Сите народи во светот уште од стари времиња си имале свои традиции за пречекување на Новата Година. Некои од овие, или повеќето, и до ден денес се задржале во традиционалните обичаи. Секако денес сите ги нарекуваме суеверија, но верувајте, паганите знаеле за што зборуваат. Оставаме на вас да си одберете дали ќе ги употребите или не...
1.Направете бучава Огнометот и петардите, како и сите други пиротехнички средства кои прават огромна бучава кога саатот отчукува полноќ на крајот на старата година се наменети за да ги избркаат лошите духови, сили, енергии, за во новата година да ни останат само добрите и позитивните. Ова суеверие потекнува уште некаде од средниот век, кога на дочекот луѓето излегувале на своите прозорци и тропале силно со тенџериња. Епа одберете си како ќе ги исплашите лошите духови, и направете силни силни звуци.
2.Носете нова црвена долна облека Црвената долна облека ќе ја донесе љубовта во вашиот живот во новата година. Ова суеверие потекнува од Мексико, каде и ден денес се практикува наголемо.
3. 12 зрна грозје. Уште едно суеверие кое доаѓа од медитеранот и Латинска Америка. Се верува дека ако издете 12 зрна грозје кога саат отчукува полноќ, ќе имате среќа во сите 12 месеци од новата година.
4.Бакнежи на полноќ Ова суеверие го има насекаде во светот. Новата година треба да ја дочекате со бакнежи за да имате многу дружење и љубов во годината што следи, токму затоа честитањето е секогаш со бакнување. Меѓутоа, постои верување дека првото момче што ќе го бакнете некаде после полноќ е вашата вистинска љубов.
5.Играјте околу некое дрво вечерта после полноќ Старо индијанско верување според кое, ако играте околу дрво вечерта некаде после полноќ, цела година ќе имате добро здравје, успех и љубов. Дрвото е симбол на раст и развој.
6.Носете нова облека Се верува дека ако носите нова облека вечерта кога ја испраќате старата година, во новата година ќе имате многу нови парчиња облека.
7.Без плачење Избегнувајте да плачете или да бидете негативни на дочекот на новата година, па и целиот ден на 1ви јануари. Како ќе ја започнете годината тоа ќе имате најмногу цела година.
8.Исцедете го шишето Вечерта на дочекот, ставете си ја последната капка од шишето во вашата чаша, ова ќе ви донесе добра среќа во новата година
9.Пуштете ја старата година надвор Без разлика дали излегувате или останувате дома, погрижете се вечерта на полноќ да ви бидат отворени вратите и прозорците во домот, или барем малку подотворени. Ова се прави за да ја пуштите старата година да си излезе, а остава простор за новата година.
10.Не перете алишта или садови На првиот ден од новата година немојте да перете алишта или садови. Верувањето е дека со водата со која перете ќе си отиде и животот на некој сакан во новата година.
11.Наполнете се Вечерта на новата година наполнете си ги кујнските шкафови, фрижидерот и замрзнувачот со храна, плакарите со облека, а џебовите и ташните со пари. Се верува дека ако ја дочекате новата година во изобилие, овој тренд ќе ве следи целата следна година.
12.Чисто Исчистете си го станот убаво пред да ја дочекате новата година. Чист стан ќе ви донесе чистота цела година и ќе ви осигура да немате хаос во животот во новата година.
13.Ништо не излегува од домот На првиот ден од новата година, не фрлајте ништо. Нити ѓубре, нити стара облека. Ова носи лоша среќа. Без трошење пари. И вие немојте да бидете први што ќе го напуштите вашиот дом. Почекајте дури не дојде некој на гости, тој прв да го пречекори прагот. Исто така, првиот гостин во вашиот дом треба да биде маж, тој носи добра среќа, жена, а особено плавуша и црвенокоса е лош предзнак.
14.Насоката на ветерот. Насоката на ветерот на изгрејсонцето во првиот ден од новата година претскажува за новата година. Ветер кој дува од југ, претскажува добро и плодно време, додека ветер од север лошо време и празна година. Ветерот кој дува од исток претскажува природни катастрофи, а ветерот од запад претскажува изобилие на храна но смрт на сакана личност. Ако нема ветер, тоа значи радост и среќа во следната година.
15.Работете напорно На првиот ден од новата година никако немојте да спиете цел ден. Ако ја почнете годината мрзеливо, така и ќе ви биде цела. Па затоа, правете нешто што ви е интересно, нешто во што сте добри, во што уживате
16.Патувања Ако сакате да патувате во новата година, на првиот ден прошетајте си ги вашите куфери по населбата или само едно кругче околу зграда.
17.Свадба Ако утрото на првиот ден од новата година, девојката погледне од прозорецот и види машко, се верува дека таа ќе се омажи до крајот на новата година.
¨Извор: zenskiprincip
Верувате или дека некои од овие работи се вистинити или сепак се само суеверија?
< Поракaта ја уредил Еца -- 29.12.2009 20:26:14 >
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu