за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали детето го ставате да спие на перница? На каква перница спие и од кога почна да спие на перница?
21.05.2009, 11:51
mami
8680
од почетокот не му ставав перница, смо една пелена што му ја менував секоја ноќ бидејќи беше лето и се потеше многу, а сега му ставам едно малечко меко перниче што пропаѓа целосно и тоа повеќе му служи за да си го покрие лицето бидејќи така заспива и после го бутка во ќош од креветчето
09.07.2009, 14:54
mami
8680
во последно време обожава кога ке се префрли кај нас во кревет да си легне цел на перницата на мм и си ја гушнува и така заспива...колку ми е сладок на сабајле таков ми е жал да го будам
11.07.2009, 19:07
mami
8680
на каква перница спие вашето малечко?
14.08.2009, 23:47
nadica
4381
na pocetokot i stavav malo pernice i mnogu se potese na vratot sega spie bez pernice i mislam deka i e podobro
19.09.2009, 09:09
profesorica
5709
На Дамјан му ставаме мало тенко бебешкло перниче, но цела ноќ се превртува па ретко го користи
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
19.09.2009, 10:15
niki
4299
Koga mi bese malata godina i pol se razbole i bese zatnat nosot, ne mozese da dise, noke non stop se budese i ja staviv da spie na visoka pernica, taka i bese polesno da dise i od togas spie na taa golema pernica. Prethodno imavme edno malo bebesko koe poveke za ukras bese otkolku za spienje.
19.09.2009, 11:58
mother 29
4405
Moeto dete ne spie na pernica.ke go stavam i posle nekoe vreme se vrti i ja trga.ako uspeam da mu ja dodmetnam se luti i vednas ja trga.
da ne imame posle problem so rbetot?dali znae nekoj?
19.09.2009, 12:03
BEBICA
2014
Neveruvam deka ima problem so rbetot eve i Monika nejke da spie na pernica saka na ramno da spie.Jas go prasav pedijatarot od koga da ja stavam da spie na pernica mi rece posle 6 meseci moze samo da ne bide pernicata polneta so volmna ili perduvi.
19.09.2009, 12:08
mother 29
4405
i jas taka mislam,imeno imam prijatelka vo germanija zivee i tamu preporacuvale do 2 god. da se spie na ramno.ama onoj pat bev vo lio da vidam za pernici i tuku taa tamu prodavackata prozbore......pa me zamisli?!
19.09.2009, 12:10
profesorica
5709
Не ги слушај продавачките...мислам дека за рбетот е поарно да спие без перница бидејќи поисправен е и не верувам дека би имал проблеми баш напротив.
< Поракaта ја уредил profesorica -- 19.9.2009 12:11:14 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
19.09.2009, 12:13
mother 29
4405
A za dormeo pernicite i kontur anatomskite imate nekoe iskustvo?simpo anatomski memori san ? ovie za nas za spieenje prasuvam?
19.09.2009, 12:18
profesorica
5709
Да золва ми има дормео душек и многу е добар сум спиела на него а свекрва ми земаа 2 перници дормео, ти пропаѓа главата во него и наместена си убаво со целото тело, баш како што даваат во рекламата.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
20.11.2009, 00:30
HristinAntonio
176
nie imame od odeja i za nas i za antonio nasite se so pena propaga glavata2200 den ama ima so razlicni polnenja...na antonio e ne mu e mn visoka ama golemka e 40 na 60cm i okolu 500 den mislam bese
20.11.2009, 03:00
daniel
209
mnogu e bitna pernicata za dobar kvaliteten son
20.11.2009, 07:37
profesorica
5709
понекогаш сака да спие на мојата перница на високо-но само за кратко.а инаку имаме мало тенко перниче и моментално имаме навлака со бамби и многу ја сака само ја гуска и вика:бам-би, срце тоа!!!
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
20.11.2009, 07:59
ripce
2148
Да золва ми има дормео душек и многу е добар сум спиела на него а свекрва ми земаа 2 перници дормео, ти пропаѓа главата во него и наместена си убаво со целото тело, баш како што даваат во рекламата.
И ние имаме дормео мемори душек, навистина е прекрасно спиењето на него. Вреди за секој денар!!!
< Поракaта ја уредил anica -- 20.11.2009 8:00:12 >
20.11.2009, 14:29
mother 29
4405
ааааааааа да си купивме и ние!пред месец,малку ми беше тешко додека се навикнам,малку потврд,ама сега добро е!
01.10.2010, 13:32
Felly RR
7977
Јас за денски кога преспива, неколку пати ја ставив да спие на перница, ама не само под главчето, туку цела да биде поткрената зошто носето и е затнато и само кашла, и поубаво спиеше, не се закашлуваше толку многу. Ама за навечер не знам дали да и ставам исто перница така
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
01.10.2010, 15:00
big_mama817
1331
ние од пред два месеци користиме дормео перница и ок е спие најнормално
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
21.10.2010, 08:33
vezilka RR
4931
Јас денес осеќам дека ќе растурам со прашања Од која возраст се почнува да се користи перниче?
21.10.2010, 08:54
blue_blue
893
јас ентузијастиќки купив пернички уште пред да се родат. До ден денешен (имаат 2 години и 2 месеци) не сме ги користеле зошто моите деца легнуваат со главата на една страна на креветот а се будат на друга (Со нозете таму кај што треба да им е главата). Може кога ќе бидат уште малку поголеми (летово планираме да им купиме кревети нормални дека веќе нема да ги собира во бебешкиве креветчиња) ќе им ставиме и перници
21.10.2010, 08:59
vezilka RR
4931
Хи, хи..па затоа прашувам. Јас вчера купев еден цел комплет постелнина со се внатре, меѓу другото и перниче..па се чудев дали да го употребувам, бидејќи внука ми еве три ќе наполни и уште не користат перниче..
21.10.2010, 09:04
Octavia
617
Не се препорачува употреба на перничиња кај бебиња (а и нема потреба). Син ми до 2 години спиеше без перниче, а сега (веќе оди на училиште) перницата му служи да заспие на неа, а после ја тргаме и спие на рамно, што е многу подобро.
21.10.2010, 11:03
nadica
4381
од пред некое време имаме едно тенко само колку да знае каде треба да и стои главчето ама не го сака баш многу на неа и е доволна и навлаката со дезенот
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!