50

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Кога го гледате идниот сопруг низ сито и прстен треба три пати во себе да ги повторите зборовите: Низ прстен те гледам во срце да ти влезам!

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

21.01.2010, 12:15

clock-img

mami

pencil-img

8680

Дали некоја го правеше ова? дали му кажавте на сопругот дека сте го правеле? како реагираше тој?

clock-img

21.01.2010, 12:34

clock-img

tereza

pencil-img

784

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Кога го гледате идниот сопруг низ сито и прстен треба три пати во себе да ги повторите зборовите: Низ прстен те гледам во срце да ти влезам!



Е ајде јас ќе го направам ова на мојата свадба кога ќе биде па ќе ве обавестам како ќе ни оди во бракотuser posted image user posted image инаку интересен обичај. Би го направила зошто да не.

clock-img

21.01.2010, 12:48

clock-img

betpet

pencil-img

302

Jas go napraviv, ne go znaev,no na svadbata mi go kaza edna tetka i go gledav mm niz sito i prsten, no ne gi kazav zborovite koi gi spomenuva profesorica, ne znaev za niv. No i bez niv za sega e dobro se slusame , se sakame i vo srce mu imam vlezeno.Brakot ni e dobar, imame mnogu razbirawe eden za drug i pokraj site maki sto gi pominavme zaedno.Koga mu kazav deka napraviv eden obicaj i go gledav koga doagase, toj toa go primi normalno i lubopitno, kako toa izgledase.
Gi napravivme i onie obicai koi gi spomenuva mami, i nenako se bese ubavo i tecese se vo najdobar red. Ubavo e, nemazenite neka probaat, pa kako vikaat tao ke ni ostane.

_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

clock-img

09.02.2011, 13:28

clock-img

stojanoskad

pencil-img

123

Golem skeptik sum na se sto nema logicno ili razumno potkritie.Pa i ovde neli!
Neka ne se najde nekoj navreden meguto pisuvam samo moe mislenje neli!
Pa brakot e tolku zaebana institucija(se izvinuvam na izrazot),kade sto treba mnogu poveke od sito i prsten.Znaci samo prazno sueverije!
Megutoa ako na ova gledam kako obicaj pa i mi se dopaga.
Vo edno predanie za svadbarskite obicai pisuvase vaka:koga momceto so strojnik doaga kaj nevestata za zbor,tatkoto na nevestata veli:Ova go zavrsivme,sega odi doma, i vsreda so kana crveno vino da mi dojdes,a jas sirum ke gi otvoram portite i ke ve precekam kako sto e red, kako svatovi!
Kolku samo ubavo kazano!

Последни статии

article-img