cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Ретинопатија

clock-img

15.05.2009, 15:59

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Ретинопатија на предвремено родени деца е болест на мрежницата која може да предизвика слепило. Децата кои ќе ја развијат имаат склоност и кон други очни заболувања. Со контрола може да се открие и успешно да се лечи, како би се спречило понатамошно оштетување на окото. Најзначаен фактор за развој на ова заболување е недоносеноста. Како други причини се сметаат малата породилна тежина, апаратите за дишење ако се користат повеќе од една недела, сепса, трансфузија на поголемо количество крв, крвавење во мозокот, нарушување во развојот на белите дробови и на бронхите. Децата што ќе го развијат ова заболување имаат поголеми шанси да добијат и други нарушувања на очите. Со ран скрининг на окото, како и со редовни контролни прегледи, болеста може да се открие и да се лекува.
Најчеста причина за развивање висок степен ретинопатија, која во најголем број случаи завршува со трајно слепило, е ненавремената дијагностика.


Она што ме натера да ја отворам темата е Малиот Александар 

http://www.vest.com.mk/?ItemID=2509BB7177B96C43A561552AABA134DD

< Поракaта ја уредил Elena -- 15.5.2009 16:03:04 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

16.05.2009, 13:41

clock-img

biba

pencil-img

50

Ovaa prikazna za mliot Aleksandar navistina me potrese,no da e samo toa detence,uste kolku takvi aleksandrovci ima....i jas znam za nekolku decinja koi poradi tie nenavremeni pregledi maka macat so poremetuvanja na ocite i koj e tuka kriv? Tesko na tie roditeliuser posted image

clock-img

21.10.2009, 15:42

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

Ретинопатијата на недоносените деца (РН) е болест на мрежичката на окото што може да предизвика слепило. Најзначаен фактор за развој на ова заболување е недоносеноста. Како други причини се сметаат малата породилна тежина, апаратите за дишење ако се користат повеќе од една недела, сепса, трансфузија на поголемо количество крв, крвавење во мозокот, нарушување во развојот на белите дробови и на бронхите. Децата што ќе го развијат ова заболување имаат поголеми шанси да добијат и други нарушувања на очите. Со ран скрининг на окото, како и со редовни контролни прегледи, болеста може да се открие и да се лекува.
Пред 15. недела од бременоста мрежичката кај плодот нема крвни садови. Тие почнуваат да се развиваат во периодот од 15. до 18. недела. Процесот на развој на крвните садови во носниот дел на мрежичката завршува во 36. недела, а во слепоочницата во 40. недела.
За да се открие и лекува ретинопатијата, многу важно е да се направи преглед на очите кај недоносените деца. Првиот преглед се прави од четвртата до шестата недела по породувањето. Потоа се повторува на секоја една до три недели се додека не заврши развојот на крвните жили. Ако се дијагностицира ретинопатија, лекувањето почнува кога ќе се достигне т.н. праг на РН. Во овој случај интервенција треба да се направи најдоцна за 72 часа.
Ретинопатијата е најчеста во периферниот дел на мрежичката. Можноста да се јави ова заболување е поголема ако плодот е млад и има мала породилна тежина. РН се развива кај 66 отсто од децата што се раѓаат полесни од 1.250 грама, а кај 82 отсто од новороденчињата што се полесни од 1.000 грама. Кај децата родени од 23. до 26. недела зачестеноста на РН е 65 отсто, а кај родени во 27-28 недела, 38,3 отсто.
Точниот механизам за развој на РН не е познат, но се смета дека таа се развива во два чекори. Почетното оштетување настанува поради намален крвен притисок, намалено или зголемено количество кислород, што предизвикува стегање на крвните садови, намалување на дотурот на крв во мрежичката и нарушување на нормалниот процес на развој на крвните садови. По овој стрес, жилите може да се развиваат нормално или, пак, да растат абнормално. Новите крвни жили се пропусливи поради што предизвикуваат отоци и крвавење во очите.
Лекувањето се изведува со уништување делови од мрежичката што немаат крвни жили. Се применуваат две постапки - криотерапија и ласерска фотокоагулација. Криотерапијата буквално значи лекување со смрзнување, а до 1990 година била единствена постапка за лекување РН. Постапката вклучува смрзнување на периферната мрежичка преку очниот ѕид. Се изведува под локална или општа анестезија.
Ласерската фотокоагулација се прави со диода или аргонски ласер. Оваа постапка подобро се поднесува од криотерапијата, бидејќи има помал број несакани ефекти. Ласерското лечење може да предизвика појава на катаракта, но степенот на ризик се уште не е утврден. Се смета дека катарактата поретко се развива кога фотокоагулацијата се прави со диода, а не со аргонски ласер. Одвојувањето на мрежичката делумно или потполно се лечи и по хируршки пат.

clock-img

30.11.2009, 15:46

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Никој не знае колку бебиња завршуваат со оштетување на видот

Колку од предвремено родените бебиња на Клиниката за гинекологија во Скопје завршуваат со ретинопатија , односно сериозни проблеми на очната мрежница, во оваа здравствена установа не знаат, зашто бебињата ги пуштаат дома без да им се дијагностицира болеста.

Тоа што ретинопатијата не ја откриваат лекарите, туку родителите откако децата ќе ги прегледаат во странство, од кои некои завршуваат со слепило и не им помага ни ласерското лекување, гинеколозите и очните лекари си ја префрлаат топката едни на други.

Офталмолозите, пак, се правдаат дека тие ги прегледуваат децата и дијагностицираат ретинопатија, но зошто во отпусното писмо од Гинекологија на бебињата, на кои подоцна им се утврдува болеста, не стои дијагнозата, не им е познато.

Дел од педијатрите кои сакаат да останат анонимни, пак, сметаат дека за појавата на ретинопатија кај предвремено родените бебиња многу е важно дозирањето на инкубаторот со кислород.



< Поракaта ја уредил Еца -- 30.11.2009 15:56:42 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

03.02.2010, 21:21

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

Од пред некој месец се прави редовен скрининг на предвеме родените деца на ГАК во Скопје со цел рано дијагностицирање и корекција на РОП. Првиот преглед се врши во 36 гестациска недела па потоа уште два пати на секои две недели  (до 40 недела).
Кога на Јана прв пат и правеа скрининг беше сеуште во болница. Нејзиниот прв преглед беше добар но имало девет дечиња на кои им било извршено ласерска корекција. За среќа корекцијата се врши веднаш и постапката трае неколку минути.

clock-img

17.04.2010, 16:24

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Вечер во Ходници ќе зборуваат за Ретинопатија.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

17.04.2010, 16:26

clock-img

dragana_vane

pencil-img

263

Vo kolku casot se Hodnici. na A1 bea neli?

clock-img

17.04.2010, 16:29

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Па не знам точно после вестите на А1.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

12.01.2011, 19:50

clock-img

hany

pencil-img

14

moeto bebe e predvreme rodeno,potocno vo 32g.n.,od inkubatorot imase nekoi problemi mu se pojavi retinopatija,koristevme kapki za ocinjata i za sreka se izleci bez nikakvi problemi,kontrola ke pravime na skrining koga ke napolni 4god

clock-img

12.01.2011, 21:50

clock-img

mila mama

pencil-img

1616

ИЗВОРНА ПОРАКА: hany

moeto bebe e predvreme rodeno,potocno vo 32g.n.,od inkubatorot imase nekoi problemi mu se pojavi retinopatija,koristevme kapki za ocinjata i za sreka se izleci bez nikakvi problemi,kontrola ke pravime na skrining koga ke napolni 4god




Bravo Hany! Se nadevam i togas se kek bide vo red! user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

clock-img

12.01.2011, 23:50

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

И мене ми е мило што твоето малечко поминало со капки. Мојата ќерка е исто така родена во 31 недела и помина низ сите тие прегледи и контроли додека комплетно не и се разви мрежата од капилари. Деновиве треба да го направиме последниот скрининг.

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

clock-img

19.05.2012, 08:23

clock-img

Nardi

pencil-img

50

Da ve prasham dali nekoj cul za NEVANAC kapkite za oci?
D-r Bekim Tateshi ni gi prepisha na posledniot skrining.
Ke ve molam nekoj ako ima iskustvo da mi pishe,zashto upatstvoto na kapkite e zastrasuvacko.

clock-img

17.09.2014, 18:38

clock-img

nataly86

pencil-img

534

Здраво мајки крајно сум изреволтирана од тоа што ми се случува..на клиника им беше направен скриниг на 22,08 ни рекоа за две недели на контрола...само што си дојдовме дома се јавив на телефонот што ни го дадоја да закажам за срининг...ми одговорија дека докторот е на одмор да се јавам од понеделник.....понеделникот се јавувам истиот одговор докторот е на одмор од понеделник...пак дојде понеделник се јавувам е сега сестрата била на одмор од понеделник,,,се јавувам пак и ми вели ке си закажите преку мој термин....мене user posted image откако добар монолог одржав испадна дека не треба преку мој термин туку сеуште сестрата е на одмор...

Е сега моето прашање беше..што ако сестрата го користи цел одмор тоа значи дека нема прегледи месец и нешто???? одговорот од понедлник,,, Дали и порано имало вакви случки?? Како се одвувало со закажување..колку време се чека?? Бидејќи ние место по две недели контролата ке ни дојде после месец..можеби нема место за паника но мислам дека со овие деца нема простор за случајности...
Крајно понеделник ако пак ми речат на одмор е некој се јавувам кај директорот на Очна клиника да ми кажи колку време се користи годишен одмор и дали само еден доктор и една сестра прават скринг

Извинете за долгиот пост но крајно изреволтира сум

clock-img

17.09.2014, 19:26

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

За скрининг во бременост ако треба плус контрола не закажуваш пак преку мој термин туку тој ден кога е докторот одиш кажуваш дека е контрола и ќе влезеш.Така и направи тој ден кога е он пред врата

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

17.09.2014, 19:57

clock-img

nataly86

pencil-img

534

Би му отишла така пред врата па ако треба и кај директорот но со две мали деца да се кревам од БТ до СК на не закажано ми е некако глупаво..самиот пат е катастрофа и мислам дека е нив им е малтретирање по сите дупки и тресења..стварно не знам што е паметноо

clock-img

17.09.2014, 21:49

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Тогаш звони и некако најди ја сестрата и објаснии дека е контрола и се останато две деца,патот.. биди упорна ,само така ни функционира здравството

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

24.09.2014, 14:21

clock-img

nataly86

pencil-img

534

Дали има некоја мајка која била на контрола за ретинопатија во скоро време??? ме интересира дали треба упат???за петок ни рекоја на контрола а сега ми текна за упат а не прашав..

Последни статии

article-img