cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Реклама или вистина?

clock-img

24.07.2009, 09:16

clock-img

mami

pencil-img

8680

Сите онакви пробиотски производи како Активија ништо не регулираат, ниту подобруваат. Црниот чај од Липтон не ја подобрува концентрацијата а реклами за бенефитот што бебињата и децата го имаат од капсулите со рибино масло, се жива лага, покажува масовното истражување на Европската агенција за безбедност на храната.

Општиот заклучок на студијата на EFSA (European Food Safety Authority) е дека потрошувачите се измамени да веруваат дека овие производи ќе ја подобрат нивната исхрана и трошат милиони евра на истите.

Агенцијата ќе направи анализа на околу 4.000 производи а до сега цензурираше над 50 заради правење на непоткрепени тврдења на нивното пакување или реклами.

"Ја испитувавме науката која компаниите ја рекламираат за да ги поддржат своите производи, и во голем број случаи откривме дека таа не го поддржува тоа што тие го тврдат," изјавил портпаролот на EFSA.

Списокот на цензурирани веројатно ќе бил поголем, но неколку компании, како Нестле и Унилевер одлучиле да ги повлечат своите производи од процесот на верификација на агенцијата. Според аналитичарите, тие веројатно чекаат шанса да лобираат за олеснување на правилата пред повторно да ги дадат своите производи на верификација.

Од испитувањата се повлече и Даноне кој годинава се очекува во Британија да продаде 640 милиони канчиња Активија и 480 милиони шишенца Актимел. Пред повлекувањето, Агенцијата ги отфрли тврдењата на повеќе производители пробиотски продукти, дека можат да го подобрат општото здравје на желудникот.

По ова од Даноне дадоа крајно уверувачка изјава зошто се повлекле.

"Повлекувањето на никој начин не става сомнеж на исправноста на науката која стои зад нашите производи," изјавил портпаролот на Даноне.

clock-img

26.07.2009, 16:31

clock-img

mami

pencil-img

8680

не знам што да кажам. И ми се верува и не ми се верува..зошто некој би трошел толку пари за реклами кои се лажни и кои кога тогаш ке се откријат? а од друга страна па и држи вода- за продажба се ке се направиuser posted image

clock-img

26.07.2009, 16:52

clock-img

milijana

pencil-img

323

Go znaete vicot za covekot koga otisol kaj Sv.Petar i ovoj mu ponudil dve kaseti.Na ednata za rajot kade sto luge setaat vo beli obleki,a drugata so pekalot kade sto ima igranje, zabava, zeni.Covekot se odlucil za pekolot, pa koga go grabnale gavolite vo ognot pocnal da vika po Sv,Petar deka e izmamen..a ovoj mu viknal :-Ti, ne si cul za reklama??
Luge, odamna se znae zosto starite nasi pretci ziveele po 90 god.a denes ne lazat deka toa bilo od cistiot vozduh sto go disele.Toa ne e tocno.Tie ne znaele za kecap, majonez, vestaski boi, aromi vestacki sokovi.Tie piele voda, postele, jadele proizvodi od nivite, zelencuk, ovosje, riba.Toa e zdravjeto na covekot. Kolku sakas bidi na cist vozduh,ako nemas zdrava ishrana, nisto ne pomaga.Imam eden komsija koj sekoj den jade meso.Toj nema ni holesterol, ni masnotii vo krvta.Negovata tajna e sto ne jade margarin.Zimno vreme salo ke namacka na peceno lepce, ama margarein nikako!Hemoglobinot mu e 16,a postojano raboti vo pole i na sonce. I rakija pie, kafe.Neznam sto da kazam.vazno edno e jasno..nie ne se hranime zdravo.Reklamite se prepolni so lagi.Se sto sum kupila od reklama..nisto ne cinelo..posebno prasok za perenje. Reklamata e edna golema laga, samo rano e..i uste ne ni ide umot.decata pocnaa masovno da oboluvaat..a uporno se kupuvaat nezdravi namirnici,.Na eden sajt procitav na intrenet deka E101..i dr takvi napisani na proizvodite bile znak za nezdrava hrana.Daj boze da se osvestime i da ne bideme tolku zavisni od reklamite.Pozz

clock-img

22.01.2010, 14:30

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Дали верувате во рекламите? Дали после некоја реклама имате навистина желба да го имате тој производ, таа облека, накит, да се промените?user posted image

Се верува дека до својата 17-та година жените имаат видено приближно 26.000 рекламни спотови врзани за естетика и мода. Проблемот е што тие реклами прикажуваат идеални жени, дигитално обработени, нашминкани, совршенство без мани.

Кај некои жени рекламите можат да предизвикаат чувство на инфериорност, незадоволство, чувство дека не се убави, непосакувани, дека нешто им недостасува. Тие почнуваат да не го сакаат своето тело и себе си воопшто.user posted image

Рекламите влијаат и на мажите!!user posted image ..па така ќе забележите маж - исфарбан, нашминкан, парфемисан, со ташничка на рамо...user posted image user posted image

Дали рекламите се позитивни или негативни? Како влијаат врз вас?

< Поракaта ја уредил profesorica -- 22.1.2010 14:31:23 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

22.01.2010, 14:32

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Jas mnogu mnogu ne veruvam vo reklamite. Eve ke vi kazam slucaj pred 1 godina mislam bese . Imase reklama na maski parfem i sega pokazuva kako koga ke se namirisa deckoto se lepat devojki na nego. Nekoj decko kupil da proba i nisto potoa ja tuzese firmata za lazna reklama,

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

22.01.2010, 14:41

clock-img

Mammy

pencil-img

337

Бидејќи 7 години работам во маркетинг, јасно ми е што е реклама, а што вистина..па нормално и јас сум користела многу трикови за нашите реклами, но според законот за заштита на потрошувачи, веќе не смее да се прикрива вистината..тоа е конкретно за банките.

Меѓутоа во однос на храна и козметика, многу е важно каде се произведува производот, и за кој пазар е наменет.На пример Пантен шампон кој ние го купуваме тука во нашите маркети, како и Пантен на пример купен од Грција. Разликата е огромна, така да нема ништо конкретно и апсолутно, се зависи од многу работи.

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

clock-img

16.10.2013, 11:58

clock-img

miana

pencil-img

6152


ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Дали верувате во рекламите? Дали после некоја реклама имате навистина желба да го имате тој производ, таа облека, накит, да се промените?user posted image

Се верува дека до својата 17-та година жените имаат видено приближно 26.000 рекламни спотови врзани за естетика и мода. Проблемот е што тие реклами прикажуваат идеални жени, дигитално обработени, нашминкани, совршенство без мани.

Кај некои жени рекламите можат да предизвикаат чувство на инфериорност, незадоволство, чувство дека не се убави, непосакувани, дека нешто им недостасува. Тие почнуваат да не го сакаат своето тело и себе си воопшто.user posted image

Рекламите влијаат и на мажите!!user posted image ..па така ќе забележите маж - исфарбан, нашминкан, парфемисан, со ташничка на рамо...user posted image user posted image

Дали рекламите се позитивни или негативни? Како влијаат врз вас?




Незнам јас како влијаат рекламите на нас,ама оваа рекламата за ФИНЕТИ што ја давааат по ТВ ,и те како е успешна.. Децава дома секој ден ми бараат ,а јас нема кај не влегов и во секоја продавница продавачките зачудени,прашуваат - Што реклама ке беше таа? Одма им се потрошиле..И сите со истиот муабет - ааа нема од тие,одма се потрошија..БРаво за ФИНЕТИ,преубава реклама направија.Така се работи.. Сега ке одам до веро да се обидам да најдам за да не ми се разочараат децата пак user posted image

clock-img

16.10.2013, 12:49

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

И кај нас Финетите направија бумuser posted image user posted image Ќерка ми збесна за нив,едвај ги пронајдов цел град го превртив,и на крај само се израдува со гумата за бришење и толку,финетите не ја бендисаа ...user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

16.10.2013, 15:32

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Јас малку како од Марс падната... Што се тоа Финети? Да не е нешто со еурокрем и играчка? Филип цела недела ме гњави ми вика „Мамо купи ми ги тие што ги гледав на телевизија еурокрем со играчка“. Тоа да не е? А баш сечудев на што мисли детево, во нашите маалски продавници нема тоа што бара зашто го однесов во трите и ми вика нема тука такво :)

_____________________________

Live and let live

clock-img

16.10.2013, 15:48

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Ана Моли јас изгледа сонародник сум ти, из Марса.user posted image Поим немам за рекламава, не сум видела, а тие такви со еурокрем и играчка девер ми и купил на Ј пред една недела и воопшто не ги бендиса, нит играчката ниту нив. Ние па изгледа дека не ги бараме стално пред очи ни излегуваат. Секаде ги има, а јас не знае дека се толку популарни.user posted image

< Поракaта ја уредил elenak RR -- 16.10.2013 15:55:32 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

16.10.2013, 21:01

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Еее земјаци,јас па од вас слушам за овие,а навистина што се??? Ете луѓето фина реклама си направиле,ама уште да имав време да ја гледам

clock-img

16.10.2013, 21:07

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

И јас ја имам приметено рекламава, ама дека ми беше смешна, јади и играј , така нешто user posted image

Во секој случај не ми се допадна, ниту ме привлече позитивно, ама ете дечињата ги сакат user posted image

По мене ово би можело и да оди во рекламни промашувањаuser posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

17.10.2013, 00:58

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Јас прво ги видов во продавница на каса беа и баш ја прашав продавачката што се и таа ми кажува, го поткренав и ја прашав колку има внатре, две се бркаат? Се насмеа и ми вика Па ете гледаш колку има. После тоа ја видов рекламата, среќа М не ја видел ни рекламата ниту па тие во прдавница, зашто нема шанси да дадам пари за такво нешто

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

17.10.2013, 14:17

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ај да ви кажам за М, како ја протолкува една реклама - од најлепше жеље, со ѕвездичката што е. Течи песната и го даваат она „...вкус на ванила...“ и таа вели: Е, како ванила, лажат, нема ванила.
Па на крај нешто велат - децата знаат што сакаат. Таа: Децата сакале, како не. Не сакаат децата. user posted image Ме изнасмеа кога ја слушав, а таа ја гледа рекламата и коментира. Значи само реклама, нема вистина.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

17.10.2013, 16:36

clock-img

deluxe

pencil-img

2479


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Јас малку како од Марс падната... Што се тоа Финети? Да не е нешто со еурокрем и играчка? Филип цела недела ме гњави ми вика „Мамо купи ми ги тие што ги гледав на телевизија еурокрем со играчка“. Тоа да не е? А баш сечудев на што мисли детево, во нашите маалски продавници нема тоа што бара зашто го однесов во трите и ми вика нема тука такво :)





Toa се како бисквитчиња да ги мачка во еурокрем,и другата врста се како ролерки полнети со еурокрем.Спаковани се во чаша со прозирно капаче и одозгора има подарок гума за бришење во разни формиuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

Последни статии

article-img