cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Промените што ги носи бракот!

  
clock-img

23.07.2011, 12:51

clock-img

Viktori

pencil-img

5329


Сите, ама баш сите доживуваме едно исто, кога стапуваме во брак! Нашиот избраник се менува! Најчесто негативно и многу тешко го доживуваме тоа, а богами и не го преживуваме некогаш! Голем број на разводи се случуваат во првата година од бракот.

Најлесно е да го гледаме сопругот, кој е изморен од работа, сака да спие, сака да јаде, работи и состојби кои не не засегале претходно.

А ние? Дали сме ние истите? Дали сме свесни што е брак? Дали сме свесни за промените што ги носи? Што е сменето кај вас?

Темава е општа, колку да бидат информирани идните невести што ги чека user posted image





_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

23.07.2011, 13:46

clock-img

nadica

pencil-img

4381

Промените се големи и кај секој пар различни.


засега толку вечерва на долго и широко ќе се изјаснам на долго и широко user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

23.07.2011, 14:24

clock-img

kuklica

pencil-img

264


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR




Темава е општа, колку да бидат информирани идните невести што ги чека user posted image







eeeeh sega idnite nevesti se sovremeni user posted image se si znaat odnapred i spremni se na teren user posted image
Se salam inace jas edna godina si ziveam so mojot iden soprug svadba ke pravime sega za 2 nedeli i sekako deka dosta raboti se promeneti od vremeto koga bevne vo vrska i togasnite vetuvanja,no posto sami ziveeme ke gledame da vospostavuvame ramnoteza i ponataka za da imame uspesen brak.
P.S. Mislam deka vistinskite promeni ke dojdat so doadjanje na nasteto user posted image

clock-img

23.07.2011, 14:55

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

eeeeh sega idnite nevesti se sovremeni user posted image se si znaat odnapred i spremni se na teren user posted image



колку само ова не е точно, поим немаш user posted image
Гаќи прљави, деца, пелени, свекрви и ручеци, прашина и чистење, уморен маж наместо заљубен дечко, свекрва ми наместо мајка му....Шокови и шокови. Треба промена од начинот на живот до начинот на размислување...Не е баш лесно!

А идните "современи невести" најнеспремни се...


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

23.07.2011, 15:20

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

А идните "современи невести" најнеспремни се...



user posted image user posted image Колку посовремени толку понеспремни, за жалuser posted image user posted image

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

clock-img

23.07.2011, 15:54

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Нормално дека партнерите се менуваат во брак! Колку и да се трудиме да го негираме тоа, не можеме.

Искрено, јас многу се сменив во брак, но и мм, а особено откако се роди Филип. Дома готви мама, мама се грижи за плаќање сметки и ред други работи, сега сами треба тоа да го правиме. Друг е начинот на размислување во брак.

Но не значи дека таа промена во брак мора да биде лоша. Ете на пример мм откако сме во брак е многу сменет, нешто лошо, нешто добро. Порано не го интересираше дали ќе има работа или не, сега ’рмба за да му овозможи нормални услови за живот на Филип. Наместо да си купи нов мобилен, му купува нешто на Филип. Ама знае и да чека на готово ручек, донеси ми да јадам, крени ми (иако ова ретко го прави, ама си има испади).

Заклучок, бракот нас не смени, ама тоа е сосема разбирливо.


_____________________________

Live and let live

clock-img

24.07.2011, 16:48

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Ниту јас, ниту мм не се промени многу, но самите обврски што ги носи бракот, фамилијата, детето го променија нашиот живот. Јас искрено се уште не можам да се навикнам на самата концепција брак, дека треба вака, мора онака, не знам, правам се што треба да се прави во бракот, дома, за сопругот, детето, ама искрено не ме исполнува. Мислам среќна сум во бракот, го сакам мм и детето, ама сепак не го замислував животот вака. Нема да ме разберете, затоа што ни јас не можам да се разберам самата што и како сакам да биде. И што е потрагично не можам да прифатам и да се помирам дека тоа е брак и тоа е животот. На моменти паѓам многу во депресија и разочарување

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

24.07.2011, 19:26

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Сноувајт, и јас се чувствувам исто...Како длабоко во себе да не сум исполнетаuser posted image

Бракот ни носи огроооомни промени. Впрочем, бракот е тотално поразличен од врската! Барем кај нас е така. Кога ме побара мм за жена, јас прво му реков „не“, убаво ни е вака, не сакам ова да престане и да се смени...Како да знаев што ме чека, а тој упорно тврдеше дека се ќе си остане вака, а тој се смени прв, па тоа повлече и промени кај мене. Од мојот романтичен дечко немаше ни „р“ откако се породив и нормално, ладното понашање му премина во навика. Во врска поминувавме 24 часа заедно и малку ни беа, а сега ќе се видиме 15 минути во денот и во тоа време едвај се поднесуваме. Го молам да излеземе и да шетаме, нормално постојано е уморен. Порано се трудеше да ми биде убав и згоден, сега не сака да си ги депилира градите за менеuser posted image Искрено ни јас не се отепувам од вежбање да изгледам топ за негоuser posted image И низа други работи кој не можам сега да ви ги пишам оти ми стои над глава и ме тера да му ставам за јадењеuser posted image user posted image ...а дури бевме љубовници сам го правеше тоа.


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

25.07.2011, 10:42

clock-img

kuklica

pencil-img

264

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања РР


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

А идните "современи невести" најнеспремни се...



user posted image user posted image Колку посовремени толку понеспремни, за жалuser posted image user posted image





user posted image user posted image user posted image mozebi ste imale sansa samo takvi primeri da gledate ZA ZAL


< Поракaта ја уредил kuklica -- 25.7.2011 10:43:09 >

clock-img

25.07.2011, 10:52

clock-img

miana

pencil-img

6152

Нормално дека партнерите се менуваат во брак! Колку и да се трудиме да го негираме тоа, не можеме.

Искрено, јас многу се сменив во брак, но и мм, а особено откако се роди Филип. Дома готви мама, мама се грижи за плаќање сметки и ред други работи, сега сами треба тоа да го правиме. Друг е начинот на размислување во брак.

Но не значи дека таа промена во брак мора да биде лоша. Ете на пример мм откако сме во брак е многу сменет, нешто лошо, нешто добро. Порано не го интересираше дали ќе има работа или не, сега ’рмба за да му овозможи нормални услови за живот на Филип. Наместо да си купи нов мобилен, му купува нНормално дека партнерите се менуваат во брак! Колку и да се трудиме да го негираме тоа, не можеме.

Искрено, јас многу се сменив во брак, но и мм, а особено откако се роди Филип. Дома готви мама, мама се грижи за плаќање сметки и ред други работи, сега сами треба тоа да го правиме. Друг е начинот на размислување во брак.

Но не значи дека таа промена во брак мора да биде лоша. Ете на пример мм откако сме во брак е многу сменет, нешто лошо, нешто добро. Порано не го интересираше дали ќе има работа или не, сега ’рмба за да му овозможи нормални услови за живот на Филип. Наместо да си купи нов мобилен, му купува нешто на Филип. Ама знае и да чека на готово ручек, донеси ми да јадам, крени ми (иако ова ретко го прави, ама си има испади).

Заклучок, бракот нас не смени, ама тоа е сосема разбирливо.
ешто на Филип. Ама знае и да чека на готово ручек, донеси ми да јадам, крени ми (иако ова ретко го прави, ама си има испади).

Potpolno se slagam !!! Od vetuvanjata i od simnuvanjata zvezdi mi ostanaa samo ubavi spomeniuser posted image

clock-img

25.07.2011, 12:26

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Полошо им се пишува на современите невести. Обично тие се погласни, не го кријат незадоволството, бараат рамноправност, а да бидеме искрени мажите не сакаат многу „паметни“ жени. Жените што знаат да му прават циле миле на мажот и што ќе климаат со глава дека е секогаш он у право, што кружат постојано околу него да не му треба нешто, како во турско-поубаво си живеат! А уште капак на се’ да имаш некоја просветлена свеки ко мојата и уште ти со современи сфаќања...охохоооо...кај ти е крајотuser posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Martins mom RR -- 25.7.2011 12:27:15 >


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

26.07.2011, 11:37

clock-img

blond

pencil-img

1268


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Ниту јас, ниту мм не се промени многу, но самите обврски што ги носи бракот, фамилијата, детето го променија нашиот живот. Јас искрено се уште не можам да се навикнам на самата концепција брак, дека треба вака, мора онака, не знам, правам се што треба да се прави во бракот, дома, за сопругот, детето, ама искрено не ме исполнува. Мислам среќна сум во бракот, го сакам мм и детето, ама сепак не го замислував животот вака. Нема да ме разберете, затоа што ни јас не можам да се разберам самата што и како сакам да биде. И што е потрагично не можам да прифатам и да се помирам дека тоа е брак и тоа е животот. На моменти паѓам многу во депресија и разочарување


Исто и овде...

Си го сакам и мм и детето, но некако ми фалат прошетки, излегувања. Не барам лудувања до доцна, ама сакам да излезам и едноставно да се издувам малце.Мм си излегува со друштво (дали до маалска кафана на пивце или пак домашна атмосвера) и не осеќа многу големи промени, ама јас сум таа што е постојано со детето дома и нема време за ништо друго.
Најтешко од се ми паѓа неспиењето заедно. Само за викед спиеме заедно инаку спиеме во различни соби (за да не се буди кога малиот станува за цицање) за да е тој одморен за на работа. А јас кутра сум навикната во неговите прегратки, иако е жешко мене ми фали неговата топлина, го сакам неговото испотено тело до мене и точка. user posted image

clock-img

26.07.2011, 11:50

clock-img

miana

pencil-img

6152

Kazi mi deka ti nedostiga i neka se zrtvuva za tebe..I mojot soprug odese narabota i toa naporna rabota pa spievme zaedno i sekogas toj stanuvase da mi go donese bebeto koga place..Ne e fer da te ostava sama za da se naspie user posted image

clock-img

26.07.2011, 12:02

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Какви промени носи бракот, тоа е чудо едно! па уште и со дете...
јас и мм живеевме заедно неколку месеци пред брак, кој на работа, кој дома, искачање со пријатели секој ден, кафиња. Но откако сме во брак и имаме дете, нема ни дел од погоре напишаното. Дури во последно време забележувам дека и јас и мм ептен се оддалечуваме, живееме во различно време. Јас кога станувам за на работа тој легнува, јас и ќерка ми кога легнуваме тој се фаќа за работа. Знам дека ова го правиме за подобар живот на нашето дете, но едноставно ми фалат тие безгрижни денови кои ги помивувавме, исполнети со љубов и нежност.
А пред да се земеме си ветивме дека кога ќе имаме деца барем еден викенд ќе го поминуваме сами. Но ете 2.5 години тоа не се случило и навистина ми е тешко!


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

26.07.2011, 12:40

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Кај нас среќа што тоа не се промени многу. Ние барем еднаш неделно или преку викенд го оставаме Филип кај некоја од бабите и излегуваме сами! Да не правевме така, мислам дека ќе пукнам! Нема да дозволам да ни се случи, да ја изгубиме блискоста и да се оддалечиме. И за спиењето не ни се промени ништо. Заедно спиеме, бебето до нас во негово креветче. Не сум само јас родител и само јас да не спијам. Покрај многуте промени што ни ги донесе бракот, среќна сум барем ова што не се промени.


_____________________________

Live and let live

clock-img

26.07.2011, 12:49

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

Бракот не ми беше никаква промена, бидејќи и пред тоа живеевме заедно. Вкупно пред брак и во брак живеевме заедно 7 години пред да ни се родат децата. Е од кога се родија децата тоа е веќе друга приказна...Заедно сме си помагаме, ама...за нас време никогаш доволно. Јас многу сакам да готвам, ама од кога се родени скоро никогаш не готвам, си мислам во тоа време или ќе поспијам или ќе си играм со децата. Можеби вилјаеше и тоа што ја сменив работата после 7 ипол години (по моја сопствена желба). Оваа работа ми е многу посигурна, ја сакам и добро ми е, ама платата ми е пола помала од тоа што имав пред тоа, а трошоците дупло поголеми. Мислам дека ништо не можам да си приуштам -- работам многу, долги саати, напорна работа, а не можам ни на еден викенд да отидам до Маврово или до Солун. Тоа многу ме депримира....А последен пат на асално патување сме биле во 2007 кога се шетавме низ Франција, Белгија, Луксембург, Германија. Од тогаш едно чудо пари оставивме во Ремедика, па се родија децата, па само трошоци и трошоци....Мене многу ме релаксираат патувања, излети, викенди на места кај не сум била, а тоа веќе 4-та година го нема...Само покривам дупки и купувам што треба за децата, на тоа ми се сведе животов. Ваљда ќе дојдат подобри времиња

clock-img

26.07.2011, 15:09

clock-img

babyhope

pencil-img

548

И нас бракот не не промени воопшто. Можеби затоа што сеуште немаме дете па обврските ни се исти како и пред бракот- со исклучок на тоа дека сега сами мораме да функционираме и обезбедуваме егзистенција. Искрено сметам дека големо влијание на бракот има претходното предбрачно живеење заедно. Јас го запознав многу подобро мм и неговите навики додека живевме заедно а сеуште не бевме во брак, па можев многу повеќе да влијаам на него и на менување на работите кои ми пречеа. Сестра ми која беше во долга врска со дечкото, кога почнаа да живеат заедно со него, свати дека иако го сака и се одлучила на заедничко живеење сепак не може да функционира со него и да формира семејство. Во заедничкото живеење не се пронајдоа на иста должина па почнаа несогласувања, караници и на крај раскинување. И подобро вака откако несреќен развод доколку се случеше.
Можеби кога ќе се појави бебуле и нашиот однос и темпо ќе се промени но за сега се е по старо.  

clock-img

26.07.2011, 15:19

clock-img

kuklica

pencil-img

264

babyhope

Искрено сметам дека големо влијание на бракот има претходното предбрачно живеење заедно.

Можеби кога ќе се појави бебуле и нашиот однос и темпо ќе се промени но за сега се е по старо.


user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил kuklica -- 26.7.2011 15:22:17 >

clock-img

26.07.2011, 15:19

clock-img

miana

pencil-img

6152

Jas mislam deka i bebeto si nosi nekoi emocii koi sto gi povrzuvaat sopruznicite,takada ne e se tolku loso od kako ke se rodat bebinjata.Sega,normalno e deka nemate poveke vreme kako sto ste imale,nemate tolkav budzet kakov sto ste imale megutoa bebeto nosi mnogu  drugi ubavini..Koga ima ubavi momenti i dvajcata se gledate i uzivate vo toa,koga deteto ( nedaj boze ) vi e bolno samo vie dvajca znaete kako vi e i vie ste si najgolema podrska..Jas sekogas koga imav problemi so malata,koga lezevme na klinika i sl,sekogas si velev : kako li ke izdrzev ako go nemav nego?Ako ja nemav negovata podrska? Koj li ke me svatese kako nego? Mislam deka i decata se dvigateli  za cesti karanici no i za mnogu ubavi momenti koi sto gi spojuvaat roditelite...Brakot ja menuva vrskata i toa bez somnenie,ne e ista ni strasta,ne e isto nisto,megutoa mislam deka treba da bideme sami kreativni i da vnesuvame noviteti vo domot,vo brakot odnosno sekoja promena dobro doaga.

clock-img

26.07.2011, 15:31

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Миана потполно се сложувам со тебеuser posted image user posted image user posted image

clock-img

26.07.2011, 17:01

clock-img

stela

pencil-img

279

Lele ne znam sto poprvo da pisam na temava...Mnogu promeni nosi brakot, posebno odkoga ke dojde nov clen. Taman si se naviknal na obrskite od brakot vo koj se dvajca, zatoa sto i toa ne e ednostavno, no postoi ljubov i toa te dvizi da bides podobar i podobar za sebe i svojot partner, pocnuvas nov zivot, nov pocetok i sakas se da e bez greska, si se dokazuvas i pred sebe i pred nego; nekogas sum si se cudela i sum si se nadminuvala sebe, zasto prethodno naucena tato nosi mama mesi - retko od mene nesto se baralo, posebno poslednite godini koga bev nadvor od doma i od mojot grad, pa koga ke sum si dosla ne sum imala nikakvi obvrski osven svoite: da ucam i da izleguvam; i stasuva naset_o bebule koe tolku mnogu sakav da go imam, da stanam majka (kaj tatkovcite mislam taa zzelba , ljubov i privrzanost otposle se javuva)...togas odnovo drugi obvrski (plus prethodnite), drugi cuvstva, drugi misli i razmisli gi okupuraat nasite mozoci, naset_o sekojdnevie, na starite zaboravas osven na onie sto moras i gi izvrsuvas onaka rutinski i bes nekoja osobena motiviranost ili koncentracija. Moeto sekojdnevie e ispolneto so edni obvrski, negovoto so drugi; i da se spojat ne mozat da se pretocat vo zaednicki...se kako edniot da mu nametnuva na drugiot.
Izminatiov period mi bese mnogu tezok, prvite meseci ne ja cuvstvuvav tezinata (ili ja pottisnuvav zasto druga opcija nemase), no sega veke se mi se nasobra i ponekogas kako da ne se prepoznavam, se plasam vo sto se pretvoram, se cuvstvuvam kako da se mi e izletano od kontrola( site cuvstva, razmisli, zborovi, akcii...)
Veruvam vo ljubov, veruvam vo brak kakov sto   poveketo od nas zenite sme sonuvale (zatoa nie poveke se razocaruvame), perfekcionista sum zatoa golem del od mojata sila ja trosam i na toa da se bide barem priblizno onaka kako sto (treba) sum sakala...se nadevam ke uspeam

< Поракaта ја уредил stela -- 26.7.2011 17:02:27 >

clock-img

26.07.2011, 18:53

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Јас му завидувам на сите оние кои ги прифатиле и се носат со промените од бракот. На пример и завидувам на другарка ми, таа како девојче апсолутно ништо не работеше дома, кога ќе и отидевме на гости, на кафе, мајка и' ни вареше, значи таа не стануваше ни чаша вода да донеси, а откако се омажи, нормално кога нема кој таа почна се да работи и да се однесува како вистинска домаќинка, да ги извршува секојдневните обврски во домот, за детето и се по ред, па дури и навечер пред да се легне често и се случува да прави нешто солено или благо. Ние и се чудиме како толку брзо се промени, и ги прифати сите промени и плус тоа ја гледам дека не и е тешко да го прави сето тоа, дури и со ќеф го прави, исполнета е.
А јас и додека бев кај мајка ми, често чистев, средував низ дома, некогаш правев ручек, за празници и помагав на мајка ми за правење слатки итн, итн и сега го правам сето тоа, ама често и се нервирам и си велам, како да нема попаметни работи да се прават во животот и поинтересни, па мора да чистам...и од чистење, перење, пеглање и други глупости немам време за ништо друго.
А инаку како што кажав и претходно, мм уште пред брак иако неживеевме заедно го познавав каков е и многу не се промени, освен што и тој има повеќе обврски околу фамилијата, па повеќе време губи за нив, отколку за забава со нас, со мене

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

26.07.2011, 23:04

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Мене пак за тоа чистење, перење, пеглање, ич не ми е болка, си го правам тоа без да ми е тешко. Мене ми е мака што односот со мм ни се промени! И не е вистина дека тоа со заедничкото живеење помага во бракот. Ете јас и мм живеевме скоро година заедно пред да се земеме, ама ете тој се промени на полошо. И не ми се присторува, туку навистина е променет и се уште се менува. Дури да се роди user posted image се’ беше ок, на почеток беше присутен и активен во домот, потоа постепено почна да се повлекува од домот и сега е тотално незаинтересиранuser posted image Не знам до каде ќе оди оваа ситуација, ама ич не е на арно. Го гледам човекот ич ама ич не осеќа потреба да поминува време со нас, дури му смета ако го замолам учтиво да ни обрне малку внимание и  предизвикува кавга.
Тоа ти е, никој не ми е крив...


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

26.07.2011, 23:07

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820


ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Мене пак за тоа чистење, перење, пеглање, ич не ми е болка, си го правам тоа без да ми е тешко. Мене ми е мака што односот со мм ни се промени! И не е вистина дека тоа со заедничкото живеење помага во бракот. Ете јас и мм живеевме скоро година заедно пред да се земеме, ама ете тој се промени на полошо. И не ми се присторува, туку навистина е променет и се уште се менува. Дури да се роди user posted image се’ беше ок, на почеток беше присутен и активен во домот, потоа постепено почна да се повлекува од домот и сега е тотално незаинтересиранuser posted image Не знам до каде ќе оди оваа ситуација, ама ич не е на арно. Го гледам човекот ич ама ич не осеќа потреба да поминува време со нас, дури му смета ако го замолам учтиво да ни обрне малку внимание и  предизвикува кавга.
Тоа ти е, никој не ми е крив...



како јас да сум пишувала


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

27.07.2011, 00:05

clock-img

ljubicicaaa

pencil-img

44

јас и моето маже сме во брак речиси една година а претходно живеевме исто една година заедно. Можам да кажам дека речиси се она што го правевме претходно заедно, значи излегувања со пријателите на кафенце, одење на викенд и слично се ни остана исто, можеби затоа што сеуште немаме бебенцеuser posted image Јас си останав иста во секој поглед, но моето маже немате појма колку сум го сменала. еххехе значи сега вари кафенце, сам си ставува за јадење ако јаде сам, ми помага во кујната, оди на продавница, го тресе чаршавот... а замислете од ова претходно ама баш ништо не правел и свекрвица секогаш ми вели:алал да ти е мори невесто user posted image А и искрено немам сеуште почувствувано некои поголеми обврски во смисла плакање сметки, затоа што тоа го прави свекрвица, дај боже да ми поживее уште 100 годиниuser posted image