Еве и јас што најдов на мајкаидете.мк
КАКО БЕЗБЕДНО И ЗАБАВНО ДА ПАТУВАТЕ СО ДЕЦА?
Објавено на: 19.06.2013
Патувањето со децата може да биде фантастичен начин уште повеќе да се зближите со нив, да им го покажете светот, да создадете заеднички спомени и убави сеќавања, и да го поттикнете нивното чувство за авантура.
За жал, патувањето со децата значи и долго седење на едно место, во автомобил, авион, автобус или во воз (добро, во воз и не мора да седат цело време). И колку само пати ќе слушнете:„Дали стигнавме?“ или „Уште колку има до...?“. Вооружете се со трпение, бидејќи ниту еден одговор нема да ги задоволи, и прашањата ќе се повторуваат се до пристигнувањето на дестинацијата.
Најдобар начин патувањето да биде пријатно и за вас и за децата е да ги анимирате на различни начини.
Еве неколку совети:
Музика – музиката има смирувачки ефект. И тоа посебно на децата. Пред патувањето проверете дали сте земале залихи од омилените ЦД-ња за патување. Ако патувате со авион, воз или со автобус, погрижете се со себе да имате ЦД плеер, илибарем мобилен со доволна количина музика за пат. И секако, не заборавајте ги слушалките.
Аудио приказни за деца- тоа се ЦД-ња со приказни за деца кои можат да траат со часови. Одлична помош за изморените родители на патувањето. Децата ќе уживаат слушајќи ги.
Грицки – задолжително носете разни грицки, и тоа оние здравите:овошје или јаткасти плодови. Грисини стапчињата се многу добри ако децата чувствуваат мачнина за време на возењето. Не нудете им слатки, бидејќи тоа би можело да ги вознемири малите стомачиња при возењето.
Игри - Овде не се мисли на Нинтендо или слично! Овде се работи за игра во која децата ја користат фантазијата. Тоа може да биде игра на погодување на првиот број од регистарски таблички на останатите автомобили на патот, или игра во која еден играч замислува некој предмет, а другиот погодува поставувајќи прашања. За помалите деца можете да играте игра „од буквата на буквата“. Која и да ја изберете и вие сигурно добро ќе се забавувате.
Сложувалки – ова е одличен начин да ги анимирате помалите деца. Во продажба можете да најдете книги сложувалки адаптирани на различни возрасти. Многу се добри за носење во рачен багаж, а децата многу ги сакаат. Доколку детето чувствува мачнина во возењето, избегнувајте да ја користите оваа играчка додека сте во движење. Искористете ја за кратки паузи.
Планирајте го патувањето мудро – при тоа имајте на ум дневниот распоред на спиење и оброк на детето и обидете се да го адаптирате времето на прашање, на пример, со времето на спиење, а не со хранење. Со децата на пат тргнете на време, што е можно порано. Понесете ја омилената перница на вашето дете, тоа ќе му помогне полесно да заспие додека патувате.
Правете чести паузи – Тоа, всушност, и не е реално доколку патувате со авион, но може да биде од голема помош при патување со автомобил. За жал, така патувањето ќе трае подолго, но на децата добро ќе им дојдат кратки паузи. Излегувањето од автомобил и кратката прошетка, или разгледувањето на околината ќе го направи патувањето многу попријатно за детето.
Сите сме по помалку нервозни во текот на долгите патувања. Испробајте ги овие совети и ќе стигнете на посакуваната дестинација посреќни и порасположени.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.