за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Какво искуство иамте со детето кога премина од градинка во училиште?Како се прилагоди и колку време требаше да се прилагоди?
27.03.2009, 15:21
mis.
3845
Јас немам такво искуство ама би се надоврзала на Весна дали се согласувате со мене дека децата на 6 год се премногу мали за да одат во училиште?Кој е вашиот став?
16.06.2009, 23:21
Еца
6692
Дефинитивно не се сложувам со одлуката што се донесе децата да тргнуваат на училиште толку рано, им скратуваат дел од детството, а и онака не учат којзнае што, ниту пак имаат оцени, мислам дека треба да размислат во министерство за образование овие работи да си ги вратат како некогаш.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
08.10.2009, 12:16
mami
8680
мене ми е многу без врска тоа што од толку мали ги тераат децата на училиште, мислам едно е кога оди во градинка а друго е кога 5 годишно дете треба да го седнеш во училишна клупа...каква сака нека имаат програма, тотално им е утка ова
16.01.2010, 21:41
April
1257
Дали некој знае каде можам да го најдам законот за деветолетка? Го барав на сајтот на Министерство за образование, ама не можам да го најдам. Ме интересира дали е задолжително за децата родени јануари 2005 да тргнат на училиште во септември, односно дали законот ги опфаќа децата родени до 31 декември, или пак и тие од јануари. Јас знам дека важи и за јануарските деца, ама вчера една пријателка ме убедуваше дека за нив не е задолжително
16.01.2010, 21:50
mis.
3845
Мислам дека се опфатени само децата родени до 31 декември. Ние од септември треба да почнеме да одиме во школо но не знам како ќе биде,некако ми е мал за во школо
16.01.2010, 21:52
mami
8680
Па нормално дека е мал. поголема глупост неможеа да направат. Многу сум против оваа работа. не го оставаат детето да биде дете. Па ако не им е жал на 5 години децата да ги врзуваат за училишна клупа искрено се надевам дека за 5 години(додека дојдеме ние на ред) ке се смени пак нешто...
16.01.2010, 21:54
lilit
294
И ние исто ке одиме во школо од септември и ептен ме фака страв. Не знам како ке се прилагоди и сето тоа .Марко ги знае буквите сите а и оопседнат е со математика ама друго е дома и во градинка леле се .Плус ке имам и бебе тогаш тешко мене
16.01.2010, 21:57
April
1257
Не сум сигурна, затоа сакам да го најдам законот...педагог од едно училиште ми рече дека ги опфаќа јануарските деца задолжително, а и памтам лани во градинка на вратата имаше напишано: сите деца родени до 31.01 може да се запишат во тоа и тоа училиште...ама другарка ми зборела со педагог од друго училиште и тој и' рекол дека не мора... Инаку сегашното прво одд. е убаво, исто како забавиште во градинка, клупите и столчињата се прилагодени за нив, мали и шарени, интересно е, може да биде напорно само ако детето оди целодневна...значи некаде до 15 часот... Ќерка ми сега ќе полни 5 и мислам дека ако овој септември не ја пратам, следниот ќе и' биде многу досадно, исто како осмолетка да ја пратам со 7,5 год.
16.01.2010, 22:02
April
1257
ИЗВОРНА ПОРАКА: lilit
И ние исто ке одиме во школо од септември и ептен ме фака страв. Не знам како ке се прилагоди и сето тоа .Марко ги знае буквите сите а и оопседнат е со математика ама друго е дома и во градинка леле се .Плус ке имам и бебе тогаш тешко мене
Може да му биде досадно во школо Верувај...Дури следната година ќе почнат со пишување и математика, така што прво одд. ќе го помине со леснотија...како забавиште
16.01.2010, 22:04
mis.
3845
Април досадно е во целодневна но во класична настава дома се многу рано а најчесто родителите се на работа кој ќе ги згрижи тие деца на 6 год.! година порано да го пратиш многу значи за детето.Ние не знаеме букви освен 5-6,бројките ги знае но и не го форсирам.не можам од него да барам нешто за што порано ние абер сме немале на истата возраст.Убаво се одеше забавиште каке имаше и психичка подготовка за детето за во школо а вака од градинка право во клупа.Кај можат да издржат во исто место толку време ,нема шанси.Колкава може да биде нивната концентрација и внимание.Знам дека во прво и не учат кој знае што детството му е скратено.
16.01.2010, 22:11
April
1257
Да, проблем е ако оди класична, а нема после кој да го чува, од друга страна ако детето спие попладне (како ќерка ми), не знам како би издржала целодневна...Знам дека е голема промена, ама се обидувам да го сфатам како градинка без креветче
16.01.2010, 23:42
jovanka
1745
Ne izbrzuvajte vo donesuvanjeto na odluka koga deteto bi trgnalo vo uciliste dokolku e rodeno krajot na dekemvri ili pocetokot na januari toa napravete go vo konsultacija so pedagog i psiholog.Sto se odnesuva do celodnevnata nastava ne ja preporacuvam so ovoj tip na programa bidejki e preobemna a vo uciliste nemoze se da se razjasni ako vo oddelenieto se nad 30 deca no dokolku taa brojka e do 25 toa e veke mnogu podobro.Koga ke si dojde deteto doma posle celodnevnata nastava znaci vo 3 casot zavrsuva mu treba sepak odmor,rucek i se razbira dodatni aktivnosti kakosport,angliski,muzicko...a zamislite sto stanuva ako treba nesto da se povtori ili doobjasni i se razbira tie se zivi sustestva a ne robotcinja znaci im treba i na niv malku vozdiska za da ne nastane spoj koj loso se odrazuva i na deteto i roditelot-nervoza togas podobra varijanta klasicna nastava so toa sto treba da bidete spremni toa dete posle casovite da bide soodvetno zgrizeno.
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
16.01.2010, 23:47
jovanka
1745
April da znaes bebe +skolo vo edna faza malku potesko ke vi odi.Ti go kazuvam od iskustvo zatoa sto lani i jas toa go pominav iako bese treto od devetoletka,sepak postoese taa doza na ljubomora koja ti kako majka treba mnogu da vnimavas kako ke ja pretvoris vo ljubov.Uzivaj i sorabotuvaj so ucitelkite bidejki kolku si ti so nego doma tolku ke bidat tie so nego vo uciliste dzabe ne ucitelkite do 4 odd.gi narekuvaat i vtori majki
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
16.01.2010, 23:48
April
1257
ИЗВОРНА ПОРАКА: jovanka

Се согласувам. А дали мислите дека децата кои одат целодневна (значи повеќе работат на училиште отколку дома) се исто подготвени за петто одд. како оние кои одат класична, и се' работат дома?
16.01.2010, 23:50
April
1257
ИЗВОРНА ПОРАКА: jovanka
April da znaes bebe +skolo vo edna faza malku potesko ke vi odi.Ti go kazuvam od iskustvo zatoa sto lani i jas toa go pominav iako bese treto od devetoletka,sepak postoese taa doza na ljubomora koja ti kako majka treba mnogu da vnimavas kako ke ja pretvoris vo ljubov.Uzivaj i sorabotuvaj so ucitelkite bidejki kolku si ti so nego doma tolku ke bidat tie so nego vo uciliste dzabe ne ucitelkite do 4 odd.gi narekuvaat i vtori majki
Лилит ќе има бебе, јас се' уште не Како и да е, се согласувам со горенапишаното. Многу, многу е битна учителката.
16.01.2010, 23:55
jovanka
1745
Se zavisi od roditelite i nastavnickite.Ne treba da se ostavi deteto samo vo petok da vi receno izrecitira sto ima za domasna i toa ucenje ili povtoruvanje da se svede na dvata vikend denovi.A koga se raboti za vikend kako roditel so dusa go cekas i da se odmoris i da si posvetis vnimanie na domot,semejstvoto,da izlezes da gi prosetas decata i sto e najvazno da sednes so deteto i se sto treba da mu objasnis bidejki site deca ne sednuvaat sami da gi zavrsat ucilisnite obvrski.Znaci treba kontinuirano da se sledi deteto vo celiot obrazoven proces ako sakate da se ima USPEH!!!!!
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
16.01.2010, 23:57
Tanja K.
563
Naj precizen odgovor,Bidejki ovaa tema mislam deka so mm ja prostudiravme epten dobro. Sekoe dete Sto e rodeno zaklucno so 31 januari mora da trgne vo tekovnata skolska godina.Dete sto e rodeno na 01 fevruari nemoze da trgne,eventualno ako nema "vujko Vo ministerstvo za obrazovanie".Ova e od sigurni izvori.
17.01.2010, 00:00
April
1257
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanja K.
Naj precizen odgovor,Bidejki ovaa tema mislam deka so mm ja prostudiravme epten dobro. Sekoe dete Sto e rodeno zaklucno so 31 januari mora da trgne vo tekovnata skolska godina.Dete sto e rodeno na 01 fevruari nemoze da trgne,eventualno ako nema "vujko Vo ministerstvo za obrazovanie".Ova e od sigurni izvori.
Thanks, Tanja K. Tokmu ova mi trebase.
17.01.2010, 00:05
jovanka
1745
Ima slucaevi koga timot ke proceni deka deteto ne e spremno gi sovetuvaat roditelite da go odlozat trgnuvanjeto za idnata godina ova se odnesuva na devetoletkata.No koga roditelite samite ke procenat dali deteto e dobro da go pratat vo uciliste so polni 6 ili 7 godini ova se odnesuvase za osmoletkata.Sepak treba ubavo da se proceni zrelosta na deteto i od roditelite i od strucnite timovi bidejki na nekoi deca im treba podolg vremenski period da se adaptiraat t.e. prifatat novatasredina.Zatoa razmislete sto e najdobro za vaseto dete!
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
17.01.2010, 00:15
Tanja K.
563
Jovanka,zakonot ne e takov.Znaci dali e deteto spremno ili ne,i dali roditelite sakaat ili ne,toa ministerstvoto ne gi interesira.MORA i gotovo.Inaku se slozuvam so tebe ,da samite roditeli ocenat dali da trgne ili ne vo skolo deteto.Kaj nas slucajot bese kompliciran.(ako gledase sabajlevo bebeski prikazni,tema bese bas takov slucaj odnosno kerkami).Zatoa znam deka zakon e zakon,i tuka nema beganje.
17.01.2010, 00:37
jovanka
1745
Lani imav prijateli koj koi deteto na testiranjeto ne pokaza spremnost i gi sovetuvaa toa da go napravat za ovaa godina bidejki bese rodeno vo dekemvri taka da nemase sto da izgubi samo dobija plus vreme koe mnogu im znaci i na niv i na samoto dete.
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
17.01.2010, 21:31
mis.
3845
Во мај месец во градинките доаѓаат педагози и психолози кои ги тестираат децата за да ја увидат нивната способност и зрелост во поаѓањето на училишет.Доколку увидат дека нема способности да посетува училиште тогаш родителите добиваат образложение дека треба уште една година да оди во градинка.Ако се добие зелено светло од педагогот и психологот тогаш детето нормално си оди во школо.
24.03.2010, 20:50
April
1257
леле, не ми се верува дека од септември ќе бидеме прваче има ли уште некое прваче на РР?
24.03.2010, 21:23
April
1257
ИЗВОРНА ПОРАКА: April
леле, не ми се верува дека од септември ќе бидеме прваче има ли уште некое прваче на РР?