за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Некаде прочитав дека путерот од кикирики бил пронајден за да им овозможи на старите лица без заби кои не можат да јадат месо да внесуваат протеини. Јас го јадам и купувам редовно затоа што ми се допаѓа во разни комбинации: со мед, џем, малтекс итн. Еднаш сосем случајно Стефан посака да проба и му се допадна. Оттогаш често знае да побара, обично за вечера, "кикирики-џем и јогурт". Порано купувавме КИКИ од Агроплод а сега од грчкиот ПАМИ. Какво е вашето искуство?
05.05.2009, 20:43
Еца
6692
Јас лично не сум го користела,а со оглед на тоа дека и мажот ми не е баш по него,не го купуваме,па кога ќе се подзамислам можеби сето игнорирање на путерот,па и тој од кикирики,е поради малата и алергијата која ја имаме.Но супер што малиот не покажал никаква алергиска реакција
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
17.12.2009, 09:58
mami
8680
Земавме еднаш ама не ми се допаѓа, некако ми е многу нападен и леплив, незнам, не ми се допадна воопшто, па Лука не го ни проба.
17.12.2009, 10:01
arh_diz
7198
jas go nemam nikogas koristeno nitu kupeno . Nikakov puter ne jadam
_____________________________
Биди тоа што си
17.12.2009, 10:17
tereza
784
јас го имам пробано ама се сложувам со мами,и мене не ми се допаѓа баш. Сега скоро немам купувано и не ни го сакам
17.12.2009, 10:22
mami
8680
лелел кај нас стоеше теглата до скоро...мислам дека на свеки и здосади да ја гледа како ја потураме натаму наваму па ја фрли...и не купувам пак, си се вратив наобичниот путер
17.12.2009, 10:26
tereza
784
хехехе и кај мене исто,само јас го јадев,не ми се допадна и го оставив така и мајка ми ги фрли
17.12.2009, 10:30
BILJANA_G
491
Jas nikogas ne sum probala nitu pak mm,ke kupam vo najskoro vreme da probam.Koj e najdobar?
17.12.2009, 10:35
lilit
294
Kupuvavme porano go jadese mm jas samo malku probav zasto imama alrergija na kikiritki pa ne mozam da go jadam a inaku i cuden mi e malku lepliv i taka bez vrska ama mm go saka .
17.12.2009, 10:46
profesorica
5709
мммммм маж ми го обожава а и мене не ми е лош, баш ќе пробам на Дамјан да му дадам.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
08.01.2010, 12:13
Боцко
806
мислам дека е многу тежко да се јаде само путер од кикирики намачкан на леб. затоа, една препорака за сите „скептици“ : пробајте палачинки премачкани со путер од кикирики и џем од јагоди.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
09.01.2010, 13:44
mother 29
4405
ништо посебно
09.01.2010, 14:03
mis.
3845
Купивме летоска од оној на агроплод сегашен свислион и еве го уште стои.Не ми се допаѓа.Јадам само солени стапчиња полнети со кикирики е тие ми се многу убави.
22.06.2013, 06:12
bucko mal
1431
Ajde zenski,bash me interesira shto mislite za puter od kikiriki? Tuka kaj nas mnogu se jade I se preporacuva za bebinja posle 8 meseci Jas ne mu davam na bebevo ama zatoa jas mnogu go jadam,najcesto so med, go mackam na lepce. Golemiov sin I mm ne go sakaat.
22.06.2013, 09:20
Bethany
4534
Многу е калоричен, ама изобилува со протеини, влакна, минерали и витамини.
Лично не го сакам, не ми се допаѓа вкус, вероватно ствар навике. Премногу ми е леплив и густ и сув на вкус.
А чудно ми да се дава на бебиња од 9 месеци баш поради кикирики бидејќи е алерген. Колку што знам тука се препорачува тек од 2-3 години.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
22.09.2014, 17:48
Felly RR
7977
Буцко мал, не сум го видела твојот пост, ама стварно ме зачуди и мене - да се препорачува на бебе Инаку јас најдов еден рецепт за путер од кикирики, ама уште не сум го спремила. 100 гр несолени печени кикирики, една лажица мед, една лажица зејтин и прстофат сол. Сето тоа се става во блендер и се блендира додека не се добие кремаста смеса.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
23.09.2014, 13:39
bucko mal
1431
Da posle 8 meseci se e dozvoleno da se dava.Samo med i kravjo mleko posle 1 godinka.