cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Нова тура на споменици

clock-img

18.01.2010, 09:28

clock-img

mami

pencil-img

8680

И додека некои дечиња остануваат без соодветна терапија и можност за лекување, нашата држава се повеќе се полни со споменици..Се прашувам- Навистина ли се толку потребни??


По Даме Груев во земјава стигнаа и лавовите. Уште еден камион од Фиренца се паркира на царинскиот терминал во Скопје. Од петокот кога пристигна, таму се уште седи возачот што ја донесе првата пратка од Италија за скопскиот плоштад. Мислел дека ќе го пренесува споменикот на Александар Велики.

„Овој треба да е внатре, Александар, но не е Александар Велики туку национален локален херој од овде“, изјави Јан Кокс, возач.Додека бил во Фиренца, видел камион со четири кутии кој се подготвувал за пат наваму. Од Фиренца колегите му јавиле дека дополнително се товарел уште еден камион за Скопје.
Бил и во леарницата Фердинандо Маринели, видел многу споменици, но не и споменикот на Александар Велики.„Не, не го видов. Бев во фабриката внатре, и видов многу статуи, имаше и мали и големи, дури и 4 метри високи споменици. Повеќето беа од римскиот период. Тоа е мала фабрика, но е преполна со многу статуи“, додаде Јан Кокс.
За спомениците на Делчев, Карев, Даме Груев, Александар на Букефал и 4-те лавови, власта плати 10 милиони евра. И оваа година дополнителни 7 милиони евра ќе се кешираат за изработка на останатите споменици кои треба да се леат па да се постават на плоштадот. Со тоа сумата ќе се искачи на 17 милиони евра. Лавовите што стигнаа се вредни милион и пол евра.Се најавува брзо да бидат поставени на мостот „Гоце Делчев“.Авторот на едниот пар лавови, Константин Јанев вчера не сакаше да потврди дека неговите лавови стигнуваат. Јанев не објасни ни како освен што ги изработи лавовите, сега е избран повторно на тендер како автор на новата ограда на мостот кај „Холидеј Ин“. Не ја кажа ниту сумата што треба да ја добие.

А1 Телевизија

clock-img

18.01.2010, 09:33

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

18.01.2010, 10:45

clock-img

bojanas

pencil-img

187

Со тие пари колку ли нови градинки и училишта ќе изградеа?user posted image

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

clock-img

18.01.2010, 10:49

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Epa sega nekoj treba da se bogati na grbot na graganite normalna rabbota mislam i opstopoznata

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

18.01.2010, 10:49

clock-img

caci20

pencil-img

1049

Жива срамота. А пари за породилно немаат. Не направија ништо за децава. Демек ги слушам на една дебата ќе се сликале децата пред нив за да не ја заборавеле историјата. Луѓето се сликаат пред нив за зезанција а не за восхит. Како пред оној бикот. кој поминува го јавнува бидејќи му се восхитува.

clock-img

18.01.2010, 11:02

clock-img

ostoun

pencil-img

436

Ne sum nesto voodusevena od spomenicive ama znam deka dr. vlast bi gi piknala tie pari vo nivnite dzebovi a za graganite ne bi imalo nisto vaka barem spomenicite ke ostanat

clock-img

20.01.2010, 11:33

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Јас во принцип не сум против споменици, музеи, театри или било што друго од културолошко значење за државата и напротив мислам дека тоа требаше многу одамна да се направи, ама потенцирам многу одамна а не баш во моментите на најголема еконоска криза, кога се кратат буџети од економско значење..што ќе му се споменици на гладен народ? Од друга страна имам проблем со изборот и  визуелното решение на спомениците. Скоро сите се некаква копија на веќе видени споменици од европските метрополи, и затоа не ми се допаѓаат, зборам за оние поп-арт спомениците, не историските. А историските се трета приказна сама за себе.. На пример лавовите на мостот????

Кога го препрочитав постот, испага дека сум против се..а на почетокот викам не сум протв...:))))))

clock-img

22.01.2010, 12:49

clock-img

Enika

pencil-img

1480

Нови 29 споменици на мостот ОКО...кој сеуште не е изграден...ама важно се испланирани 29 споменици + Фонтана...значи ми се гади од Власта!!! Срамота...луге немаат покрив над глава, нема лекови за тешко болни лица, нема вработувања...важно они се го напунија џебот!!!user posted image user posted image user posted image

clock-img

22.01.2010, 12:54

clock-img

Матеа

pencil-img

180

Градоначалникот на Центар изјавил дека сега се има пари, затоа што кризата е веќе одамна поминатаuser posted image
Е сега Ве молам да ми одговорите во која друга држава го има ова? Селото гори , бабата се чешла!
И ќе зборуваме после за патриотизам! Нема партиотизам ни трошка совесност, само ГРАБЕЖ!!!

clock-img

22.01.2010, 15:13

clock-img

alex_mo

pencil-img

636

  Се согласувам дека има поприоритетни прашања и  средства за издвојување...Боловања,лекувања,училишта и сл....и дека натаму треба да се насочат инвстициите......ама се согласувам и со спомениците.....па нели сме ние Македонци..потомци на Александар,па нели тие борци гинеле за татковината....тоа е само обележје,знак дека оваа држава има историја и тоа многу богата.....а тоа дека кошта user posted image user posted image

clock-img

22.01.2010, 15:21

clock-img

mami

pencil-img

8680

се е тоа убаво со историјата, ама ваљда треба прво да се погрижат за народот пред и самиот да стане историја...
Мене ми се жива глупост да ви кажам..Која историја ја покажуваат шмизлите? или питачот? покажуваме колку сме сиромашни?(која иронија- толку пари се дадени за споменик кој ја покажува сиромаштијата)
Срамота...не ми требаат споменици за да ми покажуваат нешто, ми требаат здрави дечиња за да ја продолжат нашата традиција

clock-img

22.01.2010, 15:22

clock-img

Enika

pencil-img

1480

ИЗВОРНА ПОРАКА: alex_mo

Се согласувам дека има поприоритетни прашања и  средства за издвојување...Боловања,лекувања,училишта и сл....и дека натаму треба да се насочат инвстициите......ама се согласувам и со спомениците.....па нели сме ние Македонци..потомци на Александар,па нели тие борци гинеле за татковината....тоа е само обележје,знак дека оваа држава има историја и тоа многу богата.....а тоа дека кошта user posted image user posted image



Алех_мо....за време на кризава требаат споменици?...и тоа на едно место невкусно ставени сите...и нема само историски споменици во градов...која историска поврзаност ја има Бикот на ул. Македноија...или таа грдата риба...уште повеќе шмизлата....а и да се става се става со усул и естетски да изгледа...а на тој простор на плоштад да ја ставиш цела историја...тоа ни кич неможеш да го наречеш...А болниците ни се распагаат, лугето немаат основни сретсва за преживување, 500 000 невработени...

clock-img

22.01.2010, 21:07

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Поголем кич и на побезобразен начин трошење на народни пари, не сум видела.
Не сакам ни да коментирам, оти којзнае што ќе напишам.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

22.01.2010, 21:45

clock-img

Bibi_S

pencil-img

94

И јас мислев за статуите дека се глупост како бикот, шмизлата, питачот итн. Ама се зачудив подоцна. Секогаш кога ќе поминам од улица Македонија, гледам многу луѓе кои се сликаат со нив, па некогаш и ред се чека, туристи исто имам видено како се сликаат. Значи и странциве ги гледаат како некој вид атркација, што и не е лошо за промоција на еден град. Секако не мислам дека се пресудни. А за споменици нашава земја никогаш нема да има доволно пари, покрај толку нерешени проблеми. Но гледам дека се работи на повеќе проекти и се вложува, наместо сите пари в џеб, како досега што се правеше. Порано не ни можев да видам кај одат ниту дел од парите на граѓаните. Сигурно се одело по џебовите на политичарите.


_____________________________

Every cloud has a silver lining

clock-img

22.01.2010, 21:53

clock-img

alex_mo

pencil-img

636

     Добро,се сложувам дека нешто небитно не мора да го има,ама мојот став беше за спомениците како Александар Македонски,Гоце Делчев и сл...за тие историски личности мислев...секако не за бикови,шмизли..

clock-img

18.06.2015, 11:15

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

И оваа тема сме ја забораиле, а до кај стигнавме со споменициве. Више нема маесто кај да се буцне некој. Што пари се исфрлаа, и што народ можеше да се нарани со тие пари. Па што се грди и неубави, друг муабет. Туку некои од нив се веќе и оштетени од што се квалиутетни, и што вределе за парите.

И најавава за новиот споменик за мајка Тереза, со милионските суми, кутра жена се превртува во гроб оти таа сигурно ќе сакаше тие пари на друго да се потрошат, наместо на споменик.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

18.06.2015, 11:36

clock-img

Kvisko

pencil-img

1325

Ех бре Vezilка џабе нервози јас веќе престанав да се нервира и тој дел од центар го избегнувам најмногу што можам. Едноставно не можам да сварам во што се претвори.
За Мајка Тереза сигурно сум дека дека некој што цел живот им помагал на сиромашните ќе сака скап споменик а не да се поделат парите на тие што најмногу им требаат (ова со иронија секако).

clock-img

19.06.2015, 00:19

clock-img

Bella28

pencil-img

78

Vo drzava ta nisto drugo ne ni odi kako sto treba osven groznite spomenici totalen promasajuser posted image

clock-img

19.06.2015, 07:27

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Конкретно за Мајка Тереза ,па барем да беше нешто скромно,достојно за нејзината личност,туку не,мораше да се направи тотален кичерај,за да се нахрани нечија суета за грандиозност.Срамота е веќе,јас тука ќе настапам таму кај што најмногу сум засегната и ќе речам-ех што убаво ќе беше наместо спомениците да се изградеа гадинки ,замислете само колку посреќни дечиња би имало и колку вработен персонал user posted image
Еве го" здањето" што го спремаат user posted image
user posted image

clock-img

19.06.2015, 11:28

clock-img

miana

pencil-img

6152


ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Конкретно за Мајка Тереза ,па барем да беше нешто скромно,достојно за нејзината личност,туку не,мораше да се направи тотален кичерај,за да се нахрани нечија суета за грандиозност.Срамота е веќе,јас тука ќе настапам таму кај што најмногу сум засегната и ќе речам-ех што убаво ќе беше наместо спомениците да се изградеа гадинки ,замислете само колку посреќни дечиња би имало и колку вработен персонал user posted image
Еве го" здањето" што го спремаат user posted image
user posted image




Сигурно и Мајка Терезе се превртува во гроб кога гледа како овие слепци перат пари на нејзино име.. СРАМОТА, ОВА Е НЕВИДЕНА СРАМОТА!!!!! Колку болници ке реновираа со париве? Колку операции ке платеа на дечиња како покојната Тамара ? СРАМОТА, незнам каде да плукам...Државава ни стана гоuser posted image но.. од секоја страна апаши

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

clock-img

19.06.2015, 11:47

clock-img

nataly86

pencil-img

534

Значи 5 години живеев во Скопје ( нормалното Скопје, пошто ова сега ми е ненормално user posted image ) и си го засакав ан анекој посебен начин..убави дешавки, убаво време поминато со убави луге...но сега веќе ги избегнувам центарот како и многу други што читам...завршувам работа тоа што имам и толку..немам ни желба да шетам низ лавиринтот од споменици и барокни згради..

Искрено средно Водно со жичарницата мислам дека им е едниствена паметна инвстиција...тој дел со клупите и сл ептен ми по кеиф..жалам што во Битола немам такво место

clock-img

19.06.2015, 11:53

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Се ќе беше поинаку да има вистински граѓански иницијативи за бунт против одредени работи, вклучително и за одредени споменици, па немаше да има проблем, но сите се исполитизирани, а политичариве, а видат иницијатива одма се шлепаат за гласови и после ништо од иницијативата.

Сакам да постои вистински граѓански простест кој ќе каже сметаме ова не е соодветно за тука, не сакаме и да нема партии.....ама тоа во некоја си далечна "будуќност"......

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

19.06.2015, 12:47

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Да ви кажам јас веќе не ни знам што се гради,толку глупости изникнаа па кога ке сретнам некаде вест дека нешто се гради одма рипам на наредна вест.
Толку многу споменици на мал простор е непотребно ,во ред е да има таму ваму по некој споменик ама за секоја историска личност од светот да изградиш споменик е жива глупост а притоа ликовите од спомениците немаат никаква директна врска со нашата земја.Ужас

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

19.06.2015, 13:21

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR


Сакам да постои вистински граѓански простест кој ќе каже сметаме ова не е соодветно за тука, не сакаме и да нема партии.....ама тоа во некоја си далечна "будуќност"......



Тоа се случи со првата иницијатаива на Плоштад Слобода, но дојдоа едни батки и не тепаа со камења. Иницијативите против Скопје 2014 беа ептен вистински, повистински здравје, но немаше кој да им се приклучи, оти вистински граѓани има се помалку, туку има само вмровци и сдсмовци. Исто како во другана тема што ни снемува дрвја, ни снемува и граѓани.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

Последни статии

article-img