за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Верувам дека форумов го читаат многу млади девојки кои од срам или страв до сега не пошле на гинеколог. Застрашувачки е колкав е бројот на тие девојки. Тој страв се јавува од непознатото, не знаат што ги чека, како изгледа еден гинеколошки преглед...Ајде сите ние да им помогнеме на тие девојки со нашите искуства. Како се чувствувавте вие кога прв пат појдовте на гинеколог? Како се одвиваше прегледот? Какво чувство имавте кога ја напуштивте ординацијата?
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
06.10.2010, 11:42
Idna mamica
161
Првпат отидов на гинеколог на 23 год.Многу ќе се чудат дека е прилично доцна за тие години,но јас до тогаш не бев сексуално активна и немав проблеми со циклусот,се додека не ја изгубив невиноста.Ми беше прилично страв(среќа што отидов кај жена-гинеколог),и имав трема но сето тоа не било толку страшно како што си мислев.Сега пак како да ми се надокнадува тоа што не одев како девојка,поради проблемот со стерилитетот одам многу често Одењето на гинеколог не е ништо страшно,срамно или чудно.Тоа е грижа за сопственото здравје,утре таа млада девојка треба да има деца,затоа е многу битно да се подготвува организмот за бременост,да се направат испитувања и да се санира нешто ако не е како што треба.
< Поракaта ја уредил Idna mamica -- 6.10.2010 11:45:56 >
06.10.2010, 12:07
vezilka RR
4931
Прв пат отидов на гинеколог некаде на 18 години по инсистирање на мајка ми, иако не бев сексуално активна и немав некои проблеми со циклусот, туку бев чисто на контрола. Но не продолжов редовно да одам, повторно отидов некаде после 2 години, па после 2 пак се така до некаде 23 години, кога ја сватив сериозно работата и почнав редовно да одам. Е тогаш веќе имав некоја инфекција која ми рекоа дека е стара..а тоа веќе претставува проблем. А причината зошто не одев редовно како помала беше зошто никоја од моите другарки и познанички не одеа, и иако мајка ми ми викаше јас не ја слушав и се каам зарди тоа. Плус никаква едукација на младите немаше у тоа време за тоа..страшно. Им препорачувам на сите девојки и жени гинеколошкиот преглед да го сватат како една обавезна контрола на нивното репродуктивно здравје оти може подоцна многу да ги кошта.
06.10.2010, 12:16
Mamicka3
755
auuu kako se cuvstvuvav si velev zemjo otvori se i goltni me,imav 22 god i samo sto ostanav bremena plus na toa ginekolog-maz lele sto da vi kazam no posle toa koga i da odev si bese se najnormalno razgovaravme kako bliski prijateli a toj si ja rabotese svojata rabota nemase veke sram. a za kotek sum odam od bremenost na bremenost
_____________________________
Децата се најголемо богатство Марио 31.10.2002 Ана Марија 01.11.2005 Трајче 20.09.2009
06.10.2010, 13:35
blue_blue
893
Мислев дека во живот нема да одам никогаш кај маж гинеколог. Ама пошто маката ме натера да морам да одам кај Лазаревски, а после и кај Петановски ич не ми беше гајле што се мажи ниту ми беше непријатно. Првиот пат кога влегов кај Лазаревски мислам во земја ќе пропаднев, ама тој е толку смирен и љубезен човек да не може непријатно да се осеќате. А, па за Петановски да не зборам - стомак ќе те заболи од смешки што ти прави дур те прегледува, кај може кај него во ординација да ти е непријатно...Инаку одам еднаш годишно на редовен преглед од кога се породив. Пред тоа бев повеќе на гинеколог отколку дома така што не ги доживував гинеколозите како некои страшни ниту пак нивните ординации како непријатно место. Мене многу понепријатно ми беше да седам пред ординација и да чекам, тоа исчекување ме убиваше оти не знаев кога ќе влезам внатре што ќе биде следно...Мислам дека е многу важно да се оди на редовен преглед а еднаш годишно и брисеви и ПАП да се прави - тоа е грижа за себе исто како што одиш на забар или на очно. Важно е да ти е пријатен докторот и да му веруваш, дали е маж или жена барем мене веќе одамна не ми е важно. А за млади девојки мислам дека треба добро да се информираат пред да станат сексуално активни. Жално е колку не знаат ништо за СПБ, за начини на кој се пренесува ХИВ вирусот и за забременување. Сите мислат - тоа мене нема да ми се случи...
06.10.2010, 16:01
Anushka
1392
и прв и стоти пат на гинеколог е исто!!! Три деца родив, што чепатење удрив, остарев веќе, па пак ми е ооооодвратнооооо! Ама што се море не е тешко. Инаку, сметам дека секоја девојка некаде 6 месеци по првата менструација треба да појде прв пат на гин. Мене ми се случи многу непријатна работа - така испадна - јас да бидам таа која ќе ја однесе девојката на син ми прв пат на гин. Што ти е свеки, а?
25.10.2010, 01:41
nena lonley
97
prv pat na ginekolog otidov na 16 godini poradi toa sto seuste nemav ciklus...i ottogas redovno odam, a za custvoto voopsto ne mi bese neprijatno zatoa sto predhodno moze da se rece izrasnav kaj ortoped...pa isto e covek vo bel mantil .
25.10.2010, 07:14
veckasr
642
jas prvpat otidov na ginekolog na 15 godini bidejki mio kasnese menstruacijata a bevnevina menstruacijata mi kasnese poradi vodna cista koja pukna i ciklusot si dojde najnormalno na pocetokot mi bese sram no sega se otpustiv i cesto odam na ginekolog poradi sterilitetot
25.10.2010, 08:45
Glück90
333
prv pat otidov na 19 godini i mi bese neobicno i bev so doza strav.Vtor pat bev vo mart bidejki morav ovde da napravam pap test i sega ke odam sega ovaa nedela.Mnogu mi e prijatno sega bidejki i samiot ginekolog e super kazuva smeski a sto e najbitno ke te islusa do kraj i dava super objasnuvanje za se
_____________________________
When you focus on problems, you will have more problems. When you focus on possibilities, you will have more opportunities. Dream. Wish. Make it happen.