за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Сите искуства со прашоци и течни детергенти за машинско и рачно перење на алишта
Нилата ми е стандард за фини и нежни алишта за перење на рака. За џемпери и плетки разни користан течен Нила за шарени за машина. За сите други можни алишта за во машина користев Бонукс,но решив да менувам.
Колку поскап толку подобар?Ариел,Персил,или? Знае ли некој какви се топки за перење со течен детергент,бидејќи во мојата машина истекува надоле.Незнам дали каде што се слева е поделено или на секое зимање детергент да стојам пред машина?
< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 4.3.2015 13:16:49 >
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
04.03.2015, 13:15
Malecka23
1175
Gi imam koristeno skoro site mozni detergenti.I da i persilot e ubav i ariel ama na kraj si se vrativ na Merix.Mnogu dobro pere i ima odlicna cena navistina.OD bonux ne sum zadovolna i od savex na pr ama zavisi i do masinata kaj mene mi se praveja grutki i ne mi rastvarase ubavo
04.03.2015, 13:52
AneLav RR
1110
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR Знае ли некој какви се топки за перење со течен детергент,бидејќи во мојата машина истекува надоле.Незнам дали каде што се слева е поделено или на секое зимање детергент да стојам пред машина?
Melanija RR за топка за перење алишта можеш да прочиташ во оваа тема ТУКА
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
04.03.2015, 14:02
LoveableMe RR
5035
Искрено, користев досега многу прашоци и моментално сум задоволна од Факс, квалитетно пере, со тоа што понекогаш остануваат грутки, не знам дали премногу ја трупам машинава со алишта.
Би сакала да купам од течниве прашоци за алишта, само се мислам кој, има еден Ариел течен, ако е добар, пишете препорака да земам и јас се интересирам за ова.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
04.03.2015, 15:57
AneLav RR
1110
За бели Ариел закон ми е, а за децата бели со Персил сензитив експерт. Од течни за шарени и за црни алишта моментално перам со DERO капсули. Не се лоши ама не се ни нешто екстра ама убаво мирисаат дури не треба ни омекнувач. Инаку од течниве за црни и шарени имам користено, Первол, Вулајт, Нила , а најзадоволна бев од еден течен АБС турски, не знам дали го има по другиве градови овде го наоѓам во еден локален маркет и во ДОН маркет ама го нема секогаш.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
04.03.2015, 18:00
lukajana RR
1481
И јас експериментирам нонстоп со прашаци таман ке речам овој е добар нешто нема да ми испере и ајде друг .Сега имам Мерикс и Первол течен за шарени а за бели Факс,а сум ги користела сите и обично ако начекам некој на акција купувам ако ми одговара многу не се врзувам еден и толку а и децава не ми се склони на алергии така што и нивните алишта ги перам со ист прашак само посебно од нашите
04.03.2015, 18:10
Defne90 RR
1991
Нон стоп експериментирам и јас.За среќа до сега не се случило да имеме некоја несакана реакција од некој прашок или тешен детергент.Моментално белите алишта ги перам со дуел а црните со нила течен детергент.Ама постојано купувам различни.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
04.03.2015, 22:18
Melanija RR
7052
Ги гледав Факс и Дуел ммм се мислам
Јас секогаш користам еден прашок и за бели и за шарени,зошто ги двоите. Ок тие за бели се многу јаки ,ама еве конкретно Нила течен за шарени не го бива за нешто по прљаво, затоа сакам еден прашок за се. Уништува алишта ама да не ги прегледувам сите кога ги пружам на сушење
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
04.03.2015, 22:24
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
Ги гледав Факс и Дуел ммм се мислам
Јас секогаш користам еден прашок и за бели и за шарени,зошто ги двоите.............
Меланија, јас не ги двојам, имам еден прашок за се, а повремено перам црни со Персил за црни. Факс е квалитетен прашок на Хенкел, уште од времето на нашите мајки и стварно е добар
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 4.3.2015 22:25:27 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
02.11.2015, 14:22
Sunshine88
73
Јас моментално користам Первол..и мн ми се допадна. А омекнувач Бохор, но во мат шишенце, не проѕирно како стандардните. Порано Орнелот беше супер, но сега веќе нит мириси нит ништо, а и некако како да ми го разредуваат. А и самиот прашок им дава убав мирис на алиштата.
25.11.2015, 17:11
marchi
948
ne koristam tecen detergent,samo omeknuvac i prasok,a koga sme kaj tie raboti povekje omeknuvac stavam negoli prasak