cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Одземање на родителските права

clock-img

16.03.2010, 09:35

clock-img

majka 79

pencil-img

836

Експертите против одземање на родителските права

user posted image
Неажурност на институциите, кршење на Уставните начела и Законот за семејно право, реакција само откако ќе се случат трагедии.
Ова е ставот на експертите по актуелните случувања со одземањето на родителските права.
Според професорот Љупчо Печијарески државата воопшто не работи со сиромашните семејства за нивна социјализација. 20 годишната сиромаштијата во Македонија доведувале до вакви ситуации.
Решението не било во одземањето на децата.
user posted image
„Решението е сосема спротивно, решението е да создадеме услови и претпоставки во општеството, прво родителите да можат економски да ги издржуваат своите деца, а второ доколку имаат некакви проблеми, без разлика од кој карактер се тие, треба нив да ги социјализираме", изјави д-р Љупчо Печијарески, Универзитетски професор.
Случајот со мајката од Драчево која го претепа своето дете до смрт, случајот со 12 членото семејство Анакиеви каде таткото силувал 3 од своите ќерки, случајот во Штавица се само дел каде Центрите затаиле иако знаеле за условите на семејствата. Печијарески вели треба да се создадат услови да не доаѓа до ова.
„Затоа што кога овие ситуации се решаваат со санкции повеќе или помалку има губитник, а кога родителот е губитникот, тогаш и самото дете е губитник", додава Печијарески.

user posted image

Од Детската амбасада „За сите деца во светот" за случајот со Штавица велат дека Центарот го прекршил законот бидејќи без одлука на Судот сам го одзел детето. Ќе поднесат и претставка за ова. Велат наместо претходно да им помогне државата, таа сега им ја зголемува трагедијата, не се за одземање на детето.
„Апелираме до Центарот, а особено до Министерството за труд и социјална политика доколку навистина се толку загрижени за детето, да дејствуваат малку подалекусежно и да му дозволи и обезбеди нормални услови за развој на децата во тоа семејство. Каква општествена и социјална заштита му пружил до сега центарот на тоа семејство", вели Дамјан Стојаноски, генерален секретар детска амбасада „За сите деца во светот".
Експертите велат доколку државата не започне со социјализација на овие семејства и економска помош за нив ваквите трагедии ќе продолжат да бидат секојдневие.

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 16.3.2010 13:04:36 >

clock-img

16.03.2010, 09:42

clock-img

Enika

pencil-img

1480

Се согласувам...наместо да се крене свеста во какви услови ѓивеат лугето, и да им се даде малку и сексуална едукација, за да немаат толку деца а живеат во најмизерни услови...они им го одзедоа детето. Една статуа на плоштадот ке им го реши проблемот на социјално загрозените , ама не...битен е Александар да јава коњ на Плоштад....ма некам ни да коментирам...ми се гади од владаваuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image  

_____________________________

What goes around comes back around.

clock-img

16.03.2010, 09:43

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

па и јас сум против одземање на родителски права во случај каде што нема насилство.
Наместо државата да им обезбеди добар живот, а не само преживување на граѓаните, како што е и гарантирано со Устав, а и да не ја споменувам преамбулата на уставот, кеде Македонија е опишана меѓудругото и како социјална држава, во последниот пример, после трагедија државата го одзема детето од семејство каде исплаќала помош од 1100 денари, а го дава на семејство-сурогат на кои им исплаќа 5 до 7 000 денари.
+ дали некогаш луѓето од центрите се прошетале по селата што ги има само на карта и на филмовите на Манчевски, па да видат во какви услови живеат тие луѓе. 

< Поракaта ја уредил Еца -- 16.3.2010 9:50:40 >

clock-img

16.03.2010, 09:50

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

ИЗВОРНА ПОРАКА: majka 79

Случајот со мајката од Драчево која го претепа своето дете до смрт, случајот со 12 членото семејство Анакиеви каде таткото силувал 3 од своите ќерки, случајот во Штавица се само дел каде Центрите затаиле иако знаеле за условите на семејствата. Печијарески вели треба да се создадат услови да не доаѓа до ова.

Центрите затаиле што на ваквите родители навреме не им го одзеле родителското право. Треба ли да правиме кампања за едукација на родителите да не си ги претепуваат и силуваат децата? И како тоа губи детето ако е отстрането од вакво семејство? И така од таквите родители не добивало љубов туку ќотек и сексуално малтретирање. Штета што системот не функционира како што треба за потоа тие оштетени деца да се ресоцијализираат да им се врати самодовербата, да се пратат на психотерапија... Ако на ваквите родители им дадеме пари ќе го решиме проблемот во нивните глави, не мислам дека немоќта да се обезбеди егзистенција е оправдување за напад врз дете.

_____________________________

love u all

clock-img

16.03.2010, 09:58

clock-img

baby mama

pencil-img

679

Колки ми падна жал за луѓево, како живеат во сиромаштија user posted image

clock-img

16.03.2010, 10:03

clock-img

Enika

pencil-img

1480

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

ИЗВОРНА ПОРАКА: majka 79

Случајот со мајката од Драчево која го претепа своето дете до смрт, случајот со 12 членото семејство Анакиеви каде таткото силувал 3 од своите ќерки, случајот во Штавица се само дел каде Центрите затаиле иако знаеле за условите на семејствата. Печијарески вели треба да се создадат услови да не доаѓа до ова.

Центрите затаиле што на ваквите родители навреме не им го одзеле родителското право. Треба ли да правиме кампања за едукација на родителите да не си ги претепуваат и силуваат децата? И како тоа губи детето ако е отстрането од вакво семејство? И така од таквите родители не добивало љубов туку ќотек и сексуално малтретирање. Штета што системот не функционира како што треба за потоа тие оштетени деца да се ресоцијализираат да им се врати самодовербата, да се пратат на психотерапија... Ако на ваквите родители им дадеме пари ќе го решиме проблемот во нивните глави, не мислам дека немоќта да се обезбеди егзистенција е оправдување за напад врз дете.

Нате...за силување и малтертирање на детео апсолутно сум за одземање на родителското право...ама сексуално, психичко и физичко малтертирање не се случува само кај социјално загрозените иако кај нив е најразвиено. Овде збориме повеќе за случајот со детето што изгоре...бидејки незнам на која основа утврделе дека има малтертирање...имало ланец врзано на креветчето...а тоа не докажува дека детето било врзано или малтертирано. Ке се видеше по другото дете дали се малтертирани или не. А тие што злоставуваат деца и ги малтертираат сметам дека се психички болни луге.

_____________________________

What goes around comes back around.

clock-img

16.03.2010, 11:03

clock-img

majka 79

pencil-img

836

ИЗВОРНА ПОРАКА: Enika

potpis

clock-img

16.03.2010, 11:09

clock-img

majka 79

pencil-img

836

isto taka sakaat da im go odezemat deteto na roditelite od angela.
mala e tragedijata sto im se sluci uste toa im fali da go izgubat i drugoto dete.
ili na toj nacin sakaat da gi isplasat roditelite da ne se bunat so toa kako ke se resi slucajot angela.
majkata tvrdi deka alistata sto se najdeni se nejzini , no koskite i ostatocite od teloto ne se na angela.
angela ili e ziva nekade daleku od svoite ili e prodadena organ po organ.
taa e kidnapirana a ne izgubena po selskite pesteri.

clock-img

16.03.2010, 11:20

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Според мене,одземањето на родителското право треба да биде последната од низата мерки кои државата треба да ги преземе во процесот на утврдување за степенот на родителската грижа и воспитување!!!
Но,ве молам,па која е тогаш филозофијата на семејството Кулески? Секое летенце детенце? И после ќе се тера приказната-Мене државата не ми помага!!!
Па и мене државата не ми помогнала ништо!!!Ниту ме вработила,ниту ми дала стан,ниту сум осетила било какви други бенефиции од тоа што сум жител на оваа држава...И затоа како резултат на тоа јас седум години се мислев дали да родам второ,како ќе го пораснам,дали ќе имам да му ги приуштам најосновните потреби...Не зборувам за луксуз...А работиме двајцата со сопругот,стамбено сме обезбедени,живееме еден нормален живот...
Затоа кај ваквите персони најпрвин треба да се утврди психичката и физичката спремност да се одгледа едно дете...Затоа што во овој случај најмногу страдаат тие...И не можам да кажам дека овие луѓе се родители после изјавата на таткото-Немаме ништо за јадење...И што да правам сега...Нека ми помогне државата!!!

_____________________________

Love is in the air

clock-img

16.03.2010, 12:52

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Мокот прв пост на оваа тема се однесуваше на малтретираните деца, а сега ќе напишам нешто за другите случаи што се спомнуваат. Според мене е нормално да се стави семејството под засилен социјален надзор, привремено да се отстранат другите деца од домот додека се испита што се случило навистина и ако се докаже вина и трајно да се одземат родителските права. Има земји каде доволно е деца под 12 год да оставите и 1 час дома сами без надзор а комсиите да ве пријават и да бидете во фокусот на испитувањата на институциите. До мене две дечиња се по цел ден сами откако ќе им заврши школото и отвараат врата на секој познат и непознат што ќе заѕвони. Постојат земји каде ако премногу често оди детето на лекар педијатарот е должен да пријави за да се испита во какви услови живее. Привремено се одзема родителско право и децата се сместуваат во хранителски семејства доколку родителите не се во состојба да ги исполнат условите за нормален живот, образование и здравствена заштита.
Да не се залажуваме да изгори 13 месечно бебе врзано во своето креветче не е мала работа и разбирливо е за да не се повтори надлежните институции да преземат мерки на отстранување на другите деца барем додека да се расчистат сите околности.

И се согласувам со ова на пацувче и за мене и за илјадници други државата е иста ама ниту си ги тепаме ниту ги силуваме ниту ги малтретираме ниту ги врзуваме за креветче децата.

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Па и мене државата не ми помогнала ништо!!!Ниту ме вработила,ниту ми дала стан,ниту сум осетила било какви други бенефиции од тоа што сум жител на оваа држава...И затоа како резултат на тоа јас седум години се мислев дали да родам второ,како ќе го пораснам,дали ќе имам да му ги приуштам најосновните потреби...Не зборувам за луксуз...А работиме двајцата со сопругот,стамбено сме обезбедени,живееме еден нормален живот...

_____________________________

love u all

clock-img

16.03.2010, 13:14

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

после трагедија државата го одзема детето од семејство каде исплаќала помош од 1100 денари, а го дава на семејство-сурогат на кои им исплаќа 5 до 7 000 денари.
+

апсурд до апсурд во овој наш систем..........а и не знам од каде е муабетот за споредба....user posted image кога сите ние сме од урбани градови,со високо образование,со таква или оваква помош од родителите.....споредувате баби и жаби..и не се сложувам во никој случај за одземање на правата да бидат родители!

clock-img

16.03.2010, 13:46

clock-img

niki

pencil-img

4299

Јас во целост се сложувам со Мила на мама и со Пацувче. Посебно во тие ситуациите со 12 деца, а крева раменци незнаел како да ги издржува. Молам??? Па не те тераше државата да ги родиш толку кога знаеш за што и за колку си способен или неспособен.
И нема да ги земам за пример развиените земји со  средени законодавни системи како ги уредиле правата и обврските на родителите. Но ако може една Кина со закон да им забрани на брачните парови второ дете, а камоли 4 или 12, зошто се неодговорни ги прават без размислување па после и на разноразни грдосии и гадотии ги изложуваат и уште очекуваат некој друг наместо нив да ја превземе одговорноста и те како сум за одземање на родителските права и те како! Немора воопшто да ги малтретираат децата, зар мало малтретирање е самиот факт што се толку на број и многу почесто се гладни одошто имаат само сув  леб за јадење. Каков психофизички развој им овозможуваат во такви услови?
И најпарадоксално од се ми е кога државата ќе им понуди помош од типот да и се стави спирала на жената или да им ги подврзат јајоводите тогаш не прифаќаат, тоа за нив е уништување на живот, после десет деца тие се совесни луѓе несакале да убиваат!!! Мајко мила, ние што се пазиме сигурно во нивни очи сме монструми и најкрволочни убици.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

16.03.2010, 14:04

clock-img

nadica

pencil-img

4381

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

потпис за сето погоре напишано и мислам дека треба да се води сметка како да не дојдеме до ситуации како погоре напишаните (12деца,невработеност,низок IQ...) a oткога ќе ни се случат со ладни глави дад размислиме што е најбезболно за децата

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

16.03.2010, 14:07

clock-img

Enika

pencil-img

1480

А каде биле тие служби пред да се случи несреќата? на сурогат семејство можат да плакаат повеке а на вакви семејства по 1100 ден. Со 1100 ден неможе еден човек да преживее месечно...а не четворица. Арно е да рипаме сите, со сите удобности...

_____________________________

What goes around comes back around.

clock-img

16.03.2010, 14:11

clock-img

nadica

pencil-img

4381

епа тоа е проблемот кај нас нема превенција за проблемите ние не размислуваме како и што да сториме пред да имаме веќе постоечки и очигледен проблем туку одпосле е сега што?....

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

16.03.2010, 14:30

clock-img

niki

pencil-img

4299

ИЗВОРНА ПОРАКА: Enika

А каде биле тие служби пред да се случи несреќата? на сурогат семејство можат да плакаат повеке а на вакви семејства по 1100 ден. Со 1100 ден неможе еден човек да преживее месечно...а не четворица. Арно е да рипаме сите, со сите удобности...

А каде тоа во светот државата е таа која ти гарантира дека ќе ти го издржува детето и ти само можеш да го родиш и да чекаш социјална помош? Која држава во светот ти гарантира дека ќе имаш работа и плата само со тоа што си нејзин граѓанин? Секаде, сите држави функционираат на тој систем, ако сакаш деца треба да си одговорен за нив, ако не си, државата ќе ги згрижи, но тебе ќе ти ги одземе, никаде нема превентивно делување.
И секако дека повеќе треба да му даде на сурогат семејството бидејќи тоа нив им е како некој вид работа, додека овој кој ги прави децата треба да му стане јасно дека пред да направи треба да има самиот обезбедено работа и средства за издржување на детето, а не прво прави па после чуди се како од државата да се извлече што е можно повеќе помош за да не го запнеш газот и да работиш самиот.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

16.03.2010, 15:17

clock-img

zami

pencil-img

574

Citam i se cudam.
Licno mislam deka ne e sekoj stvoren za roditel, a za zal, onie koi najmalce se stvoreni za roditeli imaat edno cudo deca.
Znaci prethodno negde pisav ne edukacija za cuvanje deca, ami edukacija za kontracepcija i besplatna kontracepcija e edinstven lek za takvite.

E sega za tepanje i siluvanje sekako odzimanje na pravata, zatoa sto toa dete vo sekoja druga sredina ke bide podobro otkolku so roditel koj go maltretira.

A za 1100 den socijalna pomos sto gi zborite. Toa e samo slika za sozaluvanje i nacin da se zeme taa makar mala socijalna pomos.
Tatkoto na bebeto sto izgore ima stado od 80 ovci za koi drzavata mu dava godisna subvencija po 100e od ovca odnosno  8.000Eura godisno. Aloooooo.
A site znaeme kolku cini jagneskoto meso. Aloooo.
Taka sto poveketo od tie ne se za zalenje.

I nie sme majki koi sigurno odreden del od denot sme sami so svoite deca pa se snaogame i se po doma da zavrsime i decata da gi gledame.
Abe sin mi koga bese mal, vo kolicka sednat go nosev so mene vo VC, toj pred vrata, vratata otvorena za jas da mocam i da go gledam.

_____________________________

Allways look on the bright side of life!

clock-img

16.03.2010, 15:23

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Како и да завртиш секогаш се децата тие што страдаат...

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

20.03.2010, 22:33

clock-img

lukas

pencil-img

2148

ИЗВОРНА ПОРАКА: zami

Citam i se cudam.
Licno mislam deka ne e sekoj stvoren za roditel, a za zal, onie koi najmalce se stvoreni za roditeli imaat edno cudo deca.
Znaci prethodno negde pisav ne edukacija za cuvanje deca, ami edukacija za kontracepcija i besplatna kontracepcija e edinstven lek za takvite.

E sega za tepanje i siluvanje sekako odzimanje na pravata, zatoa sto toa dete vo sekoja druga sredina ke bide podobro otkolku so roditel koj go maltretira.

A za 1100 den socijalna pomos sto gi zborite. Toa e samo slika za sozaluvanje i nacin da se zeme taa makar mala socijalna pomos.
Tatkoto na bebeto sto izgore ima stado od 80 ovci za koi drzavata mu dava godisna subvencija po 100e od ovca odnosno  8.000Eura godisno. Aloooooo.
A site znaeme kolku cini jagneskoto meso. Aloooo.
Taka sto poveketo od tie ne se za zalenje.

I nie sme majki koi sigurno odreden del od denot sme sami so svoite deca pa se snaogame i se po doma da zavrsime i decata da gi gledame.
Abe sin mi koga bese mal, vo kolicka sednat go nosev so mene vo VC, toj pred vrata, vratata otvorena za jas da mocam i da go gledam

nemam sto da dodadam....sosema te podrzvam za ova sto go imas napisano...

Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

14.04.2010, 10:46

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

user posted image конечно се свестија,каде му е место на детето..со своите родителиuser posted image
user posted image

Тригодишната Ангела Кулеска привремено е вратена во семејството на своите родители, откако по трагичната смрт на едногодишната сестричка Билјана, Центарот за социјална работа пред еден и пол месец ја смести кај блиски роднини. Родителите Марта и Гоце Кулески велат дека добиле усно одобрување од надлежните во Центарот да ја земат Ангела. Тие се убедени дека детето ќе остане во нивниот дом во прилепското село Штавица, а дека државата нема да им го одзема родителското право за Ангела.

Кулески сега се пресреќни што Ангела е повторно со нив и што можат да уживаат во секој миг на заедничка среќа за кои мечтаеле од моментот на несреќата. „Бевме да ја видиме кај сестра ми во Прилеп. Кога не'' виде, многу се израдува. Но, кога дојде време да си одиме, Ангела почна многу силно да плаче. Не'' фати страв дека ќе крене висока температура. Не знаевме што да правиме. Отидовме во Социјално и таму рекоа да го земеме детето. Така направивме. Никаков документ не дадоа, само кажаа детето останува со нас“, вели радосно таткото Гоце Кулески.
извор Утрински...види повеке

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 14.4.2010 10:49:04 >

clock-img

14.04.2010, 11:14

clock-img

Enika

pencil-img

1480

Шукур...се светсија...се надвема привременото ке стане трајно. И да не им ствараат повеке трауми налугево, доволно што изгубија дете

_____________________________

What goes around comes back around.

clock-img

22.10.2013, 12:56

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Дефинитивно би одземала родителско право на насилство и злоставување од било каков облик,
ама тоа е да речеме нешто што не секогаш е толку видливо. Затоа јас се прашувам што е со децата кои просат надвор, зошто ништо не се превзема по тоа прашање, зошто не се одземат децата од такви родители, кои ги тераат на улиците, на просење и простутуција?
Зошто не функционира социјална служба, што прават тие всушност, каде сте, или само функција на папир имаат?

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

22.10.2013, 13:54

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Дефинитивно би одземала родителско право на насилство и злоставување од било каков облик,
ама тоа е да речеме нешто што не секогаш е толку видливо. Затоа јас се прашувам што е со децата кои просат надвор, зошто ништо не се превзема по тоа прашање, зошто не се одземат децата од такви родители, кои ги тераат на улиците, на просење и простутуција?
Зошто не функционира социјална служба, што прават тие всушност, каде сте, или само функција на папир имаат?

Затоа што во тие случаи се работи за деца ромчиња, а за нив никој не е заинтересиран во општесвово. И нема каде да ги носат. И во домовите за згрижување на деца без родители не ги сакаат, а пак во згрижувачки семејства, уште помалку. Ете, јас мислам дека тоа е реалноста.

clock-img

22.10.2013, 14:01

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

I da im gi odzemat tie deca ke bidat smesteni vo domovi za deca bez roditeli ili bez roditelska griza se do polnoletsvo i prasanje e posle toa sto so niv,kade ke odat sto ke pravat..no sepak sluzbite se zalagaat decata prvenstveno da si ostanat so svoite roditeli...

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

22.10.2013, 14:18

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

е тоа да, дискриминација, па никој не е заинтересован.
Знаеме каква е состојбата и по домовите, поточно никаква, ама пак па барем и се пружа можеби малку подобра шанса за понатаму во животот, отколку на улицата. Овака можеби ќе се најде некој кој ќе ги посвои децата/бебињата.

Ете лично во моето опкружување познавам еден пар кој имаат посвоено девојче, очигледно дека е ромка.

А исто со мене во основно школо одеше едно девојче кое беше смештено во домот, и што да ви кажам беше толку примерно дете, одличен ученик, прекрасна особа, па знам дека ја зема под свое една хранителска породица од Шведска, кои сакаа да и обезбедат понатамошно школување. Зборот ми е дека пак има некои шанси, отколку овака да умрат на млади години од се и сешто по улиците, од бенседините и алкохолот што им даваат на бебиња додека ги држат во прегратки и просат со нив.

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 22.10.2013 14:19:00 >

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."