cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Онлајн линкови за вежби за трудници

clock-img

16.09.2014, 15:00

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Не ми се виде соодветна ниедна друга тема во овој форум, па мислев да отворам нова, ако сметате дека може да се припои со некоја - бришете и спојте ја.

Сакав да споделам неколку линкови за бесплатни видеа за вежби за трудници при што главните работи се следните:

1. Секогаш да си го слушаме своето тело, доколку нешто не ни прија, не треба да се прави. Во вежбите да се два напор за да се предизвика телото да се зајакне нели, но секогаш во текот на сеансата треба да можете да водите разговор со друга личност.

2. Вежбите треба да се прават доколку се нема збрана од доктор.

3. По 16-20 недела да не се прават вежби кои бараат лежење на грб, може да се потпрете на подлактиците.
По овие недели исто така да не се прават класичните вежби за стомачни мускули туку да се практикува вежбање на трансверзните абдоминални мускули со чие зајакнување би се избегнало диастазис ректи.

4. Во јога вежбите, да се избегнуваат извртувањеа на тој начин на телото при што, ке се јави извиткување (twisting) на абдоминалниот дел.

5. Да се пие многу вода, и потоа да се изеде проетеинска ужина. Да се одржи правилен ритмичен начин на дишење и да се прекине доколку се почувствува болка, крварење, несвестица итн... исто како кај небремените жени.

6. Да не се заборави дека неродените бебиња уживаат додека мајката вежба, правејки ритмични повторувачки движења, при што од подобрената циркулација тие добиваат свеж дотур на кислород и хранливи материи. Да не се заборават и другите бенефити од мин 30 минути дневно вежбање кои се за во друга тема.

На интернет има многу избор:

1. Денис Остин, вежби за 1,2 и 3 семестар и кардио за секој семестар.

https://www.youtube.com/results?search_query=pregnancy+exercise+denise+austin

2. Џесика Смит, кардио, тренинг со тегчиња и за истегнување , секој по 20 минути

https://www.youtube.com/results?search_query=pregnancy+exercise+jesica+smith

3. Пренатална ѕога од различни извори - јутуб

https://www.youtube.com/results?search_query=prenatal+yoga
https://www.youtube.com/channel/UCCGxZSJ2YbDQDlCj2K-yxNA Супер канал на јутуб со многу видеа за секој семестар

4. 10 минутни пренатални вежби од попшугар

https://www.youtube.com/results?search_query=prenatal+popsugar

5. Doyogawithme - мојот омилен сајт за јога вежби кои се бесплатни, линкот е до изборот на пренатални
Доколку не ве води директно, во паѓачкото мени за Style, одберете Prenatal.

http://www.doyogawithme.com/yoga_classes

6. Истегнување во бременост

https://www.youtube.com/results?search_query=prenatal+stretch

7. Јога од Шива реа за трудни - почетничко ниво, нежна јога

https://www.youtube.com/watch?v=_ICWP2rjm9g&index=31&list=UUKgd7SCllF2Nonpoo5WXfHw Del 1
https://www.youtube.com/watch?v=uGHHa1zLQEI Del 2
https://www.youtube.com/watch?v=M760_x_349Fhg Del 3
https://www.youtube.com/watch?v=EHouEHmC_xA Del 4

Ако некој е заинтерсиран, најефтина опрема како простирка, тегчиња, блокчиња и ремен за јога има во Џамбо. Пофенси опрема има во Медикус плус.

< Поракaта ја уредил lolla -- 16.9.2014 15:05:47 >

clock-img

17.09.2014, 13:40

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

lolla мноогу корисна тема и линкови за user posted image user posted image

Најдов и јас некои вежби

Пилатес

10 minute prenatal pilates part 1

Кегелови вежби

Kegel Exercises Video for Women during Pregnancy: Stronger Vaginal Muscles for easier Childbirth

Јога

PREGNANCY YOGA: EPISODE 1

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

05.10.2014, 13:17

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Супер е ова, благодарам user posted image

Како некој кој со години вежба аеробик, тае бо и пилатес, сега чудно ми е што не правам ништо. Наскоро ќе почнам со нешто од ова што го имате постирано, со тоа што мене најголема мрза ме фаќа кога треба да вежбам по дома. Да сум во група, имам друга мотивација, а вака сама... се саботирам user posted image Знам дека има и групи со инструктори што знаат како со бременост, но уште не сум сигурна.

Во секој случај, ќе пробам од овие линкови!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

09.12.2014, 16:13

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

https://www.youtube.com/watch?v=XK2PXZo_yws
Да ја надополнам темава со уште еден линк за пренатални вежби кои се прават со помош на столче и се за зајакнување на цело тело а особено на карлицата.

https://www.youtube.com/watch?v=nfIAethOWsE - Пренатален пилатес, кратко 25 минуто видео

< Поракaта ја уредил lolla -- 9.12.2014 16:15:02 >

clock-img

08.01.2015, 09:06

clock-img

bubika

pencil-img

8

Здраво на сите ова ми е прв пост на форумов а темава моментално ме интересира бидејќи во 11 недела сум а не знам од кога е пожелно да се почне со вежбање и со кој интензитет ? :) Среќни празници и најубава Нова Година за сите!

clock-img

08.01.2015, 14:53

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

bubika добре дојде на Рингерајаuser posted image се надевам почесто ќе ни пишуваш

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

08.01.2015, 15:12

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

bubika, добре ни дојде и честитки за бременоста user posted image Повели, придружи ни се и во другите теми!

Вежбањето ќе ти зависи од претходната твоја физичка кондиција и тоа дали, што и колку си вежбала. Најбезбедно е да се почне после полни 12 недели, и тоа со јога за трудници, а ако си вежбала со години, може и пилатес за трудници. Интензитетот секако ќе мора да биде низока, доколку се вежба со тежини, ќе мора да бидат ниски.

Се е индивидуално и најдобро консултирај се со докторот, да не има некоја пречка или којзнае каква друга околност. На пример, јас вежбам со години, и тоа high intensity аеробик и пилатес, плус планинарам, но дека носам близнаци, сега не смеам ама баш ништо повеќе од обично пешачење, со тоа што не смеам ни да стојам на нозе подолго од саат време - сосема различно отколку бременост со едно бебе.


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

09.01.2015, 07:48

clock-img

bubika

pencil-img

8

Благодарааааам Melanija i Hopeful user posted image ќе се читаме само да се прилагодам на изгледов на форумов user posted image Што се однесува до кондицијата имам тренирано одбојка, одев на аеробик ама ми здосади, до пред три години редовно си трчав и возев ролерки и последниве две ниииишто за срамота. Што значи у старт имам 5кг вишок ама тоа е.. се трудам да не јадам многу калорична храна и го сведувам движењето на шетање само и тоа беше тешко со загадувањево надвор испаѓа поарно дома да седиш отколку да голташ смог user posted image .Па ќе си почекам дефинитивно и таман после наредниот преглед ќе знам дали да се фрлам на линковине погоре user posted image .

clock-img

09.01.2015, 10:57

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Штом си била толку активна, ќе можеш и сега да продолжиш, но да - почекај следен преглед. Инаку за храната - баш и треба да јадеш калорична храна, но здрави калории, не џанк. Сега не е време за диети затоа што се што јадеш прво оди кај бебушко, па дури откако ќе се задоволат сите негови потреби, кај тебе. А сметај на него што се му треба, за правилен раст и развој... Имаме тема и за исхрана во бременост и што сме јаделе денес, па се читаме и таму user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

Последни статии

article-img