за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Во четврток нашата градинка организира Есенски продажен базар, во склоп на кампањата - Здрава храна за детство без мана. Мотото на Базарот е Здрава храна, здраво дете. Родителите се поканети да учествуваат во кампањата со свои изработки на здрава храна (од интегрално брашно, овошје, зеленчук, зимница, овошни колачи и пити со зеленчук), кои ќе ги достават во градинката, па ќе бидат изложени и понудени попладнето на Базарот.
Во какви работилници се вклучени родителите низ другите градинки, и колку ги посетувате и учествувате во нив?
03.12.2013, 10:05
Mihaela 2010
4230
Nie sega skoro imavme vo nasata gradinka rabotilnica,no za zal jas ne bev izvestena od strana na ucitelkata,doznav od koga gi vidov slikite tuka na ringeraja i kaj edna majka na FB.. bas ubava druzba,dodeka majkive nesto pravele,decava se zabavuvale,imalo po 3 roditeli od sekoja grupa,dodeka drugive decinja si bile vo svoite zanimalni(za mene ova e glupo)edni da se zabavuvaat a drugi da nemaat pojma sto se slucuva...no mozebi konceptoto na tie rabotilnici se takvi... koga mm ja prasal ucitelkata zosto ne ni e preneseno taa rekla deka gi povikala onie roditeli koi bile vtora smena na rabota...mislam opravdanievo ne i e ok,posto od kaj znae ona mozebi jas mozam da zemam slobodni nekolku casa od rabota???
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
03.12.2013, 18:43
Felly RR
7977
Навистина се изненадив Михаела од ова што го напшиша. Секако дека не е фер, ни коректно кон децата ни кон родителите. Ако се организира работилница треба сите родители да бидат известени, па кој може ќе дојде. Исто и со дечињата, ако имало дојдено тројца родители, па воспитачката затоа е тука да си организира како ќе и тече работилницата и како ќе ги вклучи сите дечиња. Кај нас до сега имало неколку работилници - првата есенска, не можев да појдам, ама на сликите видов и М кажа дека сите дечиња работеле заедно, наредната беше за движење во такт на музиката, нешто како мала приредба. Ние родителите не бевме нешто многу вклучени активно во работлницата, значи не беше класична работилница, е сега ќе имаме една и за Нова Година, па ќе видиме како ќе биде таа.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
03.12.2013, 19:18
Snowhite RR
5042
Работилници во нашата градинка се организираат за детсакта недела, оваа година и јас учествував, само за родители беше, без деца, после украсите што ги правевме се продаваа и другите две се една пред нова година и мислам дека има една пред Велигден
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
04.12.2013, 00:18
Felly RR
7977
А која е поентата родителите да дојдат во градинка за да работат без децата??? Стварно ми нема логика.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
04.12.2013, 11:08
Mihaela 2010
4230
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
А која е поентата родителите да дојдат во градинка за да работат без децата??? Стварно ми нема логика.
I mene ne mi e jasno...roditelive da se zabavuvaat a decata u zanimalna da si dremat... Vo red e da ima nekolku roditeli,normalno nema site da gi vikaat no bi trebalo spored mene site decinja da bidat tamo,da ucestvuvaat da pomagaat kolku mozat,a ne da dojdat samo onie deca cii roditeli se prisutni
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
04.12.2013, 14:45
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
Во четврток нашата градинка организира Есенски продажен базар, во склоп на кампањата - Здрава храна за детство без мана. Мотото на Базарот е Здрава храна, здраво дете. Родителите се поканети да учествуваат во кампањата со свои изработки на здрава храна (од интегрално брашно, овошје, зеленчук, зимница, овошни колачи и пити со зеленчук), кои ќе ги достават во градинката, па ќе бидат изложени и понудени попладнето на Базарот.
Во какви работилници се вклучени родителите низ другите градинки, и колку ги посетувате и учествувате во нив?
Значи во оваа група кај што е сега Никола, известувањето за вакви работилници е на многу лошо ниво. Еве јас и за ова и за предходната работилница кој абеше пред некоја недела дознавам на РР, хе хе преку помалата клешка на Никола. Стварно катастрофа. Лани за секоја работилница не информираа и лично и имаше огласено. Сега изгледа кој разбрал е работава. Дај те молам информирај ме, хехе. Треба нешто од дома да направиме, и да го однесеме сабајлето во градинка, па попладне ќе биде изложено?
30.10.2014, 14:04
vezilka RR
4931
Денес во градинка имаме работилница за изработка на играчки кои ќе се подаруват на други дечиња. Еве јас се спремам да одам, ама пошто креативноста не ми е на некое ниво, си земав полуготови материјали од Џамбо, и таму само да ги залепиме. Инаку повторно известувањето е на ниско ниво. Вчера го залепија соопштението за денес. БАш се неорганизирани.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
30.10.2014, 14:13
sandriana RR
2924
Јас со бебево не можам да одам на работилницата, па сношти со Т изработивме играчка од прирачникот на РР од ланската Прегратка на дар и утрово ја однесе во градинка. Во врска со известувањето, и мене вчера ми кажаа - навистина не е на време извастувањето, сепак треба човек да се подготви и организира на време.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
30.10.2014, 14:18
AnnaMolly RR
6409
Ние ќе имаме работилница на тема Железнички сообраќај. Глупости, не знам од кај тоа сега, наместо за есен или слично. Ќе правиме вовчиња и шини.
_____________________________
Live and let live
31.10.2014, 15:53
miana
6152
Незнаев дека има ваква тема - Еве ја нашата изработка од работилницата
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
04.12.2014, 22:36
Felly RR
7977
Кај нас минатиот месец имаше работилница - сечење со ножички и геометриски фигури, но не успеав да присуствувам, бидејчи бев на работа. Затоа овој месец па ете ќе надокнадам на две работилници. Денес ни беше едната - Подарок за другарче, па изработувавме кутивчиња/честитки кои дечињата си ги подаруваа едено на друго и при тоа да се научат да си кажат - благодарам, повели, и сл. На крајот и нас, родителите кои присуствуваме, не изненадија учителките со една преубава честитка. за учителките!!! Секогаш имаат интересни идеи!!! Сега ја очекуваме наредната - новогодишна работилница.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.