за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Здраво. Јас сум нова на форумов и ме интересира дали има некој искусрво со бронхо пнеумонија кај предвреме родени дца, дали е опасна и колку брзо може да се излечи, инаку ја се породив во 34-та недела и најдоа дека има невмонија, се роди со 2400 грама.
< Поракaта ја уредил mis. -- 23.2.2010 19:32:47 >
23.02.2010, 19:35
mis.
3845
Билјана1, син ми имаше пнеумонија на 1 год и 10 месеци и со макропен некако поминавме но кај предвреме родени деца е сигурно малку поинаку.Се надевам дека некоја мамичка ќе ти помогне но еве кликни тука имаме доста пишувано за оваа болест.
23.02.2010, 21:13
biljana1
6
Ја прочитав таа тема ама не сретнав кај новороденчиња, инаку педијатарот ми вика дека е во стабилна состојба и од ден на ден е се подобар и постабилно дише, не е во инкубарот туку приклуцен е само на кислород старо е 4 дена а вејке имазголемено килажа за 20 грама изгледа малку но со оглед на тоа дека после порајгај сите намалуваат не е малку. Уште не е идентификувана која бактерија е и затоа му даваат некој антибиотик со широк спектар на делување. Ме плаши само тоа што прочитав дека доколку е грам негативна бактерија во прашање е опасно
24.02.2010, 19:15
BILJANA_G
491
Biljana 1 i jas isto kako tebe se porodiv vo 34 nedela,a Angela bese teska 2430.Za takvo iskustvo kako tvoeto nemam za tolku mala da ima bronhitce,ama toa go pominavme 2 pati,prviot pat koga napolni 1 godina,i vtoriot na 1 i pol.Mnogu tesko pominavme za malku do Kozle ke stignevme vo nejziniot slucaj leukocitite mnogu mnogu i pagaa i toa ic ne e dobro.Tesko bese i so lecenjeto bidejki najefikasniot lek za toa sto bese ona na toj ispadna deka e alergicna.Pa taka po sovet od lekar od Kozle i dadoa terapija zaedno so sirup Zinat.I vtoriot pat istoto se sluci.Se izvidovme nervozi,placenje,ama so verba samo i se se sredi.Sega eve ja otkoga pcnav da i davam poveke raboti da cuknam vo drvo ni grlce nema fateno.Edinstveno pred nekoja den samo noseto mnogu i bese rasteceno.Ne se sekirajh ke se sredi se.A za predvreme rodenite deca mozan da kazam deka malku e i rizicno so mnogu jaki lekovi ama toa e nema drug izbor.Samo vikam Gospod da gi cuva oti tie se nasite borci.
24.02.2010, 22:32
Тања РР
2029
Билјана не се секирај. Моето дете беше многу помало и имаше сепса (генерална инфекција на крвта) и мораше да прима тројна антибиотска терапија затоа што не можеа да му ја излоираат бактеријата.На крај инфекцијата се повлече. Твоето има инфекција на белите дробови, потребно е само да му го погодат антибиотикот и се ќе биде во ред. Ако не се намалат леукоцитите ќе му ја сменат терапијата. Без грижа, дури и да се работи за грам (- ) бактерија ќе се најде лекот. Според тоа што ни го напиша, се работи за уште еден мал борец на рингераја . Секое добро.
25.03.2010, 23:44
biljana1
6
Ви благодарам на подршката во моментите кога ни беше најтешко, сега сме добри, ја победивме бронхопнеумонијата , Давид е дома и фала му на Бога добро напредува, веќе станавме 3кг и не можеме да се изнацицаме .
Поздрав до сите членови на форумов од малиот Давид.
29.08.2012, 21:36
marince87
1
Здраво, нова сум на форумов и очајно сакам да слушнам мислење за следнава ситуација Внук ми се роди предвреме во 36тата недела од бременоста. При увид на крвната слика, се било во ред. Но бебушко почнал да има потешкотии со дишењето. После некое време е ставен во инкубатор и добивал кислород. На пат за Скопје, состојбата се искомплицирала, па морале да го интубираат. Во Скопје е утврдено дека бебушко имал некоја инфекција пренесена од мајката (а мајката ги правеше сите потребни тестирања за време на бременоста и нема утврдено инфекции) . Исто така е дијагностицирано дека бебушко имал недоразвиени бели дробови за што му се дадени сурфактанти, и имал пнеумонија. Дали некој имал слично искуство и како сте се справувале ? Ве молам за побрз одговор затоа што состојбата е алармантна, детето дише на машина...... :(