за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Пеглата Нео, ја добив за подарок на свадба. Имаше механизам за самочистење и сите тие работи арно ама немаше 6-7 месци после едно самочистење не проработе веќе и не се исплатеше да ја носиме на поправка имала гаранција само 6 месеци..ја користам пеглата на свекрвата ама сакам да си купамнова..се изнагледав секакви и сега незнам која да ја одберам- баш е тешко кога на човек му нудат 100000 опции. Каква имате вие?
26.07.2009, 14:38
Twins
1228
Здраво мами јас имам PHILIPS Mistral 2010, исто ја добив поклон пред 6г. ама пеглата е фантастична и многу сум задоволна. Сега има нови модели на PHILIPS пегли ама дефинитивно се супер. Сум имала неколку такви куќни помагала од PHILIPS , незнам ете пеглата, блендер, фен , депилатор и до сега покрај другите(од др.фирми) што ми се расипувале одма, овие се супер навистина. Поздрав
26.07.2009, 14:50
mami
8680
да и јас сум слушала за нив дека се ок...па ке тргнам во поход деновиве да видам што има..фала
26.07.2009, 15:17
denicka
620
nie imame edna stara pegla (praprastara) od svekrva mi i ona si pegla so taa. a jas si peglam so novata i mnogu e super. inace i dvete se ROWENTA i stvarno se od niv e kvalitetno. majka mi ima pravosmukalka od istata firma i e prezadovolna. prasaj i za niv. poz
_____________________________
Bless and you will be blessed!
26.07.2009, 16:23
Twins
1228
Да да и за ровента имам слушнато дека се супер, еве мајками сеуште ја има а од кога памтам за мене кај нив таа пегла ја гледам . Незнам дали кај нас има ама во Словенија пред некоја година видов пегла од Тефал беше со некое постоље за неа и супер изгледаше а и треба да е добра пошто беше поприлично скапичка. Јас кажував за PHILIPS затоа што со таква имам најдобро искуство а цените на PHILIPS се пристојни . Поздрав
11.08.2009, 23:11
mis.
3845
јас пред година и некој месец си купив на Севери со сите работи на неа најскапиот модел од целиот асортиман на Северин.После 3 месеци при пеглање престана да работи.На сервис беше 45 дена и демек ја направија и 1 ден откако и истече гаранцијата која беше 1 год повторно ми се расипа.И ја менуваа цела плоча со грејач комплет и еве 2 месеци е добра.Така да мој совет е северин НИКАКО.Имав и резалка северин и кога ја купив и ја донесов дома неможев парче убаво да исечам и ја вратив веднаш.Повеќе од Северин ништо не купувам.
11.08.2009, 23:27
Еца
6692
Потпишувам Мис.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
16.08.2009, 21:33
rina
4
исто и јас за свадбата добив пегла СЕВЕРИН,ноне сум воопсто задоволна и си зедов од кај мајка ми стара РОВЕНТА супер ме слузи
17.08.2009, 00:33
nadica
4381
jas imam na tefal ja koristam 2 god i nema gajle
eve bas sega me ceka so kup alista da se dokaze
25.09.2009, 14:29
profesorica
5709
Е пегла не добив за младенци а стварно ми фалеше некоја добра и пред година дена си земав PHILIPS 1800 денари и многу сум задоволна
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
25.09.2009, 14:31
mother 29
4405
lelee ova vo forum za domakinki se pretvorilo hehehehh em mamicki, em domakinki
25.09.2009, 14:35
Adrijana
1301
Dobivme NEO za veridbata, i sega za sega e k zadovolna sum zatoa sto e lesna, i ne e glomazna, i ubavo pegla
_____________________________
25.09.2009, 14:47
mis.
3845
Снаа ми не е задоволна од нео.Од сите страни тече вода и затоа ја користи без вода.
25.09.2009, 14:49
profesorica
5709
И мајка ми зема нео ама не е баш задоволна
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
05.03.2010, 11:11
mami
8680
Гледавме во Супер тинекс како пакетче напрвени разни комбинации- имаше фен и пегла, пегла за алишта и пегла за коса и сл. комбинации по приступачни цени Не ми текнува на марката баш, ама се размислувам од таму да земам, онаа на свеки откажува љубов веќе
05.03.2010, 11:16
big_mama817
1331
и ние имаме нео и воопшто не сум задоволна навистина се покажа како неквалитетни
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
05.03.2010, 11:16
profesorica
5709
мами најубаво да си земеш поскапо што ќе ти трае.јас кога се земавме со Данчо, земав philips на пареа и многу сум задоволна.мислам дека беше околу 2000 денари.
< Поракaта ја уредил profesorica -- 5.3.2010 11:20:01 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
05.03.2010, 11:20
mami
8680
Да да и јас ги гледав тие..Знам само дека нема да биде Северин или Нео. Може или Филипс или Ровента, тие ми се некако издржани марки
05.03.2010, 11:26
caci20
1049
Jas si zemav sega pred nova godina NEO od ponovite i ne e losa. Barav od onie starinskite posto parea i voda retko upotrebuvam ama tesko se naoga
_____________________________
Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...
05.03.2010, 11:28
mis.
3845
мами кога зимаш пегла гледај подлогата да не е росфајтна дека многу се гребат и се оштетува иако тие се препорачуваат како најнелепливи.исто е важно да има anti-drip function да не тече вода од неа при пеглање,self cleaning систем и anti-scale feature.Мојата е со инокс подлога и јас сум задоволна.
05.03.2010, 11:30
mami
8680
Да да, башка за такви работи одам со мм, тој повеќе се разбира и си потпрашува...
05.03.2010, 11:30
mis.
3845
ИЗВОРНА ПОРАКА: caci20
Jas si zemav sega pred nova godina NEO od ponovite i ne e losa. Barav od onie starinskite posto parea i voda retko upotrebuvam ama tesko se naoga
Има во техно маркет од оние старинските на ровента без пареа.Јас порано не користев вода во пеглата на пареа дека постојано при пеглање ми течеше вода од сите страни но со anti-drip вода не ми тече и слободно си пеглам со вода.Кога пеглам без вода алиштата се како непеглани.
05.03.2010, 11:36
Annabel
425
Девојки, ајде помош малку. Имам бигор во пеглата и кога сакам да пеглам со пареа ми остава бели парченца по облеката..Дали се чисти бигорот од пеглата со некое средство?
05.03.2010, 11:38
mami
8680
За да не се создава бигор знам дека се користи дестилирана вода, а како се чисти не знам. Тоа попладне да го прашам мм па да ти пишам
05.03.2010, 11:41
mis.
3845
во кам има едни кесички за бигор,се користат за кафемати мислам дека може и за пегли.не сум користела но знам дека се продаваам.оди до кам и прочитај на кесенцето.Бигор се чисти и со оцет или полирапид но за пегла не знам