Прв пат го однесов во градинка на 9,5 месеци. Пред тоа дома беше ужас, не се заигруваше сам ни една секунда, заспиваше исклучиво со едночасовно нишкање во раце и гласно пеење... Многу ми беше страв како ќе се навикне во градинка.
Првиот ден го однесов во 9, го зедов во 10:30. Вториот ден до однесов порано, пред јадење, околу 8:20. Го зедов во 11. Следниот ден го зедов во 12. И така 3-4 дена во 12 го земав.
Кога го оставав плачеше, ама кога го земав не. Се гледаше дека не плачел, не му беа ни црвени очите ни ништо. После неколку дена остануваше и за спиење, го земав околу 14-14:30, ама ми велеа дека ич не спиел, дури и плачел, не ги оставал другите деца да спијат. Нормално дека нема да спие, кога беше научен само со нишкање и пеење да заспие. Ама немав друг избор, немам кој друг да го чува и го оставав до 14:30.
После 2-3 недели ми рекоа дека заспал и дека спиел 2 часа! Па секој ден си спиеше после тоа, некогаш помалку, некогаш повеќе.
Мислам дека поминаа 2-2,5 месеци додека се навикна сосема на одењето во градинка. Сега не плаче кога го оставам, јаде, спие таму, кога го земам е весел и насмеан... Многу е сменет. Сам си игра дома, не е скржав, дава играчки ако некој му побара. А што е најважно, од 11 месеци спие легнат на спална, јас лежам до него и мижам, па и тој заспива без плачки и нишкање. Само тивко си пееме
Мислам дека релативно брзо и лесно се навикна да оди во градинка.
НАЈНАЈНАЈВАЖНО е да не се откажувате. Нормално дека ми беше жал кога плачеше кога го оставав на почетокот, ама тоа се неколку недели коишто мора да ги издржите.
_____________________________
Live and let live