за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Пушењето е сеуште еден од најголемите проблеми на јавното здравство и најраширена болест на зависноста. Станува збор за епидемија која предизвикува повеќе смртност годишно отколку Сида и Туберколоза заедно. Денес според СЗО во светот умираат 5 милиони луѓе. Доколку не се спречат сегашните трендови на пушење, до 2030 оваа бројка ке достигне 10 милиони.
Главна состојка на една цигара е тутунот. С о согорување на една цигара настанува околу 2 литра чад. Чадот од тутунот содржи околу 4000 хемиски супстанци меѓу кои и ацетон, арсен, метанол, цијанид, амоњак и нафталин. никотинот денес е најраширената дрога на светот. Метаболитички е многу активен. Го менува нивото на хормоните во телото, делува атерогено- го зголемува нивото на масти во крвта- го зголемува крвниот притисок и срцевиот ритам, го амалува дијаметарот на периферните крвни садови.
06.10.2009, 14:56
mami
8680
Здравствени ризици на кои се изложуваат пушачите од двата пола:
- мозочен удар - рак на усна шуплина - рак на грло - рак на грклан - рак на бели дробови - хроничен бронхитис - коронарна болест на срцето - чир - рак на желудник - рак на мочен меур - атеросклероза - леукемија
06.10.2009, 14:58
ostoun
436
Nepusac sum ama mm pusi . Nekolku pati se obidel da go ostavi ama ne mu uspeva
06.10.2009, 14:59
mother 29
4405
кај мене во фамилија ,никој не пуши!
06.10.2009, 14:59
mami
8680
Дополнителни ризици за жена:
- зголемен ризик за мозочен и срцев удар ако жените пушачи користат хормонска контрацепција
- кај трудници може да дојде до пореметувања и оштетувања на плодот
- зголемен ризик за рак на грлото на матката
Мамички ВНИМАВАЈТЕ- веке не сте одговорни само за вашиот живот- туку и за оној на вашето дете, па ако вие се труете не го трујте и него
06.10.2009, 15:02
ostoun
436
Ima majki go dojat i pusat istovremeno
06.10.2009, 15:06
mis.
3845
Порано пушев но не бев некој страствен пушач.Откако дознав дека сум бремена ги оставив и никогаш повеќе не се вратив кај нив.Мм исто пушеше од свои 15 год и еве 8 год не пуши.Кај на излегуваат надвор да пушат бидејќи знаат дека сме непушачи со исклучок на некои несовесни гости.
06.10.2009, 15:07
Mila na mama
1152
Страшна глетка Ostoun!
06.10.2009, 15:10
mami
8680
поодвратно здравје..јас многу и се лутев на снаа ми која додека беше бремена пушеше и уште се криеше од нејзините да не ја виделе и после додека доеше цело време исто..ич не се секираше за здравјето на внуками, џабе беше и зборење и се..кога неа сама не и текнува..а не ми е јасно како можат свесно да си ги трујат децата
06.10.2009, 15:17
Mila na mama
1152
Мами, кога сме веќе кај одговорноста на родителите кои сами свесно им нанесуваат штета на своите деца, сметате ли дека сите се подобни да бидат родители, кој ќе посака може да има дете ама дали е “квалификуван„ за родител?? Можеби веќе има ваква тема?
06.10.2009, 15:19
mami
8680
па немаме колку што знам ама може да отвориме..еве сега ке прочепкам па ке видиме
06.10.2009, 15:21
ostoun
436
Mene mi smeta cadot od cigarite a kamoli na dete
06.10.2009, 18:25
STRUMFETA
566
kaj nas nikoj ne pusi,i navistina sum srekna poradi toa zosto cigarite uzasno mi precat
06.10.2009, 18:27
mami
8680
кај нас пуши само свеки и тоа најчесто надвор, а се нервирам кога ке дојдат гости и без осет си палат цигара, а мало дете седи покрај нив..
06.10.2009, 18:31
Natasha5
830
и кај нас никој не пуши,јас пусев ама не многу но пред да забременам ги откажав повеке од година не пушам и супер се чуствувам пред се за моето дете.И ако дојдат гости кои пушат јас си ја носам јана во другата соба каде сто спие .
07.10.2009, 09:37
nadica
4381
пушев и тоа многу ама пред да затруднам се разболев и ги намалив на минимум (3-5 цигари на ден) откога дознав дека сум бремена ги оставив и еве 2 год не ни помислувам да запалам цигара. поради керка ми дома не се пуши гостите ни одат надвор со мм на цигара
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
07.10.2009, 09:48
Adrijana
1301
Jas pusev vo sredno i posle malku na fakultet, ama ne sum bila nekoj strasen pusac, poveke bilo onaka vo drustvo ili od dosada ( glupavi pricini), i gi imam ostavano nekolku pati bez problem. A posleden pat zapaliv cigara pred godina dena uste od pred da ostanam , i super mi e, sekogas mi bilo podobro bez cigari. A sto se odnesuva za pusenje doma, pusea do pred 1 mesec, ama posto belevme i cistevme za bebusot, i + krevetceto ni e namesteno, vo nasata soba nema sansi da se zapali cigara, mm si gi vodi gostite na terasa i tamu se pusi.Jas mislam podobro e da se stavi red na toa uste sega dodeka bebuska ne ni se pridruzila, za posle veke ke se ima navika.
_____________________________
07.10.2009, 09:52
big_mama817
1331
јас сум непушач и навистина ми смета димот од цигарите и неможам да ги разберам лугето кој пушат во присусрво на деца особено бебиња
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
11.10.2009, 22:11
T@TE
2
Jas imam problem so zena mi ona e mnogu strasten pusac so se probav da ja odviknam ama ne mi uspea. Najtragicno e toa sto pusi pred kerka mi a taa ima samo 11 mes. Znam deka ako i zabranam ke pusi mozebi i poveke samo ke se krie od mene. Ve molam kazete mi ako znaete kako bi mozel da ja odviknam od pusenjeto od vase iskustvo
12.10.2009, 00:56
nadica
4381
т@те лек нема само силна волја
и јас бев страствен пушач и велев дека за ништо на светов не би ги оставила цигарите па ги оставив а ако се правда дека ќе умре без цигара само потсети ја дека ОД ЦИГАРА СЕ УМИРА ПУШЕЊЕТО УБИВА никој не умрел за цигара
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
12.10.2009, 00:59
sakibukic
137
Јас бате пушев по три кутии ама сега не пушам иќ.Само воља и ништо друго
12.10.2009, 00:59
Natasha5
830
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica
т@те лек нема само силна волја
и јас бев страствен пушач и велев дека за ништо на светов не би ги оставила цигарите па ги оставив а ако се правда дека ќе умре без цигара само потсети ја дека ОД ЦИГАРА СЕ УМИРА ПУШЕЊЕТО УБИВА никој не умрел за цигара