Почитувани пријатели, почитувани филантропи
Во рамките на позитивната креативна енергија која Хуманитарната Фондација „Срце од Срце“ S.o.S.„ се обидува да и ја испрати на пошироката јавност, како особено важен сегмент го сметаме обраќањето кон помладата генерација и активна соработка врз градењето на нивниот став кон филантропијата, музиката и уметноста воопшто, како и кон младите луѓе кои боледуваат од тешки болести и изнаоѓање начин за нивна анимација во културното битисување. Во таа насока стартувавме соработка со младиот поп-пејач ИГОР УЗУНОВ како заштитно лице на Фондацијата, кој остави незаборавни импресии кај сите што со внимание ја следеа неговата седум годишна музичка кариера и кој продолжи да го негува квалитетниот начин на работа.
Убеденоста и докажаноста на неговиот несомнен талент резултира со идејата за реализација на мултимедијален проект, поточно снимање на најновата песна „Љубов за сите“ која ќе биде испеана од него и најпознатите музички имиња од нашата естрада на македонски, албански, босански, влашки, ромски и српски јазик и ставена на макси-сингл, која за прв пат се појавува на овие наши простори, а е веќе голем тренд во западно-европските земји. Планирано е да се сними и видео-запис и фото-сесија а со оваа песна, замислена како химна на Фондацијата, која ќе биде и препознатлива, да се отпочне медиумската кампања. Следуваат и прес-конференција, медиумска кампања и анплагт концертот, планиран за 25.12.2010год. во Големата сала на МОБ и снимање на концерт во живо со бенд, како ТВ-мини концерт во дискотеката „Хард-рок“.
Игор Узунов е млад пејач, голем филантроп и уметник, на кому и му беше потребна помош за лекување од карцином на кичмата и леукемија во Германија и успешно е излекуван. Тој чувствува голема потреба да ја оствари својата зацртана мисија, да им ја пренесе големата сила и желба за животот, како и борбениот дух кој го поседувал за време на лекувањето. Со јавното говорење за својот проблем смета дека ќе допре до срцата на сите оние млади луѓе кои боледуваат од тешки болести и ќе успее да ги анимира и натера да храбро се борат и на крај победат, како него.
Но тука не застанува неговата борба-и самиот е сирак и затоа одлично го разбира секојдневието на овие деца кои растат сами и без родителска грижа.
Имено, нашата Фондација нуди соработка да преку Игор Узунов и Вашата компанија да и се приближиме на многубројната популација преку пораки и фотографии на Игор Узунов на билборди, сити-лајтови, гостување на различни ТВ-емисии, радио-емисии, гостувања низ градовите на Републиката како амбасадор на добрата волја и желбата за живот.
Преку хуманитарен концерт посветен на децата со посебни потреби, деца без родители, деца болни од рак и леукемија и деца родени со инвалидитет, се разбира под Ваше покровителство, би се собрале средства кои ќе бидат наменети за нивни потреби како би им го олесниле секојдневието.
Со учество на новогодишен концерт со симболични подароци за сите овие деца, како и мало изненадување со кое би добиле подарок ЦД-со најнови песни од Игор Узунов и химната на Фондацијата и како дополнување, би им обезбедиле на децата болни од леукемија на Детската Онкологија, во секоја соба да добијат по еден Лап-Топ и безжичен интернет.
Потребна е и Вашата помош и сметам дека со заеднички сили можеме да им помогнеме на сите оние кои се борат со современата болест и паѓаат во очај.
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.