cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Потхранетост (малнутриција)

clock-img

09.02.2010, 09:13

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Малнутриција или протеинско-енергетска потхранетост е патолошка состојба предизвикана од хроничен недостиг на енергија или протеини, или комбиниран недостиг од енергија и протеини.

Малнутрицијата или похранетоста е се почест проблем и во светот и во Македонија. Глад на големи подрачја во светот, лоша исхрана на бремените жени, поради што се скратува периодот на доење, недостапност до квалитетна и здрава храна се најчести причини во светски рамки за зголемена појава на потхранетост кај децата, посебно кај доенчињата. Според податок од Обединетите нации, во првите две децении од овој век перманентно ќе бидат потхранети 1 милион деца. Паралелно ќе се анализираат и состојбите во Македонија, но ретроспективно, според податоците од УНИЦЕФ и од Клиниката за педијатрија во Скопје, бројот на регистрирани болни деца од малнутриција (потхранетост) од 1994 до 1999 година е во благ пораст: еден отсто за пет години.

Етиолошките фактори за настанување на малнутрицијата се делат на две групи: надворешни (сиромаштија, глад и неинформираност) и внатрешни - пролонгирани течни празнења на цревата и повраќања, проблеми со апсорпција на храна, лоша искористеност на храната, долго боледување од сериозна болест.

Критериумите за дијагностицирање на оваа болест се клиничка проценка, антропометриски мерења и лабораториски иследувања. Според овие критериуми, има три степени на малнутриција (потхранетост): лесна потхранетост (телесна тежина помала за 10-20 отсто од таа што одговара за дадената возраст), умерена потхранетост (дефицит на телесна тежина меѓу 26 до 40 отсто) и тешка потхранетост (дефицит на телесна тежина повеќе од 40 отсто). Лесната и умерената потхранетост уште се нарекуваат хипотрофии, а тешката атрофија.

Карактеристиките на дете болно од потхранетост зависат од степенот на потхранетост и болеста што е причина за тоа. Секако дека водечки симптом ќе биде пад на телесната тежина (без да биде засегнат растот на детето во височина) - децата изгледаат слаби. Ако потхранетоста потрае подолго време ќе има влијание на растот на детето во височина. Тие деца често се со намалена отпорност кон инфекции, тешко поднесуваат храна, а ако не се почне со навремено лекување може да доведат до смрт на детето, посебно доенчето. Затоа е битно рано да се препознаат и правилно да се лекуваат. Благите форми се лекуваат амбулантски, во добра соработка со родителите. Основно е ако може да се елиминира факторот што довел до малнутриција (потхранетост). Потоа треба да се обезбеди доволно внесување на протеини и јаглеродни хидрати.

Тешкиот степен на потхранетост ( атрофија) се лекува во болнички услови. Меѓутоа, малнутрицијата е болест за која важи златното правило: "Подобро да се превенира, отколку да се лекува". Превенцијата е правилна и соодветна исхрана што содржи најмалку 12 отсто протеини, едукација на населението и глобална борба против сиромаштијата, која зема се поголем замав.    

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

Последни статии

article-img