јас почнав да купувам и средив се во првата недела од 9-ти месец. креветчето го наместив сосе постелнина, транспортер, облека за дете, памперс, влажни марамици и крема. Се ми беше испрано и средено што треба да се донесе за во болница, абер за мекици
.
10 пелени тетра, 10 шведски (што не ги искористивме), 4 бенкички со кратки ракавчиња, 4 маички, 5 чорапчиња, 3 хулахопки, 3 капчиња и ракавички (никогаш не ги користевме), 3 плишани панталончиња, фармерки обавезно
, маички со долги ракавчиња и кеф ми беше едно фустанче, 3 ќебенца, 1 ќебенце за носење, 1 шишенце мало, 3 шишенца за млеко, ножички за ноктите, чешле и четка за чешлање, мустела за бањање, мустела крема, 4 крпи големи за бришење, 4 мали крпи за бришење, 3 постелнини.