Дали Вашите деца пијат додека спијат(преку ноќ) сок, млеко... Јас знам многу деца што пиајт преку ноќ а моето срценце не пие. Понекогаш и давам да се напие млеко откако ќе заспие ако мислам дека малку јадела пред да си легне,ама тоа ретко. Кога ќе и дадам некогаш се случува да се напие 150 мл а некогаш ни толку.Па не знам дали треба да и давам или не? Може ли некој да ми каже како треба? Мила има 2 години.
15.04.2009, 15:30
mis.
3845
Јас имав доста проблеми со ноќно пиење сокови и дефинитивно сум против секакво пиење ноќе.Ноќта е период кога треба да се спие а не да се потикнувааат и да се стекнуваат лоши навики кои ќе доведат до ноќно будење.Детето уште мало треба да се учи да ја преспива ноќта и да се во прво време изретчат а на крај да се отстранат целосно ноќните подои и ноќното хранење.
16.04.2009, 09:30
vesna_kr
217
Mis ме охрабри малку.Мила од 1 годинка не станува никако ноќе, само јас ти кажувам понекогаш и давам да пие млеко а она спие и пие.Ама ќе го послушам твојот совет и веке никако ноќе пиење.
16.04.2009, 23:54
niki
4299
I nie sme dve godini, noke ponekogas ni se slucuva da pieme mleko, ama samo ako se razbudi i bara inaku ako spie i jas spijam i nema sansa da ja budam ni vo ludilo.
17.04.2009, 12:44
Aleksandra
309
Luka e 3,5 godini i uste pie sok preku nok, stanuva i vika soook i moram da mu dadam inaku ke ja krene cela zgrada. Mi rekoa mesto sok da mu davam voda i taka popoleka ke prestane, i veke odreden period mu davam voda i ne stanuva tolku kolku sto stanuvase, ne e budala da pie voda cela vecer
24.04.2009, 13:42
mami
8680
nie sme uste so eden noken podoj, ama samo ako stane sam. pred spienje pie 260 ml mleko i zaspiva...toa e obicno kaj 21h i posle se budi ili okolu 3 ili 5 ama samo ako stane sam i pie uste 100ml i prodolzuva, a ako ne stane, sto mu se slucilo nekolku pati, nikomu nisto, on spie i nie spieme
24.04.2009, 16:30
matko
1
Pozdrav do Aleksandra.Jas sum Tina i da ti kazam deka me iznasmea do solzi.Mojot Marko e 2,5 godini.Isto kako sto pisuvas ti za tvojot Luka samo sto jas koga mu ponudiv sise so voda samo proba go frli i prodolzi da se dere sokceeeeeeeeeeeee .Taka da jas dignav race od mojata upornost.Stvarno nemam resenie pa si vikam neka pie i neka spie, kolku tolku da se pomine mirno nokta.Pozdrav do site
29.04.2009, 09:12
mama Sanja
12
ваш став околу тоа кога да се почне со кравјо млеко?
29.04.2009, 09:17
Еца
6692
што покасно,тоа подобро,со оглед на тоа какво е денес мелкото,мислам јас лично имам одбивен став кон кравјото млеко,зошто керка ми е алергична на него,но барајки по интернет,најдов многу податоци околу ова,и многу е подобро детето да јаде урда,сирење,кашкавал,јогурт,значи млечни работи,а млекото и не е некој битен фактор,наптротив може да направи и проблем.Сепак консултирај се и со др,баш што ке ти препорача тој за млекото.Поздрав! (како и да е пред 8 месеци не давај кравјо млеко,па дури и до година)
< Поракaта ја уредил Elena -- 29.4.2009 9:18:59 >
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
29.04.2009, 09:24
mami
8680
ние почнавме со кравјо млеко од пред еден месец, значи кога веќе наполни 10 месеци...а пред тоа јадеше и сирење и кашкавал и јогурт, дури и некаде читав дека јогуртот е побезопасен од млекото, а лука и повеќе го сака
29.04.2009, 09:47
mama Sanja
12
не не сум и дала кравјо млеко, едно време и давав адаптирано млеко за припремање на кашичките ама престанав зошто не го сакаше, инаку на своја рака не сум и дала ништо, се со консултација на педијатар. А млечни производи кога? Ни досега сме пробале јогурт, кисело млеко и еве деновиве и павлака. Кога со сирење, кашкавал, урда, намази?
06.07.2009, 08:39
mami
8680
Значи си пробавме ние така убаво да се одвикнуваме од ноќно пиење млеко со тоа што му нудев водичка...и замислете еве веќе две ноки не пие млеко ама сепак ке си стане, ке се напие едно 50-60 гр.водичка и ке продолжи со спиење значи ништо не се смени освен видот на течноста што ја пие у сред ноќ
06.07.2009, 13:11
mis.
3845
добар почеток
< Поракaта ја уредил mis. -- 6.7.2009 13:12:08 >
06.07.2009, 13:33
mami
8680
мислиш? јас не сум најсигурна
06.07.2009, 14:16
Iva
626
Тео после вториот месец почна да ја преспива ноќта, без да се разбуди. Значи ниту млеко , ниту сокче, ниту водичка. Но се зависи од детето. Михајло е еве веќе 3год, па кога ке му текне понекогаш во 2 во 3 ноќеска, да се разбуди и да бара млеко. Сум пробала да не му станам , да го убедувам да спие, но ништо. А од друга страна и си викам па и што има штета ако се напие, не е тоа секоја вечер, нели?
06.07.2009, 14:17
mami
8680
ама ова е секоја вечер досега на прсти на една рака можам да избројам колку ноки ги преспал без да се разбуди..ама ај белки ке се откаже некогаш
06.07.2009, 14:27
bimbo
5
Мојот син има 20 месеци и сеуште ноќе се буди за млеко и пие по едно шишенце, некогаш покушавам да не му давам но не успевам, затоа што почнува да плаче и цело време кенка и се превртува во креветчето.навистина незнам начин како би можела да го одвикнам.Ве молам ако знаете некој начин пишете на форумов.Поздрав
06.07.2009, 14:33
mami
8680
бимбо, јас пробав со водичка..значи кога ке стане место млеко дај му водичка...во прво време ќе се напиеше водичка ама за пола саат стануваше за млеко..еве неколку дена по ред, ке се напие малку водичка и ке продолжи да спие... да пробаш пред спиење убаво да го најадеш малото, и млеко пред спиење и ваљда нема да се буди после..јас пробувам и така сега, ама сепак зависи од детето
06.07.2009, 14:39
Еца
6692
Значи вака Мартина не ми пиела од шише, ова не го кажувам од мое лично искуство туку од други мајки кои го имале вашиот проблем.На цуцлата од шишето ставете му малку сенф или нешто што детето воопшто не сака, и бидете упорни.Кога ноќе ќе се разбуди гушнете го и зборувајте му дека млекото се расипало, да не го пие да не го боли меше,или така нешто, но бидете упорни, бидејќи и по недела дена тоа ќе се буди и ќе бара, и сигурно и ќе заплаче.Како алтернатива понудете му водичка, ама од чашка, со изговор дека од шишето и таа горчи.Верувајте успева.Од искуство на мои пријателки
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
06.07.2009, 14:41
mami
8680
кај постари деца, кои пијат веке од чашка да, ама мојов уште опие од цуцла...ако му дадам чашка во сред нок ке биде поплава во кревет
06.07.2009, 15:34
bimbo
5
Mami, прво навечер половина час пред спиење му давам да вечера, и потоа кога е време да си легне без млекце не заспива, и ќе си го гушне шишенцето и така ќе заспие, Ако пробам да му го земам а не е сеуште заспано како што треба ќе се утепа од плачење и вриштење.
06.07.2009, 15:37
mami
8680
ххахахах сонце бе...мојот си има една играчка шарко и без неа не заспива и во сон станува да ја бара... пушти го, едноставно такво си е детето..еве и внука ми(1,5) не станува ноке, азатоа внукми кој има веќе 3,5 станува редовно
п.с. ми се допаѓа аватарот
24.11.2009, 08:48
profesorica
5709
Дамјан не цица веќе 3 недели и пред спиење пие едно шишенце млеко а во текот на ноќта уште едно или две шишенца до сабајле.многу пие а и често се буди за млеко.мислам дека е многу како да му намалам? ако не му дадеш, плаче и се буди.сабајле пелената му е утоп( 5ка од памперс by the way)
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
12.01.2010, 09:30
mami
8680
незнам како, само да не си го урочам, ама еве веќе 3 ноќи не станал за млеко...две ги преспа целосно, не ни мрдна, само ноќва стана, малку се побуни, му дадов водичка да се напие и си продолжи.. на повидок е целосно откажување или само лажна надеж?
< Поракaта ја уредил mami -- 12.1.2010 9:31:02 >
26.01.2010, 10:13
mami
8680
Го отфрливме ноќното станување по млеко, вода..Од 10ти наваму само вчера стана за водичка, ама и го разбирам, јадеше кроасанчиња пред спиење и не се напи водичка туку директно млеко. Нема веќе станување ноќе за млекце