cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Предвреме родени деца

  
clock-img

17.03.2009, 16:16

clock-img

vesna_kr

pencil-img

217

Дали има врска тоа дека децата кои се раѓаат во 7миот месец остануваат живи а во 8миот месец не, или тоа се само бабини деветини?

clock-img

23.03.2009, 16:26

clock-img

mis.

pencil-img

3845



Vesna moze takvi slucai imalo vo minatiot vek koga tehnikata i tehnologijata ne bile razvieni vo takov stepen kako sto e denes barem ne vo makedonija.
Vnuk od brat e rodeno kako nedonoseno vo 8 mesec vo gevgelija so tezina 1900gr. i hitno e hospitalizirano vo skopje vo detska klinika.Bese vo inkubator i da cuknam vo drvo prav maz e sega.2 ipol dena se razlika so martin ama isti se, po nisto ne se razlikuvaat.kako bliznacinja.Posle 3 meseci od raganjeto veke ja dostigna idealnata kilaza i mnogu pobrzo napreduvase vo kilaza od martin iako martin bese roden 3330 i prviot mesec kaci 1700.

clock-img

11.06.2009, 08:48

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Пуштањето музика на прерано родените бебиња може да го забрза нивниот раст и развој, покажа истражувањето спроведено во канадските болници. Научниот магазин „Archives of Disease in Childhood“ објави дека прерано родените бебиња на кои им е пуштана музика, поквалитетно се хранат, побрзо добиваат на телесна маса, а забележано е и намалување на болките.

Музиката била поврзана со општото смирување на бебињата, но и со подобрувањето на функцијата на срцето и белите дробови, пишуваат научниците од универзитетот од Алберта.
Резултатите од новото истражување се темелат врз анализа на девет претходни студии. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

18.06.2009, 11:00

clock-img

mami

pencil-img

8680

Порано се мислело дека секое дете под 2.500 грама родилна тежина е недоносено дете. Меѓутоа, сите деца што се родени со тежина под 2,5 килограми не се недоносени деца.
Недоносени деца се тие што се родени пред почеток на 37 гестациска недела и тие можат да бидат со тежина под 2,5 килограми, но и над оваа тежина. Секој ден повеќе во мајчината утроба е плус за детето, така што раширеното верување дека доколку детето се роди во седми месец од бременоста тоа преживува, а во осмиот месец не е уште една заблуда, која не ретко ја слушаат и педијатрите. Детето колку повеќе денови е носено, толку има повеќе шанси за опстанок и преживување, под услов да нема некоја друга придружна состојба што му го загрозува животот.
Секако не значи дека детето што е родено во осмиот месец е задолжително со подобри физички предиспозиции од детето што е родено во седмиот месец од бременоста. Се зависи од стартната кондиција на детето. Педијатрите и гинеколозите-акушери секогаш се обидуваат секоја бременост да биде што повеќе износена за да биде бебето позрело и повитално при раѓањето, услов за полесен опстанок во надворешните услови.

clock-img

05.07.2009, 13:55

clock-img

biljanaM

pencil-img

662

i Jas mislev deka denes so razvienata tehnologija bebeinjata rodeni vo 8ot mesec ne umiraat ama ete ne bilo taka....mislam deka pisuvav za istivo vo temata stres za vreme na bremenosta

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

clock-img

24.07.2009, 09:21

clock-img

Cacko

pencil-img

1127

Nema veze toa so u 8 mesec ne prezivuvaat.Jas sum rodena koga majka mi bila prva nedela vo 8 mesec i sum se rodila 2800 user posted image i sum bila 49 cm.Ne me stavile vo inkubator zosto sum imala i poveke od dovolno kilaza,samo me stavile natoa neznam tocno kako se vika logr ili sator,za kislorod ,za disenje zosto belite drobovi ne ti se dorazvieni.Site se cudele sto zver rodila majka mi,ali toa e genetika vo prasanje,site u familija se golemi.Taka da eve me mene rodena na 8 meseci,da ne recam nedonosena,t.e. nedokvakana, na 28 god sum 181cm, i imam... e ne vi ja kazuvam kilazatauser posted image

clock-img

06.09.2009, 21:44

clock-img

betpet

pencil-img

302

Nasata kerka se rodi na 6 meseci i 18 dena,i toa so tezina od samo 630gr.
sega imame 3 meseci i imame 2050gr pa za dve tri nedeli si ideme doma.
I seto toa blagodarenie na ekipa doktori od bolnicata Tokuda vo Bugarija

clock-img

06.09.2009, 21:46

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Вашата ќеркичка е чудо betpet. Нека е жива и здрава, борец уште од 630 грама. user posted image
Браво за малатаuser posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

06.09.2009, 21:51

clock-img

betpet

pencil-img

302

I da znaes deka e cudo.
Golem borec pogolem ne sum videla.
A doktorite vo Bugarija postojano velea toa e zatoa sto e "momiche i oti e Makedonche


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

clock-img

06.09.2009, 21:57

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Наша среќа е што твоето искуство Бетпет го сподели со Рингераја. Тоа е прекрасна работа што набргу ќе излезете.Прекрасни вести. За малиот борец user posted image user posted image user posted image и се надевам заедно со нас и целото семејство Рингераја ќе растете и ќе не информирате за секој нов ден, за првото забче, првиот чекор.user posted image user posted image user posted image Добре ни дојдеuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

06.09.2009, 21:58

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

betpet ti imas kerka lavica.Neka e ziva i zdrava.

clock-img

06.09.2009, 22:27

clock-img

Весна

pencil-img

771

user posted image user posted image user posted image
цврсти прегратики!!!

clock-img

01.10.2009, 11:50

clock-img

nelka

pencil-img

20

zdravo...jas se porodiv vo 8 mesec,znaci predvreme vo 34 nedela od bremenosta,mi pukna vodenjakot  i se porodiv so carski.bebceto se rodi so 2190,a 43sm dolzina.sega e 4 meseci i super napreduva.ne zadrzaa 13 dena vo bolnica oti bese malce na kislorod,a uspat dobi i zoltica.znaci i vo 8 mesec ostanuvaat zivi i zdravi.sekoj slucaj e individualen.pozdrav

clock-img

01.10.2009, 11:52

clock-img

mami

pencil-img

8680

нелка user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image драго ми е што ни се придружи...и супер што сте поминале убаво..браво за малиот борец...растете здрави и срекни

clock-img

01.10.2009, 11:54

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image user posted image user posted image Браво Нелка за твоето бебеuser posted image Потполно се согласувам дека денес медицината е толку напредната па и бебиња кои се родени во 6 месец од бременоста остануваат живи и здрави. Поздрав и добре ни дојде.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

01.10.2009, 11:54

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

нелка честитки за user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

01.10.2009, 11:57

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

супер!user posted image user posted image   user posted image  за вас!

clock-img

01.10.2009, 12:08

clock-img

Enika

pencil-img

1480

vnuk mi andrej se rodi na pocetok na 9 mesec ama so 1300 grama...se porodi bratucedka mi den posle svadba t.e sabajleto i toa vo kola na pat nakaj bolnica...celata rabota beshe roman da napishesh ama maliov vazno e dobar.go stavija vo inkubator ama use od raganje e zivcan...neke da lezi, ziv e celiot...nekese ni vo inkubator da sedi...i sreka nemashe problem so retinopatija user posted image
sega e skoro 5 meseci i ima 4ipo kila...uste po ziv i avtoriteten...nema legnuvanje samo shetanje so nego vo race:)

clock-img

04.12.2009, 10:06

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Причини за предвремено раѓање има повеќе и со зголемување на факторите расте и процентот на недоносените деца. Факторите може да се вбројат во повеќе групи, вели д-р Елизабета Зисовска, педијатар на Клиниката за гинекологија, Оддел за неонатологија. Тука се социјалните фактори, биолошките, како и лошото акушерско минато. Предвременото породување може да е предизвикано поради честите абортуси, вагинални инфекции, семејно оптоварување со некои генетски промени, како и потхранетост. Потхранетоста во бременоста може да доведе како до предвремено породување, така и до раѓање деца со мала родилна тежина. До породување пред терминот доаѓа и кај жените што имале несакана бременост, при што имало разни обиди за прекин, а поголем ризик постои и при консумирање алкохол, пушење, работа под стрес или работа во несоодветни услови, објаснува д-р Зисовска. Доколку жената носи два или повеќе плода и таа бременост може да резултира со предвремено раѓање, бидејќи не секогаш матката има доволно простор за изнесување на повеќе плода°.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

04.12.2009, 10:22

clock-img

Iva

pencil-img

626

Не знам дали сум кажала до сега но Михајло е исто така пред време роден. На почетокот на 35 недела ми пукна водењакот и се породив спонтано. Но бидејќи долго време после пукањето на водењакот јас немав болки ( 14 саати) и бебето беше без плодова вода имавме малку компликации после породување. Значи папочната врвца му беше  3 пати околу врат и еднаш околу нога. Имаше изгубено доста кислород и не можеше да постигне телесна температура. Беше една недела на опсервација, на инфузии, на греачи и на кислород. Леле колку беше модро кога се родиuser posted image . Потоа немаше никакви оштетувања или последици.
Но понекогаш се замислувам дали како резултат на ова тешко породување Михајло сега има потешкотии со зборувањето.user posted image

clock-img

04.12.2009, 10:30

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

леле на една моја пријателка така се породи пред време и на детето му беше 3 пати околу врат папочната врвца.леле страшно.user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

04.12.2009, 10:43

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Интензивно следењето на психомоторниот развој е задолжителен во тек на првата година, а пожелно е тоа да се прави и до 6годишна возрст. При тоа од голема важност е да се пресмета "корегираната” возраст на детето. Имено, таа се одредува според терминот кога детето требало да биде родено, а не кога всушност е родено. Од тој термин се одредува неговата психомоторна зрелост што е особено важно за правилна проценка на неговиот развој. 

> Препорака до родителите би била да постапуваат со своето дете исто како што би постапувале со дете кое е родено во термин! Родителите на недоносените деца се склони да мислат дека нивните деца се особено нежни. Често се случува родителите да бидат претерано грижливи и внимателни, постојано се оптоварени дали му е топло или ладно, дали доволно јадело или спиело. Често се и претерано попустливи и детето на тој начин успева да го добие секогаш тоа што го сака, а со нив се родителите и преѕтерано врзани. Оваков начин на однесување на родителите не поставува никакви ограничувања за децата. Таквата атмосфера, предупредуваат психолозите, може да попречи во нормалниот развој и да создаде зависно, каприциозно и несреќно дете. Како родители на недоносено дете, потребно е тоа да го имате на ум.

< Поракaта ја уредил Еца -- 4.12.2009 10:44:22 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

27.12.2009, 23:52

clock-img

Palce

pencil-img

123

Zdravoo zenskicki...

Jas sum Palce i sum nova na forumov...Edna drugarka me potikna da se zaclenam bidejki mi pusti link od intervjuto na betpet...Nejzinata prikazna me napravi uste posilna da izdrzam vo borbata koja ja imala i taa...
Jas se porodiv vo 28 nedela i 6 dena vo Ljubljana...Se rodi Mia teska 1250g...Bev bremena so bliznaci ama ednoto devojce imase anomalii i pocina mnogu porano kaj mene vo stomak i od togas zapocnaa komplikaciite i me pratija da se porodam vo Ljubljana zaradi dobrata neonatoloska nega za predvremeno rodeni bebinja...Se rasprasuvavme i vo Bugarija kade sto se porodila betpet ama se resivme za Ljubljana...Seuste sme tuka eve vekje 45 dena...Mia e teska sega 2160g :) Vtoriot den posle poragajot i pukna levoto plukno krilo posle i desnoto,i stavija drencinja,bese na respirtor pa na produvuvanje na plukjata....Za seto ova mnogu ubavo moze da me razbere betpet bidejki pominala niz istoto...Ete ja na kratko nasata prikazna i uste se borime i odvaj cekame da si odime doma...I Mia e golem borec i poleka napreduva...Isto kako i Teodora i nie vikame deka e silna zosto se izbori vo site teski momenti...Se nadevame deka nabrzo ke ne pustat doma...Seuste e na kislorod..Pozdrav do site,se nadevam deka ubavo ke se druzam so vas na ovoj forum :)

clock-img

28.12.2009, 00:51

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image Палче и за малата Миа. Уште еден наш борец на рингераја кој со нетрпение ќе го чекаме да стигне дома и да се радуваме на секој нов ден со неа. Најважно е дека сте на добар пат, напредувате и многу брзо ќе чекаме и слики и поопширно за целото патешествие кое има среќен крај. Рингераја е горда што има членови, мајки, лавици како вас, кои маката не може да Ги кутне на земја, туку ги тера да одат напред, им дава сила да живеат и да се борат заедно со нивните мали борци, со нашите мали ангелчиња Теодора и Миа. Вие сте пример како не треба да се откажувме од големите нешта, бидејќи чуда се случуваат.

И за крај морам да ја цитирам Бетпет "Ако искрено од срце се посакува да се има дете, послушајте го своето срце и направете како тоа Ви вели и резултатот е неизбежен. Можеби тоа, ќе го одбере потешкиот пат, како во нашиот случај, но неочајувајте, верувајте дека човекот е толку силен, што по некогаш и самиот за тоа не знае."

< Поракaта ја уредил Еца -- 28.12.2009 1:02:11 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

28.12.2009, 00:57

clock-img

Palce

pencil-img

123

Zdravooo Eci :))

Ti blagodaram na toploto dobredojde na ringeraja :) MNogu mi e milo sto ke se druzime i ke spodeluvame iskustva...Betpet ima pravo vo napisanoto...Ako mnogu se posakuva detence,so golema borba i ke se dobie :) I nie niz istoto pominavme,cekavme bebence 5 godini,imav eden kup operacii, 7 insemenacii i ova e 6 uspesno IVF...Imav i eden spontan,edno bebence mi umre i Mia e nasata treta srekicka...
Odvaj cekam da si dojdeme doma,i nasite site netrpelivo ne cekaat...
Pozdrav do tebe Eci,odam da spiam,utre me ceka dolg den vo bolnica...
Dobraa nokj i se citkame :))

_____________________________

"WHAT DOESN'T KILL US, ONLY MAKES US STRONGER"

Последни статии

article-img