за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Какво е вашето искуство со учењето на детето да чита? Дали го учевте детето да чита уште пред прво одделение? Дали сметате дека е подобро да знае да чита пред да тргне на училише?
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 8.11.2013 9:23:23 >
_____________________________
And this is my beautiful life ...
05.10.2009, 11:23
big_mama817
1331
се зависи од детето но денешните деца се рагат со факултете па многу се љубопитни и затоа учат многу побрзо и сакат све да знаат но сметам дека и ние родителите сме виновни понекогаш бидејжи знаеме и многу да ги форсираме
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 8.11.2013 9:23:33 >
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
18.12.2009, 13:23
Mila na mama
1152
Скоро разговарав со една комшика што има прваче и ми кажа дека учителката ги предупредила родителите да внимаваат децата да не ги научат текстовите на памет и да не знаат да читаат. Имено знаеме дека нивниот мозок е како сунгер и ако им прочитате или кажете нешто брзо и лесно го запомнуваат. Е сега наместо да склопува буква по буква =збор децата откако родителите ќе им прочитаат го паметат текстот и изгледа како течно да го читаат. Совет бил да не им ги читаат текстовите туку да ги остават сами да се мачат и да им даваат непознати текстови пасус од книга или списание да читаат. Ви се случило ли вакво нешто? Колку ви било тешко вам или на вашите деца да го совладаат читањето?
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 8.11.2013 9:24:43 >
_____________________________
love u all
28.01.2010, 18:35
mis.
3845
Оваа не ми е јасно,зар од прво оделение на 6 години веднаш почнуваат со учење на букви Рзберливо е тоа да се бара од дете од 6 години или не?
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 8.11.2013 9:25:10 >
28.01.2010, 22:26
pacuvce
1289
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.
Оваа не ми е јасно,зар од прво оделение на 6 години веднаш почнуваат со учење на букви Рзберливо е тоа да се бара од дете од 6 години или не?
Во прво одделение наставата е повеќе интерактивна...Кај син ми лани речиси 80% од времето цртаа...Се што ќе учеа го претставуваа преку цртеж...А бројките и буквите само визуелно ги препознаваа...Од оваа година веќе почнаа да земаат букви...Во прво полугодие печатно,а еве сега почнаа и со ракописно...
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 8.11.2013 9:24:21 >
_____________________________
Love is in the air
29.01.2010, 10:04
mis.
3845
Едни пријатели нивното детенце одеше на школо во автокоманда и таму буквите ги учат паралелно печатните и ракописните и малку ми е нејасно спротивно од тоа што го имаме учено по методика на наставата по македонски јазик и од праксата досегашна.Целиот образовен систем ни е променет.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 8.11.2013 9:24:28 >
04.02.2010, 14:08
simona_popovska
17
go ucev sekoj den
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 8.11.2013 9:24:36 >
07.11.2013, 10:24
niki
4299
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama
Скоро разговарав со една комшика што има прваче и ми кажа дека учителката ги предупредила родителите да внимаваат децата да не ги научат текстовите на памет и да не знаат да читаат. Имено знаеме дека нивниот мозок е како сунгер и ако им прочитате или кажете нешто брзо и лесно го запомнуваат. Е сега наместо да склопува буква по буква =збор децата откако родителите ќе им прочитаат го паметат текстот и изгледа како течно да го читаат. Совет бил да не им ги читаат текстовите туку да ги остават сами да се мачат и да им даваат непознати текстови пасус од книга или списание да читаат. Ви се случило ли вакво нешто? Колку ви било тешко вам или на вашите деца да го совладаат читањето?
Ova go zabelezuvam kaj kerka mi, taa e vo celodnevan nastava i tamu so ostanatite deca pisuvaat domasno i gi rabotat vezbite so citanje, doma koga ja proveruvam taa gi znae tekstovite od knigata na pamet Zatoa zemame knigi od biblioteka i citame sekoj den po nekolku recenici i tuka se gleda deka bukva po bukva cita, ponekogas razdvojuva na slogovi, no slogovite koi se socineti so samo samoglaska posebno na pocetok na zbor i pretstavuvaat problem da gi svrze so ostanatite, isto taka slogovi so tri i poveke bukvi i odat potesko... no samo dva meseci odime na skolo i seuste gi nemaat pominato site bukvi treba sekojdnevno vezbanje, i tokmu sozdavanjeto na taa navika mi pretstavuva najgolema poteskotija vo celiot proces
By the way, so ogled deka vo Mk ima devetoletka i deka citanjeto e predvideno za vtoro oddelenie ne bi bilo loso da se promeni naslovot na temava vo Pocetno citanje ili nesto slicno za polesno snaoganje
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 8.11.2013 9:24:13 >
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
08.11.2013, 09:32
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
By the way, so ogled deka vo Mk ima devetoletka i deka citanjeto e predvideno za vtoro oddelenie ne bi bilo loso da se promeni naslovot na temava vo Pocetno citanje ili nesto slicno za polesno snaoganje
Супер забелешка, првачињата според програмата треба само да ги препознаваат буквите, а во второ одделение почнуваат со читање. Насловот е променет.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.