cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Пешки со меше

clock-img

10.10.2013, 14:41

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Пешачењето е една од најбезбедните вежби во текот на бременоста. Ќе ви помогне:
-да останете во форма,
-да не качите многу килограми,
-помага при намалување на мачнините,
-го намалува ризикот од затвор во бременоста,
-го намалува ризикот од депресија,
-го подготвува телото за физичкиот напор при породувањето,
-го намалува ризикот од зголемен крвен притисок и дијабетис.

Многу придобивки а ви треба само еден добар пар патики и желба за пешачење. Времетраењето на пешачењето зависи од кондиционата форма во која сте биле пред да останете бремена. Не трба да форсирате и најважно треба да си го слушате телото, ако тоа вели, одмори се, тогаш одмори се.

Јас со првата бременост воопшто не пешачев. Не смеев да се движам воопшто и многу ми беше тешко. Сега ќе гледам да не е така. Еве во првово тримесечје пешачам (ќе гледам така да биде цело тримесечје) два пати во недела по половина час, и другите денови по петнаесет минути.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 10.10.2013 14:43:47 >

clock-img

10.10.2013, 14:54

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Јас многу пешачев, до последниот ден.
Уште една придобивка е побрзо и полесно отварање при породување, верувам дека пешачењето имаше големо влијание бидејќи се, за прворотка, многу брзо отворив и експресно породив.


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

10.10.2013, 15:00

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Пешачењето е во секој период од животот многу едноставна, а корисна вежба, па и во бременоста.
И јас пешачев до последен ден, активно, по 3-4 км минимум. Не ја видов придобивката при породувањето, но многу побргу станав на нога и се вратив во форма после породувањето. И бременоста многу полесно минува ако има физичка активност (нормално, ако е уредна бременоста).

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

10.10.2013, 15:16

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Многу пешачев, буквално до последен ден. Секако дека пешачењето општо е добро за здравјето, а особено во бременоста.
Јас секојдневно одев по вкупно 4 километри, толку ми беше релацијата дома-автобуска, па пак имав пешки од автобуска до работа, а и одлично се чувствував.


_____________________________

Live and let live

clock-img

10.10.2013, 15:57

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Откако дознав дека сум бремена па до влез во 9ти јас не пешачев ,јас квачев дома user posted image ,по препорака на лекарите " Поради претходно лошо гинеколошко минато" user posted image и ми беше многу мачно.Арно ама бременоста си излезе супер и откако стапи на сила 9 тиот месец и јас тргнав во акција user posted image , се утепував од пешачење дури и балетанчињата си ги искинав,дека нели после дооооооолга пауза нозеве ми се активираа ,па ми потекуваа .Што убаво ми дојде тоа пред породување,мислиш тазе проодена па си се радувам и не седнувам user posted image user posted image
Затоа се надевам ако се случи втора бременост,ако може да си ја истерам активно арно,а ако не , нека не се ни случува .Имам јас сега и дете за чување ,а седењето по дома дефинитивно не полни со позитивна енергија,туку сосема спротивно.

clock-img

11.10.2013, 23:01

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

И јас за првата бременост пешачев цело време само до работа и назад имав 4 км, за втората бременост одев со велосипед, а кога залади повторно пешачката, додуша и неможев веќе на точакuser posted image Пешачењето е убава работа, штета што сега не можам толку да пешачам, иако каде што можам повторно одам пешки, но сепак поради бројните обврски морам да штедам на време и затоа морам претежно со кола да одам.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

12.10.2013, 15:15

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

И двете бремености ми поминаа на нога.со првата онака лежерно си пешачев кога ќе ми текнеше,додека со втората бременост нон стоп бев во движење(работата ми го налагаше тоа)постојано на нозе,ваму -таму дури и не чувствував тежина баш ми одговараше,додуша јас по природа сум таква не обожавам да сум на едно место сакам движењеuser posted image user posted image .Исходот од сето тоа беше премногу брз и лесен пораѓај во двете бременостиuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

24.10.2013, 09:12

clock-img

myhappiness

pencil-img

61

Јас во првата беменост пешачев повремено, не баш со некој интензитет.
Сега многу повеќе и одлично се чувствувам.
Не дека килограмите не одат нагоре, пак качувам но се чувствувам подобро, поподвижно, се губи мрзеливоста и поспаноста...

clock-img

25.10.2013, 09:45

clock-img

masa

pencil-img

473

Vo prvata bremenost imav strasni macnini na pocetokot i iako bese srede leto samo nadvor mi bese podnoslivo i cela bremenost pesacev mnogu,mi godese i na krajot cela zima jas na rasotka user posted image .Sepak kaciv 20 kg.Sega malku poretko preacev najmnogu zosto cesto bev izmorena od rabota i domasnite obvrski i kerkata (da mi e zdrava i ziva) so koja cesto prosetkite
se poveke macenje otkolku zadovolstvo!Kg pak se tuka + 20.Sepak posledniov mesec isto pesacam sekoj den,a i vremevo steta e da ne se iskoristi! Go koristam maksimalno za setnja,pinekogas i sama ili so prijatelka,no najcesto so letoat
a a koga ke dojdam doma na obvrskite velam NEMOZAM i sto moze soprugot pomaga,sto ne...

clock-img

25.10.2013, 09:54

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

И кај мене килажата се качуваше, стигнав до +20, ама толку имав енергија и се чувствував лесно, чудно и да речам user posted image , и си бев убава сама на себе, а бев како топка. Сега не ми е јасно како воопшто се движев, а не па толку да пешачев user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

25.10.2013, 10:17

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Абе се е убаво тоа пешачењето, ама убаво е и да се одмориш некогашuser posted image Мене работата ми е на нога, син ми си бара шетање, па мора да му ја исполнам желбата, а некогаш играм и фудбал со негоuser posted image Кон ова ќе ги вклучам и домашните обврски и се на се-се гордеам што имам толку енергија, не од што сакам, туку ете морам. И затоа сум алергична на кога некој ќе ми рече дека треба да се движамuser posted image Па јас не застанувам и затоа навечер кога прв пат ќе се спружам се чувствувам како ќотек да имам јаденоuser posted image Треба движење, ама си треба и одмор!

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

25.10.2013, 10:20

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Мартинс Мам, јас мислам дека кога ќе бидам бремена со второ, нема шанси да шетам како со прва бременост.
Како прво, од обврските со едно дете се умараш и не ми е до шетање ни сега, а камоли да сум бремена.
Затоа да, со втора бременост треба одмор, бидејќи и онака немаш можност да лежиш и одмараш ко со првата бременост секако, кога сакаш и колку сакаш.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

02.12.2013, 13:58

clock-img

LARA83

pencil-img

26

И јас нон стоп гледам да пешачам и да бидам во движење т.е. да не се залежувам, дневно по 40 минути пешачам а како поминува време гледам дека телово се поише и поише ми бара движење, кога пешачам се осеќам полесно и како да се полнам со енергија ако лежам два дена наредниот се осеќам уморна утепана ко да сум копала цел ден user posted image добро што работава ми дозволува да искачам на секој два саати и да вртам кругови user posted image не дека килажата не расте али мислам да не се движам уште толку повеќе ќе се накачува...... искрено многу не верувам дека помага за лесен пораѓај ама за полесна бременост и добивање енергија и тоа како помага user posted image ај ќе видиме до крај како ќе оди

clock-img

02.12.2013, 15:10

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

jas do posledno pesacev,deka vo 8 mesec ja sreduvavme spalnata da ne kazam renoviravme pa samo trcavme de vamo de tamo,po prodavnici...ama smrt mi bese koga idevme kaj rodnini na gosti na 5 sprat ziveat a liftot na dva pati ne im rabotese,dusa mi iskacase po poa skalite

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

02.12.2013, 18:09

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Се уште си пешачам скоро секој ден. Ми се фаќа по околу половина час во денот, некогаш и повеќе. Ама со пауза, на пример, пешачам 15 минути, па се качувам во автобус, па пешачам уште 15. Остатокот после работа,ама тоа не секој ден.Мнофгу подобро се чувствувам ако сум пешачела дента.

clock-img

16.12.2013, 18:50

clock-img

nutelce

pencil-img

43

do vlez vo 9 ti mesec redovno peshki na rabota i od rabota...plus skoro sekoja vecer so mm po 1 cas...
otkako ne odam na rabota poveke peshacam user posted image user posted image vremevo e prekrasno, stom vidam sonce me nema po 2-3 casa ...

clock-img

16.12.2013, 22:50

clock-img

elenak

pencil-img

2004

И јас пешачев цела бременост. Без разлика што се породив крај на декември, што ме фати зима и беше кочан ладно, не пропуштав пешачење. Некако си зацртав дека е тоа многу важно и не ми беше тешко. Е сега во 9 месец со огромен стомак, со јакна од мм, чизми, шалови и не беше баш лесно ама колку можев толку, не се форсирав.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

24.12.2013, 13:50

clock-img

nutelce

pencil-img

43

39+6 denes..i povtrono peshacenje...si se oblekuvam toplo i od kaj 11.30 do kaj 14h poleka si peshacam niz grad...user posted image

_____________________________

<a href="http://lilypie.com/"><img src="http://lbdf.lilypie.com/m3gGp1.png" width="400" height="80" border="0" alt="Lilypie Pregnancy tickers" /></a>

clock-img

24.12.2013, 21:10

clock-img

mimi 27

pencil-img

72

Мене ми кажаа да пешачам за полесно да се породам , побрзо да се отворам , пешачев последните 3 месеци обавезно по 1 сат, и на крај не се отворив ич со пукнат водењак и со болки на царски рез завршив ...

clock-img

29.12.2013, 13:06

clock-img

Mimi33

pencil-img

79

Рингерајки мами....И јас исто за првата бременост бев многу активна и нон стоп пешачеви воопшто не настинував,ми беше полесно,не чувствував никакви тегоби....Сега со второто малку помалку пешачам и одма осеќам како ми е потешко....Пешачењето го препорачуваат сите доктори...А и јасuser posted image

clock-img

01.05.2014, 12:22

clock-img

Stefanija Stefi

pencil-img

64

Секогаш пешачам и сакам да пешачам, па така и сега user posted image и докторката ми препорача да пешачам па и за време на мојата бременост ете правам така user posted image

clock-img

18.11.2014, 10:38

clock-img

Anuska14

pencil-img

53

И јас сум ЗА пешачење ама или немам друштво, или имам обврски други и некако не можам баш да се наканам. Знам дека е препорачливо за сите а посебно за мешлачиња кои очекуваат принова.

clock-img

18.11.2014, 13:55

clock-img

Malecka23

pencil-img

1175

Pesacam obavezno mozebi ne sekoj den ama sekoj vtor zavisi od obrski.Ke ja stavam M vo kolicka i pesacime po 2-3km obavezno.E sea koa vrne prafime pauzi i bas me faka safra posto stvarno mi godi i glava ke si izbistris i vozduh i dete prosetano.Apsolutno Za za pesacenjeto

clock-img

18.11.2014, 19:42

clock-img

Ki4iko

pencil-img

438

Јас и не знам што е тоа да се пежачи со стомак.И двете бремености ми беа тешки, лежам во кревет со денови , и кога станувам да се движам имам болки во долниот дел од стомакот.И баш сакав да ве прашам трудници дали имате болки кога се движите?

clock-img

19.11.2014, 16:37

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Јас немам болки при движење засега ама најверојатно рано ми е, уште не сум ни во 7 месец. А инаку сум си пешак, пошто сум невозач, и секаде одам пешки, работа, купување итн... а и со мм спе по шетање по природа, водно, парк секој ден летово, сега викенди. Само нека ме послужи состојбата...

А вака кога е зимо, а на некоја и се пешачи а надвор нема услови за тоа, на јутуб има купишта вежби на кои основата им е пешачењето, нормално во соба и се баш погодни за трудни.

Ако некој го интересира, само нека пребара Walking workouts.

Последни статии

article-img