ИЗВОРНА ПОРАКА: Saturn
Научив со време да простувам, всушност од секогаш сум била склона кон помирување. После тоа се чувствувам супер, кога ќе го средам односот со блиска личност. Е сега ако не ми е некој омилен лик, ако не ми е нешто посебно близок нема да се потепам да подадам рака. Но ако е некој од „моите“ луѓе не сум мирна дур не се смириме. И да, прифаќам рака за помирување. Никој не е совршен, луѓето имаат мани, слабости, некако знам да ги разберам и да простам. И на мене ми простувале
Простувам, прифаќам извинување, подавам рака кога ми е пуштена речиси во сите случаи (секако се' што е можно да се прости, заборави и премине преку тоа)) кога знам дека лицето навистина се кае, тешко ми е, се чувствува и забележува тоа.
Ми се случило и мене со сосетка, другарка од средношколските години да се скарам и замерам и по извесно време да се смириме и тоа неколку пати. Се повтори тоа неколку пати, но повторно истите работи - крај. Кога ќе се сретнеме се поздравуваме, но остана само на тоа - секоја од нас има свој живот, различен пат, различен карактер е, поинаква визија за животот има.
Многу толерирам, но кога ќе се прелие чашата ... Едноставно некои луѓе не се менуваат, не знаат дека често "несвесно" повредуваат други, не ценат што некој направил за нив, брзо забораваат дека некој бил тука 24 часа дневно за нив, со тек на време те забораваат (ако дошле било како едно скалило погоре од претходно)... Сфаќаш дека не можеш да бидеш пријател со нив и се повлекуваш. Ќе си речеш не мора да е дружењето како порано, може и на дистанца, но не е баш така... Или се дружиш или не - не е можно привидно пријателство. Како што кажа Везилка - кога еднаш нешто ќе се скрши тешко се лепи, а па со постојано кршење и лепење ...
Често се случува другар/ка од детството да ти сврти грб, а другар/ка кој/а си ја/го запознал подоцна и го знаеш пократко време да ти биде поголем пријател - неразделен.
Примам и простувам, но ако човек не се променил пак и истото го повторува - се повлекувам.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...