cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Паркет или ламинат?

clock-img

28.05.2013, 17:55

clock-img

Tajna

pencil-img

18

Ајде луѓе помагајте! Во нова куќа што да ставиме, паркет или ламинат?

clock-img

28.05.2013, 18:15

clock-img

Octavia

pencil-img

617

Па се си има своја предност, ама и недостаток. Ламинатот е најлесен за секојдневно одржување и најзидржлив. Ама не бил (според составот) баш препорачлив за домови, туку намената пред се му била за деловни простории со голема фрекфенција на движење, затоа што баш тешко се оштетува.
Паркетот е многу потопла, според мене и подомаќинска варијанта варијанта за секој дом. Недостаток му е стругањето, лакирањето и одржувањето-лесно се оштетува, на пр. од штикли и сл. Многу пофалби имам слушано за бамбусов паркет, го има и кај нас, ама многу веројатно е поскап од обичен паркет.
Многу добра варијанта е таркет- исто паркет, ама претходно подготвен за брзо редење, како поголеми парчиња претходно нареден паркет, иструган, лакиран, има разни нијанси, брзо се реди, а квалитетен е.
Јас лично би избрала или таркет или бродски под (ова многу зависи од ентериерот како е замислен, секако).

clock-img

28.05.2013, 19:24

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Имам искуство и со ламинат и со паркет, па и со бродски под.
Во станот каде претходно живеевме имаше ламинат, ужас ми беше за одржување. Да, вистина многу лесно се чисти и се, ама веднаш штом ќе поминеш, остануваат траги. Утредента веќе се гледа куп прашина, па и брзо се гребе.
Ако повлечев масичка (а немавме теписи) се гребеше. Ладно во зима, воопшто не е пријатно.

Тука во станот имаме паркет. Многу сум задоволна. Плус во зима е потопло и попријатно во секој случај. Исто се лесно одржува а не се гледа после пет минути траги ко да не си ни избришал.
Значи мој избор секогаш пада на паркет ако е збор за местото на живеење.

Бродски под имаме кај моите и исто во куќата кај свекор и свекрва. Многу е убаво од почеток, меѓутоа во текот на години се собира и настануваат расцепи помеѓу даските. Наводно даските беа и добро исушени пред да се стават и се, ама ете пак се собрало дрвото.

clock-img

29.05.2013, 10:55

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Ние имаме бродски под во дневна/трпезарија, а во спална ламинат. Многу поубаво изгледа бродскиот под отколку ламинатот, според мене бродскиот под е најдобар. (секако, се работи за вкус, нели :)

_____________________________

Live and let live

clock-img

29.05.2013, 11:12

clock-img

Carrie RR

pencil-img

326

Ние цел живот дома со паркет и сега пред недела дена наредивме ламинат, многу ја освежи собата и ми се допаѓа како изгледа. Лесен е за одржавање. Кучето дома се утепа од лизгање на него user posted image Сега за сега гласам за ламинат user posted image

clock-img

29.05.2013, 14:30

clock-img

Velena

pencil-img

83

Јас би сакала кога сме на тема паркет да ве прашам како чистите бамбусов паркет доколку некоја има дома,а да не ви остануваат шлаканици.Јас со што све не пробав и остава крпи и ужасно се нервирам.Лазам по земја бришејки последно со прскалка у рака го чистам да не ми остануваат траги абе ми се зема здравје user posted image

clock-img

29.05.2013, 14:40

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

ТУКА има цела тема за ламинатuser posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

29.05.2013, 17:24

clock-img

Tajna

pencil-img

18

Јас сум за паркет, ама мм се запнал за ламинат... А за таркет не сум чула.... Кај го има?

clock-img

29.05.2013, 22:07

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Па добро сега куче и дете не е исто во никој случај. Али кога би ставала пак секако дека ке се одлучам за паркет ни под разно нема ламинат да ми текне. Кери како го чистиш? Јас дома се утепав од бришење, викаа дека лесен бил за одржување ама некако тешко ми оди мене.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Carrie RR

Ние цел живот дома со паркет и сега пред недела дена наредивме ламинат, многу ја освежи собата и ми се допаѓа како изгледа. Лесен е за одржавање. Кучето дома се утепа од лизгање на него user posted image Сега за сега гласам за ламинат user posted image




_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

29.05.2013, 23:04

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Бидејќи постои слична тема, која е погоре посочена, оваа ќе биде заклучена а постовите ќе бидат префрлени во сттарата тема. КЛИК

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

Последни статии

article-img