за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Кои реклами ги обожаваат вашите деца? Без разлика што прави во моментот, Дамјан „полудува" кога ќе чуе најава за вести, рекламата за Vip, рекламата за Bimilk i Eксклузив. Мислиш ќе полета од среќа .
< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 30.9.2009 15:32:40 >
30.09.2009, 14:33
profesorica
5709
Дали мислите дека треба да се забранат рекламите за брза храна наменети за деца?
Влијанието на ТВ е преголемо, брзата храна е штетна како и пушењето а рекламите за цигари се забранети, децата лесно потпаѓаат под влијание на рекламите и се неискусни да ја сватат измамата.А од друга страна ако им ги елиминираме искушенијата како ќе им се развие воља самостојно да донесуваат одлуки ?
Според мене децата можат да јадат чипс и слатки а родителите одлучуваат дали ќе им го дозволат тоа.Можеби ако родителите им забранат одредена храна на децата,тие во подоцнежниот период ќе чувствуваат потреба од неа
Што мислите вие?
Кои други реклами мислите дека ако се несоодветни треба да се забранат?
< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 30.9.2009 15:53:37 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
30.09.2009, 15:52
big_mama817
1331
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica
Дали мислите дека треба да се забранат рекламите за брза храна наменети за деца?
Влијанието на ТВ е преголемо, брзата храна е штетна како и пушењето а рекламите за цигари се забранети, децата лесно потпаѓаат под влијание на рекламите и се неискусни да ја сватат измамата.А од друга страна ако им ги елиминираме искушенијата како ќе им се развие воља самостојно да донесуваат одлуки ?
Според мене децата можат да јадат чипс и слатки а родителите одлучуваат дали ќе им го дозволат тоа.Можеби ако родителите им забранат одредена храна на децата,тие во подоцнежниот период ќе чувствуваат потреба од неа
Што мислите вие?
Кои други реклами мислите дека ако се несоодветни треба да се забранат?
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
30.09.2009, 16:59
nadica
4381
има неколку реклами кои кога се емитуваат може и да ја разбудат да ги изгледа и да продолже да спие на пр:миа сокови, добра вода, а1 најавни шпици, 5+,...
а за несоодветни има ама сега во моментот не ми текнува
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
30.09.2009, 23:49
daniel
209
najmnogu go gleda reklamite za sokcinja
08.01.2012, 14:19
Bububebe
564
Кога на тв оди рекламата за Беколино,кефој е
08.01.2012, 15:00
Pepelaska *
3820
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bububebe
Кога на тв оди рекламата за Беколино,кефој е
Исто и моето ужива и се шлапка исто како бебето, а и не трепка на оне тотал пакет рекламата, на 30 години бекутан, на скоро сите од вип, смоки смокич, фанта , настани на денот на сите вести и го обожава тркало на среќата од ова не е реклама ама кога почнува и вика папппапааа како Игор
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
08.01.2012, 15:21
Martins mom
3342
Ги гледаме сите реклами, без исклучок и сите ги знаеме напамет Под влијание на рекламата за Маги, многу често кога ќе се заигра знае да си кажува „Го ставаме пилешкото, малку кромид, компири...Маги сочно од рерна“
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
08.01.2012, 15:53
Luci
2250
М. до пред месец дена лудуваше на шпицата за вести на Канал 5, ќе полеташе од столче кога ќе ја чуеше.Е сега моментално интересна му е рекламата на Беколино Инаку сите реклами ги гледа без да трепне, дури ако стојам пред него се поместува лево десно за да гледа во тв
_____________________________
Рани куче да те лае!!!
08.01.2012, 16:25
Felly RR
7977
Матеа пак на таа од Бекутан, кога ќе ја слушне, одма станува и почнува да скока. Исто како што се радуваат и дечињата на рекламата. Исто ги сака смоки-смокич, и од фанта сите.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
08.01.2012, 18:44
Snowhite RR
5042
Леле 3 дена главата тапан ми се направи од рекламата Елко елко од Пелистерка каде пеат Елена, Ламбе, Орхидеја и Жаре, ја најдовме на јутјуб и само тоа гледа и пее и тој повторува на памет ја научи. Од другите реклами најмногу за Фанта и што знам други, слабо гледаме, зашто мене претежно на фокс лајф ми е пуштен тв или на џим џам. А да и онаа што е за Фиат мислам беше, која почнува Разбуди се, доста спиеш и сега многу пати ќе му текне од нигде никаде ќе ми рече, Буди се, дота пиеш
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
08.01.2012, 18:51
Felly RR
7977
Е и таа ја заборавив - Елко, елко, ама таа заедно си ја пееме.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
13.01.2012, 12:53
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###
и го обожава тркало на среќата од ова не е реклама ама кога почнува и вика папппапааа како Игор
Хе,хе..и Никола го обожава Тркало на среќата..и најавната шпица од онаа хрватската серија Лара или така некако се викаше. Иначе реклами сите ги гледа без исклучок..остава се и се „лепи“ во буквална смисла на зборот, за ТВ.
13.01.2012, 13:08
AnnaMolly RR
6409
Филип најмногу ја сака рекламата Ма, Миле! Кај си бе Миле? Трча за да ја гледа и кога ќе заврши обавезно вика Баво! Оваа од сон го буди. Друго, ја сакаа таа за Оне со Дедо Мраз, Беколино, Пелистерка со Жаре Бербер и Елена и останатите, и Лото гледа. Кога ќе почне лото вика Топкииииии! И се црта пред телевизор да гледа.
_____________________________
Live and let live
13.01.2012, 19:17
mamamoni
492
Го зема далечинското и вика пуци кама ( пушти реклама) , најмногу ја сака од Бекутан
_____________________________
Daughters are another version of yourself, but only better !
13.01.2012, 19:27
Maca25
7558
И Нина ја обожава таа со Миле, кај си бе брат што и да прави одма престанува кога ќе ја чуе рекламата и ја повторува после по цел ден. Еден ден се враќам јас од работа и она ме пречекува со: Мамо, кај си бе брат! од кога не сме се виделе!!! будаличка моја.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
13.01.2012, 20:03
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR
Леле 3 дена главата тапан ми се направи од рекламата Елко елко од Пелистерка каде пеат Елена, Ламбе, Орхидеја и Жаре, ја најдовме на јутјуб и само тоа гледа и пее и тој повторува на памет ја научи. Од другите реклами најмногу за Фанта и што знам други, слабо гледаме, зашто мене претежно на фокс лајф ми е пуштен тв или на џим џам. А да и онаа што е за Фиат мислам беше, која почнува Разбуди се, доста спиеш и сега многу пати ќе му текне од нигде никаде ќе ми рече, Буди се, дота пиеш
А заборавив да кажам дека еднаш се „отепа“ по рекламава Елко елко, ама буквално, беше седнат т.е. стоеше на столче качен пред компјутер нешто гледаше и на Тв ја пуштија рекламава Елко елко и тој кога ја слушна, одма натаму се сврти за да оди да ја гледа, заборави дека е качен горе и кога падна од тоа столчето, се исчука во ѕидот, мене ми беше многу смешна случката, тој плачи, јас се смеам, мм вика по мене што се смееш, ама стварно беше смешно
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
13.01.2012, 22:33
nadica
4381
на беколино, фанта, смоки смокич,... и најтазе и е од К-15 „цацко измислил топла вода-е не мајкати а измисли“
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
13.01.2012, 22:58
Viktori
5329
јас овој одмор го блокирав телевизорот со пин, па нема ништо гледање. Освен фоксот, кога не се тука другариве и јас се одвикнав додуша да зевам у телевизор. Инаку не мислам дека рекламите се корисни за нешто воопшто, туку баш може да се види нивната мозочноперачка способност кога деца што не знаат да зборат, го кажуваат цел дијалог од рекламите.
Се смеам, ама кога ќе размислам каква моќ имаат, језа ме фаќа....
< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 13.1.2012 22:59:41 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
14.01.2012, 00:08
Џесика
2036
Леле значи на рекламине цели ритуали... од пусти зорт морав да купам шампон беколино и млеко за тело, и сега секогаш кога ќе ја пуштат одма ги бара и ги споредува со тие на рекламата и таков цел горд... ГИ ИМАМ! И кога ќе ги видам у сред дневна ми иде да ги исшутирам... и на оние од Теа колорс не трепнува.
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
14.01.2012, 22:48
*viva*
36
kaj si mile bekolino fanta.like like smoki smokic se toa na pamet se znae
21.02.2014, 10:26
princessa
1056
Nas ni e hit reklamata za mlecnite prozvodi na Sutas, koga ke ja slusne pocnuva vednas da ja pee i da igra. Isto ja saka i reklamata za munchmallow i sega ne mi teknuva koi drugi gi obozavase porano. A mene mi ima ostanata vrezana vo glava kako dete reklamata za zacinot Dafinka mi se cini na vitaminka, koga tendjerinjata zboruvaat
21.02.2014, 23:23
Snowhite RR
5042
И нас моментално за суташ ни е аκтуелна, дуρи го слушам пρеѓе ја научил на памет, а пρед неκое вρеме ја саκаше за Бρонлес сиρупот, не мρднуваше додеκа ја гледаше, еднаш се мочκаше и ја слушнал ρеκламата и еве го дотρча, леле ρече со κашлицата ми почна
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
21.02.2014, 23:34
Defne90 RR
1991
Значи рекламата со суташ им е хит моментално на многу деца.И кај нас помалото не мрда додека трае и цело време игра.Поголемиот некако ги батали рекламите во последно време,нема некоја која што може да му го привлече вниманието ама кога беше на таа возраст како помалото сега многу ги сакаше рекламите за фанта со тие малите човечиња што играат.Не мрдаше со уво додека траеја.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
21.02.2014, 23:41
deluxe
2479
На мојот син единствено рекламата за Ладна вода(со дечињата ) му задржува најмногу внимание,тогаш застанува мирен,и не клепнува со очињата.Сега кога е збеснат и не го фаќа место кога го хранам,на лап топ му ја пуштам на Јутуб,и така јадеме со децата
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “