за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Цел живот сакав да бидам уметник - сликар, и секојдневно да уживам во сликарството... а сега немам време да помислам на У од уметно, ниту С од сликарство... Мојата последна слика е потпишана во 2002. Далечно навистина
Следен:
< Поракaта ја уредил Julie -- 27.4.2009 13:04:08 >
_____________________________
And this is my beautiful life ...
27.04.2009, 15:15
Katuska
150
Јас одсекогаш сакав да пеам..И длабоко сум убедена дека многу добро знам да го правам тоа иако сите ме убедуваат во спротивното.. не е фер нели??
30.04.2009, 23:46
biljanaM
662
Јас незнам да лажам..... ама никако, ви се верува ли?
_____________________________
Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....
01.05.2009, 13:53
mami
8680
ми е страв од непознати...ама бидејќи си го имам тоа одамна некако си научив да го прикривам...и секогаш кога можам го избегнувам контактот со непознати лица, ако сум сама, ако сум со уште некој друг познат ми е полесно, ама вака, нема шанси се губам...
01.05.2009, 13:57
Еца
6692
Играв 8 години ракомет,и прекинав која глупача сум,никогаш нема да си простам
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
02.05.2009, 01:25
biljanaM
662
играв одбојка 4 години и на натпревари одев...ама не продолжив.
_____________________________
Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....
02.05.2009, 09:50
Anushka
1392
jas sum mnogu nesigurna vo sebe si. Toa go prekrivam uspesno - so mnogu postignuvanja vo zivotot, ama dlaboko vo sebe sum sekogas nezadovolna i sekogas si mislam deka sum mozela podobro, poveke.... so eden zbor, takov perfekcionist sum, sto nekogas sakam da "si raskinam" so sebe si.
07.05.2009, 15:17
biljanaM
662
Анушка и јас сум таква, ама се одвикнувам да мислам на тоа дека секогаш можело подобро, бидејќи ми ствара многу несигурност во себе и нервози.Сега сум задоволна со тоа што сум го постигнала, барем се трудам да бидам
_____________________________
Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....
12.06.2009, 11:03
lide78
128
најголемиот хипохондрик,за тоа знам многу работи
_____________________________
Колку убав ден!
12.06.2009, 11:12
Палешка РР
7505
Сакав да се запишам на Факултет за драмски уметности бидејќи имам генетски предиспозиции, но во последен момент се предомислив и се запишав на Економски факултет. Којзнае дали погрешив, или не?
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
12.06.2009, 11:21
Еца
6692
Студирав новинарство, но не го завршив
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
12.06.2009, 12:15
Anushka
1392
не е важно кога, важно е како. Заврши го. Стимул? Појди на факс и седни на влезот. Кога ќе видиш кој се’ влегува и излегува, ќе си речешеш „а мене што ми фали?“ Јас го завршив моето школо (сега сум на магист.) дури од кога ги родив синовите.
26.06.2009, 00:23
Еца
6692
Најголемата паничарка што постои на светот си мислам.(Кога се работи за детето)
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
26.06.2009, 00:26
biljanaM
662
Дека по цел ден грицкам сончоглед.....хахаха
_____________________________
Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....
26.06.2009, 00:29
biljanaM
662
ИЗВОРНА ПОРАКА: Elena
Студирав новинарство, но не го завршив
Еленче зошто...ајде не ти е касно, имаш време, само желба ти требе, знаеш дека јас сум засекогаш за во врска со оваа тема
_____________________________
Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....
26.06.2009, 00:34
Еца
6692
Прва година ја завршив со просек, супер ми одеше и нешто се разочарав и решив дека не сакам повеќе да одам на факутет.Потоа сакав на книжевност, но почнав да работам и сето тоа отиде во втор план, потоа си дојде бракот, дете, уште едно сега...мислам никогаш не е касно, се размислувам нешто само за некое време, но новинарство сигурно нема да биде
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
26.06.2009, 00:38
biljanaM
662
Знаеш дека и јас во прва се разочарав...ама потоа увидов дека тоа ми е само период и продолжив напред....Имаш време, но убаво требе да размислиш што навистина сакаш да студираш, нели?
_____________________________
Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....
26.06.2009, 00:46
Еца
6692
Треба, треба, ама за тоа кога ќе се решам, ако сепак се решам зошто за ова време увидов дека не секогаш тоа е пресудно, но поголема е сигурноста кога си имаш диплома во раце
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
16.08.2009, 15:44
Еца
6692
Се смеам и кога срцето и душата ми плачат
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
17.08.2009, 10:38
big_mama817
1331
definitivno golema panicarka sum koga stanuva zbor za sin mi
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
17.08.2009, 10:44
mami
8680
ИЗВОРНА ПОРАКА: Elena
Се смеам и кога срцето и душата ми плачат
потпишувам...толку добро си ја прикривам тагата што другарките знаат да ме прашаат- абе ти плачеш некогаш??
17.08.2009, 10:49
profesorica
5709
posakuvam da bev kako tebe mami ama nema sansi odma kazuvam so mi e i zamaram a i panicarka sum za se i sesto i odma pomisluvam na najlosoto.
17.08.2009, 11:07
Enika
1480
sakam da peam...ama neam bash nekoj glas:)porano bev epten hipohondrik ama sea nekako porealno gleam na rab i ne se panicam do tolku duri i ako relano mi se deshava neso povrzano so zdravje zaso znam deka so pozitivna misla e polesno do reshenie:)edna rab so mi smeta kaj mene e deka mn analiziram i razmilsuvam za nekoja rab..so denovi duri i si donesuvam nekad tolku pogreshni zaklucosi i negativni misli mi naviraat sto sum se nashla sebesi vo situacija da bidam luta i nervozna za neso sama so sum si go izrezirala...ali pozitivna srana na toa e so nikad ne ostavam na slucanpst i za mn rab ne izbrzuvam...barem nauciv da ne izbrzuvam:)
17.08.2009, 12:51
Adrijana
1301
imam kafeav pojas vo karate:))))) od sekogas sakav da bidam hirurg, no ete najverojatno ke bidam geolog, bas i nemaat nekoja dopirna tocka:)
17.08.2009, 13:04
zami
574
porano, pred svadba i dete, mnogu si fantazirav (sonuvav) kako ke bide ova ili ona, sega duri i koga sakam (so sila) nemam ideja za sto bi fantazirala. zarem zavrsil zivotov?????